9.8 C
Скопје
29/03/2025 06:55
МАКТЕЛ

    

Бранко Героски: Кога улицата ни прави „систем“ и дели „правда“, секој еден навистина може да е следен – следна жртва на манипулатори и некадарници

      

Ништо не значи тоа кога протестираме против „систем“. Или против било каков „колектив“. Ништо не значи кога бараме „колективна одговорност“, така само ја криеме индивидуалната одговорност, така ги криеме виновниците за трагедијата и за состојбите. Кога земаме камен в рака за да истераме „правда“, всушност, правиме најголема неправда. Протестот без јасна цел и без јасна артикулација води во хаос. Македонија е мала земја, ама со големо срце. Народот во оваа земја е добар, емпатичен, кроток. Има еден збор кој ги опишува овие особини заедно – убав. Да, ние сме убав народ. Сите го велат тоа. Но, кога е потребно – а во овие години на мачна и сè уште незавршена транзиција од претполитичко во демократско општество, навистина тоа често беше потребно – тој ист убав народ знае да го крене гласот, да се бунтува и громко да бара промени. Сведок сум на сите тие настани цели четири децении. Можам слободно да кажам дека во моментите на големи тензии и превирања, кога народот на улица бараше мир, ама и војна, правда, но и смрт за некого, во тие клучни моменти кај убавите луѓе во мојата земја сепак се будеа разумот и свеста дека улицата не смее да не одведе во бездна и така да го запре макотрпниот процес на изградба на едно цивилизирано, праведно, демократско и организирано општество.

Да не бидеме водени од злонамерници и недоветници Вознемиреноста, гневот и огоречноста поради трагедијата што се случи во дискотеката на смртта во Кочани се чувства што ги споделуваме сите. Тие поттикнуваат на акција, на протест. Та не би биле луѓе да не е така. Но, не би биле ни тоа што сме, одговорни и стамени луѓе, ако дозволиме нашиот револт да биде изманипулиран од злонамерници или недоветници, кои сакаат правдата да ја земат во свои раце, кои поттикнуваат линч и хаос и кои имаат скриени политички агенди. Од сопственото искуство знаеме дека уличната „правда“ е неправда. Ширењето дифузен гнев и неартикулирана негативна енергија води само кон блокада на институциите, од чии перформанси ионака не сме задоволни и во „мирнодопски“ услови. Во овие три ипол децении имавме такви ситуации, на кои не сме горди. Се сеќаваме на моментите кога некои луѓе, во име на некое свое разбирање на правдата и на оправданоста на револтот, правеа многу грозни нешта за кои немаше оправдување – демолираа дуќани и цели улици, линчуваа луѓе, палеа цркви и џамии … Да да, треба да сме свесни дека и тие тажни и срамни моменти се дел од историјата на овој убав народ. Не постои „колективна одговорност“, тоа е замајување! Овој пат не смее да ни се случи такво нешто. Не смееме нашите емоции да бидат изманипулирани од луѓе кои сакаат да ни кажат дека сега е време да се бара некаква „колективна одговорност“, да се казнат „сите“ и дека само така секој еден немало да биде следен. Не, не и не! Токму обратното е – ако дозволиме улицата да создава свои „закони“ и да дели „правда“ по некои свои мерила, обеснажувајќи ги така кревките институции, тогаш е речиси сигурно дека во една таква хаотична ситуација секој еден навистина може да биде следен – следна жртва на манипулаторите.

   

Институциите мора да добијат шанса Четири клучни факти укажуваат дека народот овој пат мора да им даде шанса на институциите. Прво, здравствениот систем – таков каков што е, тромав, можеби и корумпиран и во секој случај несовршен – успеа од себе да го извлече најдоброто и на унесреќените да им пружи итна и квалитетна медицинска помош, во здравствените институции во земјата, но и во странство. Второ, органите на кривичниот прогон поведоа масивна операција за утврдување на кривичната одговорност на сите лица инволвирани во случајот. Таа акција опфаќа повеќе од 20 лица и засега се води строго по правилата на игра, одговорно а не одмазднички, точно така како што треба да биде во едно општество во кое граѓаните би требало да имаат многу поголема доверба во правосудството од сегашните 2 отсто. Трето, постои јасно изразена политичка волја да се спроведе жестока акција за инспектирање на сите локали во земјава и конечно да се воведе ред и поредок. Таа акција заслужува јавна поддршка. И четврто, имам впечаток дека постои некакво премолчано разбирање меѓу владејачките партии и опозицискиот СДСМ да се избегнуваат погубните политички манипулации, кои можат да доведат само до хаотична состојба. Тоа меѓусебно разбирање, за кое се надевам дека навистина постои и дека ќе потрае, е многу важно за враќање на мирот и на спокојството во земјата.

