Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер (над 60км/час.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 10°C. Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10°C. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст.