8.8 C
Скопје
28/03/2025 22:25
МАКТЕЛ

    

АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови

      

– Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, велат денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во соопштение по информациите дека синоќа во полиција биле повикани на разговор новинарски екипи поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје. АЦВ  во соопштението потенцира дека лицата кои оперирале со дронови при вчерашните настани морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите, потенцира АЦВ, никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе. Агенцијата нагласува и дека креирањето на забранета зона за летање со воздухоплови без екипаж, се објавува во истиот момент кога е креирана на мапата за резервиран воздушен простор, достапна 24/7 на веб страницата www.drone.gov.mk  и на www.caa.gov.mk.  Секој оператор на дрон и секој далечински пилот., објаснува регулаторот за воздухопловство, пред да почне со реализација на планиран лет, должен е да го најави летот на оваа мапа и при подготовката на летот да се запознае со состојбата во воздушниот простор кој сака да го користи, како заради негова безбедност, така и заради безбедноста на другите оператори и уште поважно, безбедноста на трети лица на земја.

Во соопштението АЦВ потсетува дека „Правилникот за воздухоплови без екипаж” со кој во целост се имплементираат европските регулативи „Regulations (EU) 2019/945 and 2019/947”, е стапен во сила на 1 јуни 2024 година  (Сл.Весник 115 од 31 мај 2024г.) со одложена примена од 1 јануари 2025 година. Наведува дека во текот на 2024 година се преземени низа активности за информирање на јавноста, посебно на корисниците на воздухоплови без екипаж, вклучувајќи ги и медиумите, за стапување  во сила на новата регулатива при што како завршен настан на промотивната кампања на 14 декември лани во Дом на АРМ беше организирана работилница каде сите заинтересирани можеле да ги добијат потребните податоци, директно од вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство кои работат на оваа проблематика. Дополнително, велат од АЦВ, сите информации во врска со начинот и правилата за оперирање со воздухоплови без екипаж во македонски воздушен простор 24/7 се лесно достапни на веб страницата на Агенцијата (www.caa.gov.mk) и/или (www.drone.gov.mk) – Оттаму прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо, нагласува АЦВ. Во соопштението стои дека забраната за директно налетување на луѓе е стара веќе 10 години и е предвидена уште со „Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонски воздушен простор” донесена од Владата на Република Македонија во 2015г. и 2017г.  Таа одредба е предвидена и со новиот правилник со кој се имплементира Европската регулатива која што во член 4 предвидува дека: „Далечинскиот пилот воздухопловот ќе го управува на безбедно растојание од луѓе и дека нема да лета директно над луѓе – собири на луѓе”

   

– Во конкретниот случај со оглед дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ја применува истата регулатива како и останатите европски држави, со ограничувањата кои се пропишани требало да се запознаени како македонските, така и странските оператори на воздухоплови без екипаж. При вчерашните настани лицата кои управувале со дронови, морале да бидат регистрирани оператори на дронови и да поседуваат потврда за регистриран оператор на дрон издадена од АЦВ. Истите никако не смееле директно да ја надлетуваат групата, односно собирот на луѓе, бидејќи во ниту една категорија на операции со дронови (А1, А2 или А3) не е дозволено директно да се надлетуваат собири на луѓе. Лицата кои управувале со дронови морале да поседуваат сертификат за оспособеност за далечински пилот (А1/А3 или А2) издаден од АЦВ, наведува АЦВ. Појаснува дека операторите на дронови единствено би имале право да летаат во близина на луѓе (без директно надлетување на луѓе) доколку поседуваат  оперативно одобрение за оператор на дронови, во посебна категорија, издадено од АЦВ. Оперативното одобрение се издава во управна постапка, која што вклучува детална проверка на операторот и системот за управување со безбедноста на летот опишан во Оперативниот прирачник на операторот кој се доставува на одобрување до АЦВ. При тоа далечинските пилоти мора да поседуваат сертификат за оспособеност во категорија на операции А2. Во врска со поставувањето на забранети/ограничени зони правниот основ од член 7 од Правилникот за воздухоплови без екипаж, односно член 15 од Европската регулатива, укажува Агенцијата, не ја ограничува големината или времетраењето на географските зони кои можат да бидат забранети за летање со воздухоплови без екипаж. Единственото ограничување кое е пропишано со Чикашката конвенција за цивилно воздухопловство е дека забранетите зони за летање не можат да се протегаат над меѓународни води, односно во меѓународниот воздушен простор.

