13.8 C
Скопје
19/03/2025 16:50
МАКТЕЛ

    

Има ли притисоци да не се оди на собири? – учениците велат да, директорите демантираат

      

Средношколци од училиштата ширум државава се жалат дека директорите и професорите во образовните установи се обидувале да ги спречат да не се собираат во чест на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде загинаа 59 лица а над 150 се повредени. До редакцијата на „Слободен печат“ пристигнаа низа на пораки на ученици кои се жалат на притисоци од страна на директорката на средното медицинско училиште во Прилеп, „Ѓорче Петров“. Во пораката која ја добивме од ученик на средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ се вели дека директорката на училиштето вршела притисок учениците да не одат на собирите и се заканувала, дека доколку некој не го не го почитува нејзиниот збор, ќе биде санкциониран.„Директорката ги собрала претседателите на класовите и им кажала што сме барале да одиме, не сме знаеле од кого е организирано, свеќи во црква се палеле, а не таму кај што ќе ни текнало и дека доколку си заминеме од часовите ќе имало неоправдани и санкции без матура, намалени поведенија итн.

Фото: Принтскрин

„Слободен печат“ ја контактираше директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Жанета Видевска која ги демантираше обвинувањата велејќи дека ова е уште еден атак врз нејзе на која била подложна изминативе месеци. „Демантирам дека имало притисоци. Ова е уште еден атак врз мене на која сум подложна изминативе месеци.Бидејќи во Прилеп имаше најавено два собири на кои се одаваше почит на загинатите во пожарот во Кочани. Едниот собир беше закажан за 12 часот другиот со почеток 18 часот на градскиот плоштад. Ги собрав претседателите на класовите и им предложив учениците што се прва смена на училиште да одат на собирот во 18 часот а учениците кои се втора смена на собирот во 12 часот, за да не отсуствуваат од настава. Учениците претходно побараа од мене, сите испрашувања, писмени и тестови за знаење да им бидат одложени, а јас како директор им го прифатив нивното барање, и побарав од професорите тоа да го сторат“, рече Видевска. На притисоци се жалат и од прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Иако ја побаравме директорката Весна Михаиловска, сепак одговор на нашите прашања не добивме. Од притисок се жалат и учениците на ресенската гимназија „Цар Самуил“. Оттаму велат добивале закани од директорката на училиштето иако била привремено на таа функција односно вршител на должност. „Кога учениците и пристапиле со милост да се организира мирен протестен марш, во кој се повикува на љубов и сочувство, директорката не го прифатила нивниот прв предлог кога тие побарале ослободување после четврти час. Нејсе. Вториот обид бил: во ред кога веќе не оставате да се губи од настава, собирот ќе го организираме после часовите. На ова директорката рекла-НЕ. А во исто време им забранила воопшто да организираат нешто и после школските часови, со директни закани врз нашите деца, дека ќе постапува многу ригорозно врз нив. Овие деца се веќе трауматизирани од оваа жена па многу од нив се уплашија и откажаа, а на некои од децата им викала“, пишува во објава споделена на социјалните мрежи.

   

Со исти такви притисоци се соочуваат и учениците од средното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе. Еден од професорите во училиштето, со насмевка на лицето, им се обратил на учениците кои сакале да одат на градскиот плоштад со зборовите: „На Велигден ли ќе одите?“. Друга професорка им велела на учениците дека нема поента да одат на плоштад, а трет професор вината за трагедијата ја префрлил на младите, прашувајќи ги: „Гледате ли што се случува кога одат малолетни?“

Фото: Принтскрин

Денес се произнесоа и од сојузот на средношколци од каде апелираат на разбирање и поддршка кон учениците бидејќи минуваат низ тежок емоционален период по трагедијата во Кочани. Исто така оттаму ги повикуваат образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците и тие да не се соочуваат со санкции или дополнителен притисок во наставата. „Многу млади чувствуваат потреба да ја изразат својата солидарност преку учество во собири и иницијативи за поддршка. Во овој контекст, ги повикуваме образовните институции да покажат емпатија и разбирање за учениците, без да се соочуваат со санкции или дополнителен притисок во наставата. Ова се моменти кога хуманоста треба да биде на прво место. Истовремено, изразуваме загриженост за односот кон учениците во овој чувствителен период. Наместо строги мерки, сега е неопходен дијалог, поддршка и заедничко разбирање. Протестите се крајна мерка која никој не ја посакува, но доколку изостане разумен пристап, реакцијата на учениците ќе биде неизбежна“, се наведува во соопштението. Средношколскиот сојуз очекува од сите училишта и надлежни институции „да придонесат кон создавање атмосфера на грижа, почит и поддршка, со цел учениците полесно да се справат со овие исклучително тешки моменти“. Во повеќе градови низ државата синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Граѓаните изразија сочувство и поддршка кон семејствата на загинатите и повредените, барајќи одговорност од институциите. Во меѓувреме истрагата за несреќата продолжува, при што за случајот досега се приведени 18, а задржани 16 лица. Погребите на настраданите се закажани за четврток.

