Пред македонската Амбасада во Бугарија синоќа се собраа граѓани за да изразат сочувство кон жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани.

Во амбасадата пристигна и отповиканата амбасадорка Агнеса Руси Поповска, која искажа благодарност до Бугарија за пружената помош. Во амбасадата ќе биде поставена и книга за жалост, каде граѓаните ќе можат да изразат свои сочувства. Од Здружението додаваат дека со цел да обезбедат поддршка за сите засегнати, обезбедени се следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21:00 часот, македонско време:
+359886007837
+359886007767
+359886007197