Откако синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше во посета на повредените од Кочани, се огласи лекарската фела со критика, дека кај луѓе со изгореници не смее да има таква гужва.
„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници, без трошка политика во коментаров мој, изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили. Од срце благодариме за цела помош, најискрено, ама немојте ова“, напиша тој.