Македонија изминатата вечер ја погоди голема трагедија во која животот го загубија над 50 лица, а над 100 се повредени во пожар кој избувна во дискотеката „Пулс“. На социјалните мрежи се објавуваат и лица за кои се бара информација и помеѓу нив е 25-годишниот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров. Станува збор за фудбалер кој е поранешен младински репрезентативец и потекнува од Кочани.
Во кариерата Лазаров беше дел уште од Работнички и Тиквеш во Македонија, но и хрватските Рудеш и Горица од каде што се врати во македонскиот фудбал.