Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниеден починат од тие што ја преживеаја кризата, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари.
– 178 пациенти се сместени низ различни установи, од кои 64 се низ државните болници и 13 пациенти се во приватните болници, сите во релативно стабилна состојба. 101 пациент се третира надвор од државата. Вчера имавме прилика со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски да одиме во Солун и ги посетивме сите, пациенти, се видовме со семејствата на пациентите. Од таму продолживме во Софија каде што има 9 пациенти и потоа имавме состанок со семејствата. Последниот транспорт за лекување е за Шведска, денеска ќе се врши во два наврати.
– Од утре најверојатно сите хируршки клиники ќе работа со полна пареа.
– Јас се надевам сите пациенти да закрепнат и да зборуваме за тоа колку пациенти ќе си одат дома, додаде Таравари.
О.К.