9.8 C
Скопје
29/03/2025 07:01
МАКТЕЛ

    

Кога мажите плачат во Кочани

      

Ова не е моето Кочани. Таму сега е многу мачно, напрегнато, како затишје под црни облаци, само што не експлодирал голем кијамет. Мајки во црни шамии редат, мажи плачат. Страшно

Секогаш кога одам во мојот роден град нешто ми затреперува во срцето. Ме обзема некоја топлина, некое необјасниво чувство на возбуда, цела галерија на слики од најраното детство. Во Кочани ги паметам сите ридови и долови, камењата и ѓоловите во реката, која некогаш беше поголемка од сегашното поточе што тече низ градот. Добро се сеќавам на комшиите кои ни беа повеќе од роднини, на другарите од детството, уште им ги знам имињата и прекарите, ја паметам како да беше вчера мојата прва учителката во „Раде Кратовче“ Даринка Романова , која „ме описмени“,  кладенецот во Башчел’ко од кој ја пиев најубавата вода, базенот во кој научив да пливам. Го паметам полето со оризови ниви со најубавата зелена боја на светот.

Во овие денови на шок од големата трагедија во Кочани ми дојде на ум бабицата која ја породила мајка ми и која прва ме држела во рацете. Пред повеќе години ја запознав на мостот во центарот на градот. Ме запре ненадејно возрасна непозната жена. „Чекај момче“, рече, „застани малку, да те прашам нешто. Дали си ти син на Зада?“ „Да, јас сум на Зада и на Сами“. „Личиш на мајка ти“, рече. „А, која сте вие“ прашав. „Јас сум бабицата што те породи, те познав по мајка ти“. Ме изгушка, ме бакна, радосна како да сретнала свое дете. „Поздрави ја мајка ти од бабицата. Кога дојде од Црна Гора во Кочани беше најубавата жена. Одевме на корзо да ја видиме“. Боже, си реков тогаш, каква средба. После ми кажаа дека во тоа време Бабицата го довела на свет половина Кочани. Таа во Кочани е легенда. 
Каква асоцијација да помислам на бабицата која пораѓала мајки во скудни времиња баш во денови на тага. Што прави такви далги мозокот кога му доаѓа на човек очај на душата. Кога го јадат јанsи. Зошто бе, зошто се случи тоа злосторство да изгорат деца. Ги гледам  апокалиптичните слики на ужас, на траор, на црнила, на тага што никогаш не ги бев видел. Деца од градот на моето детство ги проголта пламен, изгореа во оган велат 59 и уште 150 се повредени, а многумина во животна опасност.

Си играме комар со животот

Најтешко повредените се преземени во други земји, не можеме сами да ги лечиме, како што не можеме ништо сами да направиме. Сѐ треба некој да ни помага. Сме имале оделенија за изгореници, сме имале и добри лекари ама сме ги затвориле оделенијата, а лекарите си го нашле чарето кај што не затвораат болници и училишта. Затоа отворивме илјадници коцкарници низ цела Македонија. Затоа си играме комар и со животот кога сите губат, а малкумина добиваат. Затоа без големи тешкотии се отвараат диско клубови во штали и разни импровизориуми кои секој викенд се полни со деца. 
Во една таква штала алчни луѓе без да ги обезбедат сите законски услови за работа ги изгореа децата како гламњи, а едни други кои требаше да ги заштитат, да го спречат ова злосторство не го направија тоа, зафатени во своите битки за власт и привилегии. Сега, како големи праведници велат дека ќе ги казнат сите виновници три децении наназад што палат деца во штали, што ограбуваат, што земаат данок во крв, што брзо се богатат, за многумина уште побрзо да осиромашат.

   

Ова не е моето Кочани. Таму сега е многу мачно, напрегнато, како затишје под црни облаци, само што не експлодирал голем кијамет. Мајки во црни шамии редат, мажи плачат. Велат кога мажите плачат се случуваат страшни работи.

Нема куќа, нема човек, старо и младо што не е во тага, во гнев. На секој му заминал некој близок, син, ќерка, внук, внука, роднина, другар, комшија. Зошто, зошто, зошто ги убивте децата, кој е тој што не ја спречи трагедијата, а требаше тоа да го направи – тоа се залудни прашања на гневот. Го гледам таткото што го изгубил синот единец како во очај се тресе и плаче на сет глас прашувајќи се што ќе ми е животот сега, како да живеам без синот. Па камен да си ќе пукнеш од мака, од тага, од јад, од гнев.

