По трагедијата во Кочани, согледувајќи дека во овие моменти на болка за сите нас е важно да останеме обединети, ја отворив Книгата на жалост во Собранието, за да им овозможам на граѓаните да изразат сочувство, емпатија и солидарност. Книгата почнувајќи од утре и следните шест дена ќе биде отворена од 10:00 до 19:00 часот. „Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж ова да биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание.
Трагичниот настан во Кочани и загинувањето на околу 60 млади момчиња и девојки е последниот аларм за сите политички и општествени фактори – време е да се вратиме кон себе, кон нашата хуманост и конечно да се издигнеме како феникс. Да ја обновиме оваа држава од почеток, но врз основа на ПРАВДА, ЧЕСНОСТ, ЧИСТА СОВЕСТ и ИСКРЕНОСТ. Семоќен Боже, смилувај се на нивните души, а твојот мир и милост нека ги обземат нивните најблиски и сите граѓани на државата.“