МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Контраспин: Неумесно и нечовечки е вината за трагедијата во Кочани да се фрла врз бендот

      

Од почит кон починатите и кон оние чиј живот виси на конец, неумесно и нечовечки е министерот Тошковски да го вперува прстот кон бендот, барем не во овие први моменти по трагедијата. И да е така, а тоа допрва ќе се види, што е со недостатоците на системот и со корупцијата во него и низ него, за која министерот говори два дена? А, за огромни пропусти говореше и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој  рече дека тие се толку големи што предизвикале „ерозија на системот“. Чудно е што повеќе од една деценија не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект, а истиот добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години! И за ова ли е виновен бендот?, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски нa  денешната прес-конференција, говорејќи за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 млади луѓе, а повредени  се 162  лица, во еден момент ја спинуваше вистината:   Пиротехничките средства или прскалки во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, но лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.  [Извори: Грид.мкЛибертас – Датум: 17.03.2025]   

 

   

Контраспин: Оваа изјава на министерот Панче Тошковски во која вината за трагедијата во Кочани ја фрла врз бендот е во најмала рака невкусна. Неколкумина членови на бендот (пејачот, придружни вокали, соработници) починаа во пожарот што ја зафати импровизираната дискотека во Кочани, а некои се борат за живот. Од почит кон починатите и кон оние чиј живот виси на конец, неумесно и нечовечки е министерот да го вперува прстот кон бендот, барем не во овие први моменти по трагедијата. И да е така, а тоа допрва ќе се види, што е со недостатоците на системот и со корупцијата во него и низ него, за која министерот говори два дена? А, за огромни пропусти говореше и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој рече дека тие се толку големи што предизвикале „ерозија на системот“. Објектот немал хидрантска мрежа ни хидрант во употребна функција. Немало доволно противпожарни апарати според квадратурата на објектот, односно имало само два. Немало две излезни врати пропишани за евакуација за луѓе, туку една метална врата, импровизирана на задниот дел од објектот, но била заклучена со катанец и без квака од внатре и обложена со гипс картон и сунѓер за звучна изолација. Немало пристап за противпожарни возила од двете страни согласно правилникот за заштита од пожари експлозии и опасни материи. Внатрешноста на објектот била обложена со гипс картон, но не со огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност од најмалку 30 минути. Немало врати со противпожарна отпорност со најмалку 1 час, ни систем кој би ги предупредил посетителите дека настанал пожар со јак звучен сигнал. Дискотеката била непрописно обложена со материјали за звучна изолација и лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од 3 метри без дозвола. На лице место бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам со тоа што констатирано е дека објектот во кој е случена несреќата е регистриран како објект за лесна индустрија со површина од 419 квадрати. Не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект. И покрај тоа што немало пренамена, истиот добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години, соопшти Коцевски доцна вечерта на 16 март. 

И каде е вината за сето ова, за тоа што „сѐ во државата било труло“? Зарем баш за сѐ е виновен бендот?  За ова со право реагираше сопругата на пејачот  од групата ДНК Андреј Ѓоргиески, кој загина во пожарот во Кочани, откако двапати се вратил да спасува деца и да им помогне. Изреволтирана од лажни информации, меѓу кои и онаа дека „пиротехниката е донесена од страна на бендот“, таа во објава на Фејсбук , меѓу другото, напиша: . ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! 

Но, дали ќе дојдеше до несреќата ако ѕидовите не биле од лесно запаливи материјали, ако на објектот имало излези за итни случаи онолку колку што треба, ако немало импровизирана заклучена врата на задниот дел од објектот, без квака одвнатре и обложена со гипскартон и сунѓер за звучна изолација, ако имало пристап за противпожарни возила од двете страни согласно правилникот за заштита од пожари експлозии и опасни материи, ако имало спуштен таван со противпожарна отпорност од најмалку 30 минути…. Уште многу прашалници висат над оваа претажна македонска приказна, но особено зачудува фактот дека повеќе од една деценија не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект. А и покрај тоа што немало пренамена, истиот добил дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена пред 15 години! 

И за ова е виновен бендот? Институциите кои ова го дозволиле и кои го толерирале цели 15 години, немаат никаква вина? Или вина има само во бендот и евентуално во оние кои минатата година, или предминатата, издале фалсификувана лиценца за работа? Што правел системот другите десетина години, но и во последнава година, во која таканаречената дискотека сосема лабаво си функционирала? Или тоа никој не го видел ни на локално, ни на централно ниво? Чудно е како оваа „дискотека“ била невидлива, незабележлива во Кочани, небаре е град од типот на Чикаго, а не општина со едвај 25.000 жители. И околу пиротехниката – поточно „прскалките“ од кои, според надлежните, започнале првите искри по што се запалил таванскиот простор и кровната конструкција. Каква е обврската и одговорноста на организаторот за ова? Дали им укажал на претставниците на бендот дека просторијата е со ниски тавани, дали пријавил во полиција и дали побарал дозвола за употреба на пиротехника?  Сите овие дилеми се сосема легитимни и нема зошто министерот Тошковски да им се лути на новинарите кога бараат од него одговори, независно дали прашањата му се допаѓаат или не. 

Но, изгледа најлесно е сега вината да се бара во бендот и починатите. Што претставува спин, а истовремено е некоректно и нечовечки. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....