Исплашени политичари бегаат од одговорност

Денес ми дојдоа внуците. Го гасам телевизорот и ги гледам со едни други очи како никогаш до сега. Ми прелетаа преку глава црни мисли. Дедо, ти плачеш. Не, реков, ми влезе нешто во очите. Замолкнаа. Знаеаја што се случило. Дедо, познаваш ли некого од  децата што загинаа во Кочани. Ги знам сите, реков и не додржав. Ќе одам за Кочани, морам да бидам таму. Рипнаа синовите, ни за жива глава, нема да одиш. Ми ги земаа клучевите од колата. Рекоа ќе одиме заедно деновиве. Се повлеков во мојата соба. Додека ја затворав вратата го слушнав внукот што го носи моето име како го прашува татка си. Навистина ли дедо ги познава сите. Не, не ги познава ама таков е тој, кој знае какви мисли му дојдоа во главата гледајќи во вас. Беше тоа првата наша снеубавена средба.

Си заминаа молкум, пак го вклучив телевизорот, мобилниот и лаптопот, гледам, читам слушам,  што да видам, исплашени политичари бегаат од одговорност, аналитичари, новинари, нешто кажуваат, прашуваат, имало или немало лиценца за да работи шупа како диско клуб, била или не била дозволата фалсификат, кој ја издал кога ја издал, кој е виновен за трагедијата, овие што се сега на власт што не спречиле, или претходниците.

Сите виновници ќе ги фателе за уши и ќе ги суделе, ќе имало брза и праведна истрага за сите злодела без оглед на партиска, национална и верска припадност. Ќе имало и морална и кривична одговорност. Кривична експресно, а морална по девет месеци откако ќе бидат затворени сите виновници и мафиози, па потоа народот на избори ќе кажал кој е крив, а кој е прав. Види мајката, како ја разбирал моралната одговорност нашиот премиер по обратен редослед.

Нема пауза во почитување на законите

Морална одговорност премиере значи оставки на најодговорните лица во надлежните институции истиот момент по трагедијата. Тоа е морален чин без оглед дали има директна  вина, или не, дали се девет месеци на власт, или еден ден. Нема пауза во почитување на законите и правилата за работа. Неотповикливата оставка во вакви случаи се поднесува за да се гарантира непристрасна, неселективна, транспарентна истрага на надлежни институци, истрага  која нема да има влијание за попречување на вистината и за криење на доказите. Само на тој начин може да ги стигне правдата вистинските виновници. Вака како што осмислил премиерот Христијан Мицкоски дека тој ја прифаќа целата одговорност, ама по девет месеци кога ќе ги уапси сите мафии и мафиози во Македонија ќе поднесе морална одговорност и ќе оди на избори за да каже народот кој е крив, а  кој е прав.  Тоа е морбидна предизборна кампања.

Притоа премиерот Мицкоски непрестано повторува да не се политизира случајот. Па има ли поголема политизација ако кажуваш дека наназад 30 и кусур години сите биле виновни што не функционираат институциите на системот, само тој и неговата влада и надлежните институции се невини бидејќи се на власт само девет месеци. Па нека погледне Мицкоски малку околу себе, можеби ќе препознае најмалку десетина кои беа единаесет години на власт, а некои и повеќе, а некои и осудувани. Колку функционери на високи позиции и колку советници има Мицкоски од тие што вика дека ја довеле државата во ваква состојба во изминатите три децении.

Кому ќе му се случи народ

Само пред неколку дена премиерот со недоличен јазик на носител на таква функција се закани на носителите на правосудниот систем ако не поднесат оставки како морален чин без оглед што е тоа противуставно и незаконски по нивната колективна интерпелација во Собранието, дека ќе им се случи народ, дека лично ќе ги предводи протестите. Може ли сега нему да му се случи народ ако во Македонија не зарѓале пумпите, ако има и кај нас кој да пумпа.

Да се игра на картата на застрашување на јавноста има граници кога пука филмот. Еден ден кога мажите плачат по изгубените чеда, кога гневот расте стравот исчезнува како со рака однесен. Е, тогаш, е тогаш… кога навистина ќе се одлучува какво им било минатото на претходните и она оваа власт ќе слушаме други приказни кои почнуваат со зборовите ние не знаевме, дека е така.

Е, сега би требало да знаете дека не можете да кажете дека не сте знаеле, или дека ве излажале, дека некој над вас ви вршел притисок. Убаво погледнете ги во законите вашите одговорности пред било што да кажете и направите за заштита на виновниците поранешни и сегашни во кочанската, македонска трагедија. Се разбираако во Македонија  е можно да се дојде до правда и кога ќе изгорат луѓе.

