МАКТЕЛ

     

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

      

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени честички од азбест. Оние граѓани на Кочани кои што се наоѓале во близина на објектот, тимовите што ќе учествуваат во отстранувањето на остатоците од градбата, увидните тимови и луѓето што кобната ноќ на 16 март успеале да избегаат, мора да се прегледуваат редовно, апелираат лекарите со кои зборуваше „Слободен печат“. Самиот материјал не може да изгори ни да се стопи и претставува еден од најогноотпорните материјали.

Пожар во Кочани / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

   

Проблемот настанува кога азбестот со кој бил изграден покривот и дел од конструкцијата во импровизираниот објект „Пулс“ се разградува, како што било случај со изгореното кабаре без лиценца. Тогаш влакната од кои е составен азбестот се пренесуваат во воздухот, но не може да се видат со голо око. Сите шест форми на азбест Светската здравствена организација ги оцени како канцерогени. Азбестните влакна од сронета, разградена азбестна површина може да останат во воздухот со денови, пред да паднат на земјата. Тие се толку мали и лесни, што со самото движење може да се разлетаат повторно. Станува збор за многу специфичен, сензитивен материјал.

– Кај нас во Австралија се прави скрининг на сите што некогаш биле во контакт со азбест за време на работен однос. Многу е опасен. Работниците не смееме да ги тераме да работат околу азбест што веќе се распаѓа, освен со специјални заштитни костуми – изјави за „Слободен печат“ менаџерка-инженер, која работи на градежни проекти во Австралија со години. 

Таа додаде дека доколку азбестот се заменува со друг материјал, сите што се во близина го дишат и затоа треба да се постави мониторинг за да се измери концентрацијата заради безбедноста на оние што го отстрануваат од теренот. По употребата, работничката облека се става во специјални вреќи и не смее да се допира без специјални ракавици. Откако азбестот ќе биде подобен за отстранување, треба да се отстрани со целосна заштитна опрема, со посебни ракавици, а треба да има просторија за деконтаминација. Така е во Австралија.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Спасените од пожарот, треба да се прегледуваат редовно

 

Доктор Бојан Трајковски за „Слободен печат“ вели дека не може да се каже колкаво е „загадувањето“ што азбестот од „Пулс“ го направил, но дека тие луѓе што биле внатре треба да се следат медицински долгорочно, затоа што ако се случат промени на полошо кај нив, тогаш тие би настанале по подолг временски период.

-Азбестот е штетен за луѓето што се долгорочно изложени на него и тогаш доведува до мезотелиом, што е најтежок облик на рак на обвивката на белите дробови. Втората болест до која доведува е рак на белите дробови. Третата е азбестоза што претставува слепување на алвеолите во белите дробови и тешко дишење. Изложеноста била кратка, но не можеме да оцениме колкаво е загадувањето што азбестот го направил додека луѓето биле внатре – ни рече доктор Трајковски.

Трајковски додава дека во 2005 година низ цела Европа е воведена забрана за азбестот во градежништвото и тогаш почнуваат да се формираат служби што го отстрануваат и го транспортираат од објектите. Нивните системи за заштита се т.н. хазмат системи. Докторот смета дека по пожарот не би можеле да се во опасност сите жители на Кочани, туку медицинско следење поради азбестот треба да има само за присутните во „Пулс“ во критичната ноќ.

Пожар во Кочани / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Професор доктор Мери Цветковска од Градежниот факултет при УКИМ од Катедрата за механика и материјали за „Слободен печат“ рече дека не се точни наводите во медиумите дека азбестот изгорел.

-Тој е токсичен тогаш кога е разграден. Не е горлива покривка, туку спаѓа во материјалите што се негорливи, со висока класа „а-1“. Не испушта чад и топлина, но од топлината може да се скрши, а при кршењето влакната што ќе ги испушти кога се разградува се канцерогени. Има посебни, специјални тимови што треба да ги спуштат таблите, да ги транспортираат во посебни депонии. Додека е во цврста и здрава плоча, азбестот не е опасност, но кога ќе почне да се раздробува, тие ситни влакненца се опасни и затоа се транспортира на посебно уреден начин, со специјални камиони, со заштитна опрема – објасни професорката Цветковска за „Слободен печат“.

Во земјава има правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа. Станува збор за стар правилник, објавен во Службениот весник уште во 2009 година. Со правилникот се бара работодавачите да не ги изложуваат вработените на концентрација на азбест во воздухот поголема од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек. Експертите кои учествуваат во транспортот на азбестните остатоци во различни објекти, а со кои разговараше „Слободен печат“, апелираат државата сериозно да се постави при расчистувањето на теренот и да ангажира лица кои се обучени.

-При транспортирањето, плочите од азбест се ставаат на палета со димензии 120 на 180. Градежни фирми ги демонтираат таблите, се редат 20 или 30 од нив, потоа задолжително врз нив се става заштитна фолија и се врзуваат за да не лета прашината и се носат до депонијата Дрисла, која трајно ги вкопува во сериозни ископи. Тоа е решението по закон – ни рече експертот. 
Пожар во Кочани/ Фото: „Слободен печат“, Слободан

Работата со азбест вклучува многу строги правила кои што во правилникот се наведени, а меѓу нив клучна е опремата за заштита. И Правилникот за работа со азбест го потенцира ова. Во Правилникот е наведено дека вработените и нивните претставници кај работодавачите треба да имаат пристап до резултатите од мерењата на концентрацијата на азбест во воздухот и да можат да добијат објаснувања за тие резултати. Ако резултатите ја надминуваат вредноста од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек, тогаш засегнатите вработени и нивните претставници кај работодавачот се консултираат за мерките што треба да ги преземат. Правилникот за работа со азбест упатува на здравствени проверки на луѓето што работат со него и водење поединечно здравствено досие за секој работник. Исто така, се води и евиденција на временската изложеност во просториите каде се  работи во близина на азбест што е распаднат, а заштитни мерки се многу строги.

   

Најново

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

Песков: Режимот во Киев се обиде да ја спречи парадата на 9 мај во Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски најави средба со Таравари, и вели дека Владата е стабилна

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....