– Креирањето на забранета зона за летање со воздухоплови без екипаж, се објавува во истиот момент кога е креирана на мапата за резервиран воздушен простор, достапна 24/7 на веб страницата www.drone.gov.mk  и на www.caa.gov.mk.  Секој оператор на дрон и секој далечински пилот пред да почне со реализација на планиран лет, должен е да го најави летот на оваа мапа и при подготовката на летот да се запознае со состојбата во воздушниот простор кој сака да го користи, како заради негова безбедност, така и заради безбедноста на другите оператори и уште поважно, безбедноста на трети лица на земја.  Покрај инспекторите од Агенцијата за цивилно воздухопловство, надзор врз операциите со воздухоплови без екипаж можат да вршат и полициски службеници согласно член 144 став 3 од Законот за воздухопловство. Уште еднаш напоменуваме дека, неовластено, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја, стои во соопштението. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс  синоќа биле повикани на разговор во полиција поради немање соодветна дозвола за снимање со дрон на собирите на плоштадот во Скопје, по повод трагедијата во Кочани и по разговорот се пуштени. МВР претходно соопшти дека АЦВ вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови), за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип, а ја пренесе и објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“ и укажувањето дека „оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“.

Во меѓувреме, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) побараат објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за цивилно воздухопловство зошто забраната за користење на дронови била објавена откако започнал протестот во Скопје и зошто новинари биле повикани на информативен разговор иако Скопје не е опфатен со забраната. – Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна. Дополнително, во соопштенијата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, за градот Скопје воопшто не беше спомената ваква забрана. Ова отвора сериозни прашања за правната основа на постапката кон новинарите. Согласно Правилникот за воздухоплови без екипаж (член 7, став 1), одредени зони можат да бидат ограничени поради безбедносни или други важни причини, но ваквите одлуки мора да бидат прецизно дефинирани и јавно достапни навремено. Општата примена на забраната без претходно известување и врз цел град, како во овој случај, не е во согласност со оваа правна рамка, се наведува во соопштението од ССНМ и ЗНМ. Оттаму побараа одговори од МВР и АЦВ „по кој правен основ цели градови се опфатени, наместо конкретни зони како што предвидуваат подзаконските акти и зошто медиумите не се навреме информирани за ограничувањата“. – Очекуваме институциите да постапуваат транспарентно и во согласност со законите, со цел да се избегнат дејствија што можат да се протолкуваат како ограничување на работата на медиумските работници и слободата на медиумите и тоа за настани од висок јавен интерес. Воедно, апелираме до новинарите кои користат дронови да го прават тоа одговорно и со внимание, без да ги вознемируваат семејствата и блиските кои поминуваат низ тежок период, особено во наредните денови кога ќе се одржуваат погребите на починатите,  соопштија ССНМ и ЗНМ.

  

Најново

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Која е земјата Мјанмар која е вест на денот со огромен земјотрес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

Sase Ivanovski

Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Sase Ivanovski

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

Sase Ivanovski

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Sase Ivanovski

Драган Начевски и Индира Кастратовиќ добија нови функции во РФМ

Sase Ivanovski

Чешка го возвраќа ударот на Дубаи чоколадото!!! Ова мене ми личи дека со ракиичка ептен добро ќе иде 🥃

Sase Ivanovski

Филипче со предлог на лидерската: Заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Кумановец нападнал полицајци, се обидел да ги избоде со нож

Sase Ivanovski

Прилепчанка украла платежни картички од нечиј дом, па со нив си купувала

Sase Ivanovski

Додик со пофални зборови до Вучиќ, кој бара од Интерпол да не го апси

Sase Ivanovski

„О2“: Инспекторатот за животна средина излажа за цијанидот во Крива Река, едниот инспектор работел во фирмата порано, а на другиот сопругата!

Sase Ivanovski

НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО ПРВИТЕ 5 НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски најавува убави времиња за Македонија

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ Но нивните заштеди во банките се далеку повисоки

Sase Ivanovski

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Sase Ivanovski

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД ИЗБОРИТЕ НА МАРИН ЛЕ ПЕН? Францускиот Уставен суд може ѝ забрани да се кандидира за претседателка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МЈАНМАР Мост заврши во река, минувачите шокирани од глетката

Sase Ivanovski

Останува куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

Sase Ivanovski

Партиски кадар и поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е директор на „Булмак 2016“ која ја загади Крива Река

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка

Sase Ivanovski

Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО, според германска разузнавачка служба

Sase Ivanovski

Британското Министерство за одбрана истражува безбедносен пропуст – воени документи пронајдени фрлени на улица во Њукасл

Sase Ivanovski

Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија

Sase Ivanovski

Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Наместо со 150 вработени за односи со јавноста, Владата со софтвер ќе следи кој новинар што напишал за неа, а тоа ќе го платат граѓаните

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

ССМ на 2 април излегува на протест

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

Sase Ivanovski

ДКСК: Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата – Резултати од работата на ДКСК

Sase Ivanovski

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ: Ве информираме дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година – 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Развојот на улицата Нутсубиџе во Тбилиси, Грузија, изграден помеѓу 1974 и 1976 година

Sase Ivanovski

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

Sase Ivanovski

Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста

Sase Ivanovski
Вчитувам....