Пејачката Јована Пајиќ е последната српска пејачка која запеа во Кочани во клубот каде што се случи голем пожар во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и деца… Она што речиси сите го забележаа на објавената снима е застрашувачко, а тоа е висината на таванот во клубот кој се запали. Како што може да се види од видеото, таванот е многу низок, но без разлика од каков материјал е направен, во клубот секогаш се користела пиротехника.
Kolku bil nizok plafonot… i tuka pirotehnicki sredstva… pic.twitter.com/w9YrtO6KH0
— 💅🏻 (@jasjastisum) March 18, 2025
Јасно може да се заклучи дека поради висината на таванот и местоположбата, во клубот немало место за пиротехника. Една од последните луѓе кои настапија во овој клуб беше Јована Пајиќ, пред нешто повеќе од 10 дена. Непосредно пред неа во клубот настапи и помладата пејачка позната како Зера. Во моментот на пожарот во зградата имало најмалку 500 луѓе. Снимките кои кружат на интернет покажуваат дека гостите во диско се забавуваат, додека прскалките се активираат во близина на сцената. Во еден момент прскалките удриле во таванот и моментот бил фатен како таванот почнал да гори. Гостите панично се обидувале да го изгаснат пожарот кој со молскавична брзина почнал да го зафаќа покривот…