Само што го завршувам текстот стаса одговорот на ова прашање од мојот пријател кој будно ја следи и истражува со децении македонската сцена од разни агли. Мислам дека го дал вистинскиот одговор. Еве што ми пишува и со негова дозвола го објавувам:

Потребен ни е општествен ремонт

„Трагедијата во Кочани и не само оваа се случи како резултат на комбинација на корупција од средно ниво во институциите и партиско-политички манипулации на злоупотреби на моќта од една страна и капиларната корупција од друга страна. Капиларната корупција е онаа корупција која функционира на микро ниво во општествени капилари во институциите на системот. На пример, некој службеник треба да ве запише во некој регистер за што се чека и повеќе од една година ви бара 200 евра за да ве запише преку ред. Тој вид на корупција кој е дел од менталитетот и на поткупувачот и на поткупениот е практично невозможно да се искорени. За него е потребна долгорочна стратегија за менување на менталитетот.

Стратегијата може да даде видливи резултати под услов континуирано да се спроведува и да опфати 4-5 генерации што значи нејзино доследно спроведување од најмалку 40-50 години. За тоа треба да се има лидери во серија со визионерски дух. Тоа е можно само ако негувањето на моралните вредности станат дел од образовно-воспитниот систем, од традиционално семејните вредности поврзани со национално колективни вредности и вредности на трудот и културните вредности.

Покрај ова постојат и јавашлукот и менталитетот на неодговорно и непрофесионално работење во сите сегменти и нивоа на општеството. Кај нас има децениска култура на некултура. Нискиот општествен стандард, шупи да се користат како дискотеки и непревентивното делување за одбегнување несреќи. Да, да многу опасна работа е непревентивното делување. Несреќата можела да се спречи. Чекаме нешто да се случи, па нешто да преземеме. Глупави забави без вистинска културна содржина зачинети со дрога, алкохол и други девијации, забава во недела кон понеделник во 03 часот наутро во пресрет на работен ден со малолетници е доволен повод со обична интервенција да се спречи трагедијата. Затоа е неопходно да се преземат континуирани чекори кон општествените девијации корупција и разни злоупотреби и слабости во функционирањето на системот. А во сенка ќе остане ширењето на малограѓанскиот менталитет скуден со духовни вредности кој е одраз на површна филозофија на животот, примитивниот сиромашен простачки дух и не го забележуваме. Од овие причини во рамките на сентиментализацијата ќе се ‘потрошат’ емоции без вистинска емпатија, и времето ќе го втурне настанот во пазувите на заборавот. Потребен ни е општествен ремонт што би му ја дало смислата на животот во подигањето на неговиот квалитет во секој поглед“.

Да пријателе, така е, ама за тоа се потребни државници, како што велите вие, со визија. А, ние имаме само листопадни политичари на кои мандатот им е визија да се збогатат. Кутра Македонија.

 

  

Најново

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Која е земјата Мјанмар која е вест на денот со огромен земјотрес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

Sase Ivanovski

Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Sase Ivanovski

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

Sase Ivanovski

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Sase Ivanovski

Драган Начевски и Индира Кастратовиќ добија нови функции во РФМ

Sase Ivanovski

Чешка го возвраќа ударот на Дубаи чоколадото!!! Ова мене ми личи дека со ракиичка ептен добро ќе иде 🥃

Sase Ivanovski

Филипче со предлог на лидерската: Заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Кумановец нападнал полицајци, се обидел да ги избоде со нож

Sase Ivanovski

Прилепчанка украла платежни картички од нечиј дом, па со нив си купувала

Sase Ivanovski

Додик со пофални зборови до Вучиќ, кој бара од Интерпол да не го апси

Sase Ivanovski

„О2“: Инспекторатот за животна средина излажа за цијанидот во Крива Река, едниот инспектор работел во фирмата порано, а на другиот сопругата!

Sase Ivanovski

НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО ПРВИТЕ 5 НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски најавува убави времиња за Македонија

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ Но нивните заштеди во банките се далеку повисоки

Sase Ivanovski

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Sase Ivanovski

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД ИЗБОРИТЕ НА МАРИН ЛЕ ПЕН? Францускиот Уставен суд може ѝ забрани да се кандидира за претседателка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МЈАНМАР Мост заврши во река, минувачите шокирани од глетката

Sase Ivanovski

Останува куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

Sase Ivanovski

Партиски кадар и поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е директор на „Булмак 2016“ која ја загади Крива Река

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка

Sase Ivanovski

Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО, според германска разузнавачка служба

Sase Ivanovski

Британското Министерство за одбрана истражува безбедносен пропуст – воени документи пронајдени фрлени на улица во Њукасл

Sase Ivanovski

Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија

Sase Ivanovski

Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Наместо со 150 вработени за односи со јавноста, Владата со софтвер ќе следи кој новинар што напишал за неа, а тоа ќе го платат граѓаните

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

ССМ на 2 април излегува на протест

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

Sase Ivanovski
Вчитувам....