И ние сме дел од системот што не ни чини Па сепак, наспроти сè, сите сме со чувството дека нешто недостасува, дека секој од нас треба да направи уште нешто. И јас го имам тоа чувство, се разбира, не само како родител на дете на онаа возраст за која велиме дека е „критична“ и изложена на вакви предизвици, туку и како новинар кој има одговорност кон своите читатели. Од каде тоа чувство? Еден од нашите понови колумнисти (Методија Анѓелкоски) тоа убаво го објасни во својата колумна со наслов „Кога гневот не е доволен“. Ние сме сепак добри, одговорни, стамени луѓе и чувствуваме дека одмаздата не е правда и не може да биде никаква утеха за ненадоместливите загуби. Системот се состои од закони, од правила, од институции, но ништо од сето тоа не постои без нас, без секој од нас поединечно. Затоа, чувството на вина кај секој од нас ги надвладува чувството на огорченост и потребата да се излезе на улица и да се дели улична „правда“. Да повторам, не постои таква правда. Таквата правда е – неправда. Не постои „колективна одговорност“. Тоа беше измислица на поранешниот систем, во кој живеевме со децении. Одговорноста секогаш е индивидуална, таа секогаш има име и презиме. Секој протест против „системот“ како апстрактен ентитет е манипулација и ширење дифузен страв и гнев меѓу луѓето. Како да се биде подобар и похрабар Во овие мигови на голема тага и вознемиреност, навистина секој треба да се сврти кон самиот себе. И да собере храброст да биде подобар и похрабар член на ова општество. Читам, многу добри и доблесни луѓе веќе го демонстрираат тоа. Нудат секаква помош за унесреќените. Нудат утеха. Нудат почит за жртвите, добра мисла и апели за сплотување. Има многу такви луѓе и во Македонија, но и во соседството. И тие живеат во овој лош „систем“, огорчени и разочќарани. Но, наоѓаат во себе сила да демонстрираат општественост. Искрено им се восхитувам. Мојот апел до вас, почитувани читатели, е да ги поттикнеме институциите на системот да се ангажираат уште повеќе, да им пружат на унесреќените помош и поддршка, да спроведат енергична и сеопфатна истрага за да ги откријат сите виновници, но и веднаш да воведат ред и поредок таму каде што со години и со децении владеел хаос.

Знам дека ќе речете дека тоа не е лесно. И не е. Знам дека вашата, како и моја доверба во институциите, е прилично истрошена. Но, јас не гледам друг начин освен да им дадеме шанса овој пат да се надраснат себеси, во процес што ќе се одвива под будното око на јавноста и на секој од нас поединечно. Кога земаме камен в рака, правиме најголема неправда За актуелната власт ова е пресуден тест на интегритетот, на решителноста во борбата против криминалот и на политичката волја за обнова на институциите. На тој тест може да се положи или да се падне, трето нема. Но, на власта, која го презеде кормилото на државата со огромно мнозинство гласови на избирачите пред само осум месеци, мора да ѝ се даде шанса да го полага тој тест. И ако утре, не дај боже, се покаже дека народот повторно мора да дојде „по своето“, ќе протестираме. Улиците никаде нема да ни избегаат. Протестот е легитимно демократско право на граѓаните. Но, да се разбереме добро – ништо не значи тоа кога протестираме против „систем“. Или против каков било „колектив“. Ништо не значи кога бараме „колективна одговорност“, така само ја криеме индивидуалната одговорност, така ги криеме виновниците за трагедијата и за состојбите. Кога земаме камен в рака за да истераме „правда“, всушност, правиме најголема неправда. Кога протестираме без јасна цел и без јасна артикулација, влегуваме во канџите на злобници и некадарници и тогаш секој од нас навистина може да биде следен – следна жртва на политичките манипулатори. Бранко Героски

  

Најново

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Која е земјата Мјанмар која е вест на денот со огромен земјотрес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

Sase Ivanovski

Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Sase Ivanovski

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

Sase Ivanovski

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Sase Ivanovski

Драган Начевски и Индира Кастратовиќ добија нови функции во РФМ

Sase Ivanovski

Чешка го возвраќа ударот на Дубаи чоколадото!!! Ова мене ми личи дека со ракиичка ептен добро ќе иде 🥃

Sase Ivanovski

Филипче со предлог на лидерската: Заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Кумановец нападнал полицајци, се обидел да ги избоде со нож

Sase Ivanovski

Прилепчанка украла платежни картички од нечиј дом, па со нив си купувала

Sase Ivanovski

Додик со пофални зборови до Вучиќ, кој бара од Интерпол да не го апси

Sase Ivanovski

„О2“: Инспекторатот за животна средина излажа за цијанидот во Крива Река, едниот инспектор работел во фирмата порано, а на другиот сопругата!

Sase Ivanovski

НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО ПРВИТЕ 5 НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски најавува убави времиња за Македонија

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ Но нивните заштеди во банките се далеку повисоки

Sase Ivanovski

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Sase Ivanovski

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД ИЗБОРИТЕ НА МАРИН ЛЕ ПЕН? Францускиот Уставен суд може ѝ забрани да се кандидира за претседателка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МЈАНМАР Мост заврши во река, минувачите шокирани од глетката

Sase Ivanovski

Останува куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

Sase Ivanovski

Партиски кадар и поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е директор на „Булмак 2016“ која ја загади Крива Река

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка

Sase Ivanovski

Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО, според германска разузнавачка служба

Sase Ivanovski

Британското Министерство за одбрана истражува безбедносен пропуст – воени документи пронајдени фрлени на улица во Њукасл

Sase Ivanovski

Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија

Sase Ivanovski

Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Наместо со 150 вработени за односи со јавноста, Владата со софтвер ќе следи кој новинар што напишал за неа, а тоа ќе го платат граѓаните

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

ССМ на 2 април излегува на протест

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

Sase Ivanovski
Вчитувам....