Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска во судницата на Кривичниот суд го праша Велибор Манев – „Зошто ми го убивте детето?“. „На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски“, му врати Манев.
Претходното рочиште, на кое започна сведочењето на Манев, кратко беше прекинато во моментот кога на Ѓорчевски му се слоши од описот на злосторствата врз неговата ќерка.