Факултетското студентско собрание на Филозофскиот факултет при УКИМ изгласа недоверба на делегатите на УСС УКИМ. Ваквата одлука доаѓа откако на вчерашниот студентски час во чест на настраданите во пожарот во кочанската дискотека се појавија и говор одржаа министерката за образование Весна Јаневска како и ректорката на УКИМ Биљана Ангелова.
„Експериментот со УСС заврши, студентите на УКИМ ќе се самоорганизираат пленумски! Тоа за кое пред деценија студентите се бореа, никогаш не го добија. Наместо автентично претставување на студентскиот интерес го добивме зависниот бирократски лавиринт наречен УСС на УКИМ. Студентите не можат да имаат претставнички тела контролирани од властите и партиите. Независното студентско собрание на УКИМ е хоризонтална самоорганизација на сите студенти на УКИМ. Ова е наш универзитет!“, се наведува во соопштението на студентите од Филозофскиот факултет.