66-годишен жител на Скопје вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од петмина напаѓачи во близина на Бит-пазар, соопшти МВР.
„На 16.03.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје, Ш.И.(66) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Ш.А.(29) од Скопје и уште четири други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.