Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до премиерот Христијан Мицкоски.
Од Амбасадата на Турција соопштија дека писмо со сочувство испратил и турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан до министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
– Со длабока жал ја примив веста за лицата кои загинаа и се повредија при пожар што се случи во градот Кочани, Северна Македонија. изразувам сочувство до Вашата Државничка Висост и сите граѓани на братска и пријателска Северна Македонија, на чело со блоските на загинатите, додека ранетите им посакувам брзо заздравување – се вели во писмото од турскиот претседател Ердоган.
Турскиот амбасадор Улусој вчера се потпишал во книгата на жалост отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија за лицата кои ги загубија своите животи за време на пожарот во Кочани. Амбасадорот потоа остварил средба и со државниот секретар на наведеното Министерство, Елена Кузманоска, при што изразил сочуство, како и желби за побргу закрепнување на повредените лица.
– Турција како и во минатото, секогаш е подготвена да му помогне на пријателскиот и братски народ на Северна Македонија, се наведува во соопштението од Амбасадата.
Во Амбасадата на Турција, знамето е спуштено на пола копје, во знак на почит