Во болниците низ Скопје се донесени повредените лица од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што може да се забележи од видеото на ТВ21, пред влезот во болницата „Наум Охридски“ има повеќе роднини и пријатели кои со неизвесност чекаат да слушнат дали токму тука се примени нивните најблиски.