Концертот „Без зборови“ на Филхармонијата што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани, велат од Филхармонијата. Ќе гостува диригентот Габор Јолерунг од Унгарија, а солист ќе биде Џовани Скарпета на тромбон од Колумбија.
– Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Нека им е светол патот, сочувство до најблиските, болката е неизмерна, се вели во објавата на Филхармонија на нивната фејсбук-страница. На програмата се: С. Барбер: Адаџо за гудачки оркестар, оп. 11, Х.Ф.Томаси: Концерт за тромбон и оркестар и Бела Барток: Концерт за оркестар, Sz. 116, BB 123.