  

Најново

Мира Минанова: МНТ не ги враќа парите од картите за откажаната претстава Г. Глембаеви

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска е последниот транспорт на повредени во странство, во релативно стабилна состојба се повредените лица и нема починати

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови по што следи забрана за вршење на дејност

Sase Ivanovski

Соработникот на Додик за кого е распишана потерница отишол да го поддржи Вучиќ, поминал непречено покрај пограничната полиција

Sase Ivanovski

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје

Sase Ivanovski

Центар и Кисела Вода со по еден милион денари помош за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

Sase Ivanovski

Зеленски за денеска најави разговори со Трамп

Sase Ivanovski

Основниот суд во Кочани го продолжи притворот за десет лица, за шест се одлучува

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Полицијата сепак употребила звучни топови на протестите во Белград, тврдат српските медиуми

Sase Ivanovski

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје

Sase Ivanovski

„Хјуман рајтс воч“ го осуди приведувањето на Имамоглу

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе испратиме уште петмина пациенти на лекување во странство

Sase Ivanovski

Зошто ми го убивте детето? – таткото на Вања го праша Велибор Манев

Sase Ivanovski

Москва подготвена за отстапки: Путин поставува услови под кои Русија нема да ја бара Одеса

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција Вучевиќ – Стоиљковиќ

Sase Ivanovski

Ленче Николовска: Нема сега бегање, нема намалување на ужасната трагедија што не снајде сите, неспоредливо најжестоко, болно и трагично децата и нивните семејства

Sase Ivanovski

Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Зошто сметам дека треба медиумите да известуваат за погребот во Кочани?

Sase Ivanovski

Министерот за здравство и премиерот имаат обврска да ги посетат пациентите, вели Таравари

Sase Ivanovski

Драган Анастасов – Ладич: На градскиот плоштад Свети Гаврил Лесновски се поставени три книги на жалост, за нашите тројца сограѓани кои трагично ги изгубија животите во кобната несреќа во Кочани

Sase Ivanovski

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

Sase Ivanovski

АВМУ: Да се почитуваат највисоките професионални и етички стандарди при информирање за погребите на жртвите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вечерва истекуваат 48-те часа притвор на дел од осомничените за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е огромна опасност, само стручни лица смеат да ги организираат

Sase Ivanovski

Апасиев бара оставка од министерот Тошковски

Sase Ivanovski

Таравари се огласи откако 32-годишник почина во кумановската болница: Eкспертски тим од МЗ ќе ги разгледа сите факти за смртта

Sase Ivanovski

Ивица Дачиќ потврди дека полицијата има звучен топ, но го чувале во магацин

Sase Ivanovski

Народното собрание на Србија ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ, со што и го заврши мандатот на владата

Sase Ivanovski

Во грчките болници се лекуваат 12 повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Мирче Стојков ќе раководи со Општина Кочани до избор на нов градоначалник

Sase Ivanovski

Уапсен градоначалникот на Истанбул и околу 100 други поради сомневање за корупција

Sase Ivanovski

Манев: За причината за убиствата на Вања и Панче прашајте го Палевски

Sase Ivanovski

Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за Вања и Панче

Sase Ivanovski

Нови детали за трагедијата во Кочани: “Пулс” била затворен од УЈП во декември

Sase Ivanovski

Четворица повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во Белгија

Sase Ivanovski

Општина Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп ги објави документите за атентатот на Џон Кенеди

Sase Ivanovski

Нови детали за трагедијата во Кочани: Дискотеката била затворена од УЈП во декември – кој дозволил повторно отворање?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Се оградува пристапот до гробиштата во Кочани – градот се полни со некролози: Објавено кога и каде ќе се извршат погребите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Sase Ivanovski

