9.8 C
Скопје
29/03/2025 08:42
МАКТЕЛ

    

Сотир Габелоски: 59

      

Пишува: Сотир Габелоски

После Фросина, не очекував дека повторно и толку скоро ќе пишувам за црнила… а, црнила насекаде. Болката немерлива, шокот трае. Како да сме во кошмар и сакаме некој да не’ штипне, па да се разбудиме и да се издишиме од олеснување. Но, не! Оваа не е кошмар, ова е реалност во која ниту сега, ниту било кога ќе можеме да поверуваме, а долго ќе се прашуваме како успеавме да стигнеме дотука. Ама, ќе мораме. Реалноста е таа, неодговорноста си го наплаќа цехот, замижувањето ги зема своите жртви. Не’ дозна светот по лошо. Македонија завиена во црно се појави на Си-Ен-Ен, ги видовме микрофоните на Јуроњуз (Euronews) на терен, соседите информираат како трагедијата да се случила на нивно тло. Она што можеби се’ уште не го разбираат овие светски и регионални медиуми, е што со превез на очи сме повеќе од 30 години. Свесното слепило зеде 59 животи.

   

„До кога вака?“ е прашање без одговор. Ама боли прашањето не само затоа што одговорот навестува дека овие црнила траат и стануваат се’ поцрни. Црно е од 16-ти март, зацрнети ни’ се душите, мислите се тапи, желбата уништена, а надежта го напушти овој простор. Вчера се разбудивме со информација за прегазен пешак на пешачки премин во Скопје. Има ли крај? Што згрешивме толку за сето ова да го трпиме, а невините души да оставаат траги по секој наш чекор? Овој текст сакав да го напишам за да испратам порака, да ве повикам вас и да се повикам самиот себе на акција. Видовме дека за нас од дното има подлабоко дно, од бездната има и поголема бездна. Дајте на овој бескрај да и’ го видиме крајот и да тргнеме нагоре. Да направиме чудо.

Мојот повик за акција се однесува на секојдневниот живот. Тоа може да бидат протести. Гледаме како Србија чекори кон добивање на вистинскиот одговор и не се откажува. Но, има и нешто што напоредно треба да го правиме покрај протести и маршови. Ајде да го промениме нашето секојдневно делување на нашето опкружување и на самите себе. Да бидеме подобри едни кон други, да не се расправаме на семафор, да не се фаќаме за очи за најбанална причина. Ајде, да се обидеме да бидиме трпеливи и толерантни. Ако видиме некоја неправда на улица, ако почувствуваме закана, ако видиме неправилности додека патуваме да спроведеме акција – да не пишуваме на „Фејсбук“, туку да пријавиме кај соодветна институција и да си ја завршиме нашата граѓанска должност. Така да вршиме притисок врз институциите да си ја сработат работата, затоа што станавме луѓе кои се задоволуваат со објавување на социјални мрежи, а не со вистински граѓански активизам.

Дајте да не се расправаме на партиска основа. Да водиме дискусија на аргументи, ама кога станува збор за безбедноста и иднината на државата да биде сите граѓани во еден табор, наспроти сите партии. Да ги охрабриме и пофалиме помладите за нивните успеси, но и да ги поддржуваме додека стигнат до нив. Да бидеме комшии кои си помагаат, лошиот збор да го замениме со трпение, да ја погледнеме и другата страна и да ги земеме во предвид туѓите чувства. Системот е во ерозија, тоа е така. Но нашите лоши мисли, избрзани постапки и напнатоста која ја носи животот, воопшто не го подобрува системот уништен од корупција и мито. Токму напротив. Неопходно е да ги промениме нашите карактери со цел тие да бидат слика на добро, борбено, критика, квалитет. Да направиме уште многу работи кои наизглед се мали и неважни, а кои всушност се големи и суштински, за да видиме промена на состојбите во нашето секојдневие.

Всушност, ве повикувам и покрај оваа болка да почнеме нешто ново за нас и нашата држава. Свесен сум колку сложено ова звучи во вакви околности, но чувствувам дека немаме повеќе избор. Знам дека е тешко да се охрабриме кога се’ што се случува прави да се обесхрабриме. Немаме избор, драги мои сограѓани. Тешко ни’ е. Плачеме, а нашата Македонија е толку убава, иако уништена од човечка рака. Повикувам на акција која ќе го подобрува секој ден од нашите животи. Апелирам оваа болка, обесхрабреност и безнадежност, да ја претвориме во светлина под македонското сонце.

Некако мораме. Друг избор немаме.

  

Најново

Кочани: Последното предупредување | ИРЛ

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти ќе разговараат и за локалните избори

Sase Ivanovski

Зеленски не признава долгови кон Америка

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Апелација го укина обвинението за убиството на малата Данка

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Собранието

Sase Ivanovski

Стрелките на часовниците одат еден час напред, почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и дождливо, можно е невреме

Sase Ivanovski

„Неканетиот гостин“ Џеј Ди Венс од Гренланд ја нападна Данска дека не вложува во островот

Sase Ivanovski

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Sase Ivanovski

Трамп назначи политичар со српско потекло за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер ја натепал на паркинг во Аеродром

Sase Ivanovski

Вучиќ: Добивме ново одложување на американските санкции кон НИС за 30 дена

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Делчево-Пехчево- Берово, се чистат одрони

Sase Ivanovski

ОО ДОМ Охрид: Против уништување на јавниот здравствен простор – „Маларична“ мора да остане во служба на граѓаните

Sase Ivanovski

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Извештајот на ММФ говори за катастрофалното владеење на СДС/ДУИ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Младите од Западен Балкан усвоија Декларација, бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

Северна Македонија станува дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Sase Ivanovski

КОНКУРС “ЈАС, ИТАР ПЕЈО”

Sase Ivanovski

Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

Sase Ivanovski

Разобличување на кампањата насочена против граѓанското учество во јавниот собир на иницијативата „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

Sase Ivanovski

МУРТЕЗАНИ: 7,96 милиони евра се наменети за директна буџетска поддршка

Sase Ivanovski

597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Кривична пријава за даночно затајување      

Sase Ivanovski

Јавен повик за финанска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Која е земјата Мјанмар која е вест на денот со огромен земјотрес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....