Приведени тројца крадци од Прилеп, одземеното вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

Пронајден амфетамин во Гевгелија, поднесена кривична пријава против две лица

Sase Ivanovski

Некои медиуми, веќе најавија дека нема да известуваат за погребот на 59-те жртви

Sase Ivanovski

Српски хирург: Се одрекувам од „колегите кои му дозволиле на Вучиќ да влезе на интензивна нега“

Sase Ivanovski

„Фокус“ апелира – Кочани тагува, Македонија тагува, погребниот процес во четврток без новинарски екипи

Sase Ivanovski

Приведени новинари на собирот во Скопје поради снимање со дрон

Sase Ivanovski

Вучиќ за обидот за шарена револуција: Долго се подготвуваше, само се чекаше повод

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Новинари повикани на информативен разговор без претходно објавена забрана за дронови – бараме објаснување од МВР и АЦВ

Sase Ivanovski

Краткотраен притвор за вкупно 17 лица

Sase Ivanovski

Таравари: Добра вест е што поминаа 72 часа во кои нема ниту еден смртен случај

Sase Ivanovski

Палчо остана со еден адвокат, вториот се повлече

Sase Ivanovski

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

Sase Ivanovski

Влада на РСМ: Замолуваме за воздржаност од објавување на непроверени информации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста

Sase Ivanovski

4 пациенти заминаа за Атина

Sase Ivanovski

Поранешниот сопственик на Хародс обвинет за сексуален напад на стотици жени

Sase Ivanovski

Темната страна на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Зоран Димитровски и Љупчо Зиков

Sase Ivanovski

Топ Тема 18.03.2025

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 15 степени

Sase Ivanovski

Новинарските здруженија бараат одговори од МВР и АЦВ зошто новинари се повикани на разговор без претходно објавена забрана за користење дронови

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Реконструкција на трагедијата во Кочани – изгоре дискотеката Пулс, 59 жртви

Sase Ivanovski

Преку скајп преписки откриена поврзаност на братот на Александар Вучиќ, Андреј со криминалци и сомнителни бизнисмени

Sase Ivanovski

Курти: Србија е паравоена држава, Белград не научи ништо од своето минато…

Sase Ivanovski

Браќата Вучиќ ставија рака на се!

Sase Ivanovski

Како е изграден Колосеумот…

Sase Ivanovski

Од Македонија синоќа со авион на српската војска во Белград пристигнаа 12 повредени пациенти кои настрадаа во дискотеката во Кочани, кои ќе бидат згрижани во ВMA и во клиничкиот центар во Србија

Sase Ivanovski

Беше во групата која го славеше раѓањето на детето свое. Два-три пати се враќал за да извлекува луѓе повредени , а потоа го удрило струја кога паднал покривот на дискотеката. Неговиот татко го препознал по бурмата…

Sase Ivanovski

Официјални лица од регионот испратија пораки со длабоко сочувство по пожарот во дискотека во Кочани, во кој загинаа повеќе од педесет млади луѓе

Sase Ivanovski

Google потроши 32 милијарди долари за купување на Wiz, стартап за сајбер безбедност што не постоеше пред пет години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Том Круз ја снима последната фаза од – „Конечното пресметување“ од серијата Невозможна мисија

Sase Ivanovski

Двајца астронаути на НАСА заглавени во орбитата девет месеци конечно се вратија на Земјата со леталото SpaceX

Sase Ivanovski

Подводен ДАТА центар

Sase Ivanovski

Во Грција генерален штрајк во целата земја поради стравичната несреќа во која загинаа 57 луѓе

Sase Ivanovski

Професорката Татјана Алексиќ со порака…

Sase Ivanovski

Буџетарка се фали на тв дека зема 1000e плата а оди на работа еднаш неделно

Sase Ivanovski

Еве како да разговарате со вашите деца за „бигорексија“ – страшно пореметување кое е во пораст кај младите мажи

Sase Ivanovski

Советник од Кочани кој го преживеал пожарот: Срушивме ѕид, направивме дупка и излеговме од дискотеката инаку ќе имаше над 200 жртви!

Sase Ivanovski

Ажурирана листата на контакти за 24/7 поддршка на граѓаните и семејствата на повредените кои се испратени на лекување во странство

Sase Ivanovski

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови

Sase Ivanovski
Вчитувам....