9.8 C
Скопје
29/03/2025 07:46
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Инциденти и апсења на протестите во Турција за поддршка на Имамоглу

      

Втора вечер по ред илјадници турски граѓани ѝ пркосеа на забраната за собири и протестираа пред градското собрание на Истанбул поради апсењето и истражниот притвор на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, најсилниот политички противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Синоќа протестни собири во кои учествуваа илјадници граѓани се одржаа во Истанбул, Анкара и други турски градови. Вкупно, од средата, денот на апсењето, протести се одржаа во 29 од 81 провинција во Турција. Во вторникот властите воведоа четиридневна забрана за собири, но тоа не ги спречи граѓаните во огромен број да се соберат во четвртокот пред градското собрание и полициската станица, како и на универзитетите и плоштадите низ Турција. Инциденти од помал обем се случија доцна попладнето пред градското собрание на Истанбул, каде што се собраа студенти и граѓани од секој агол на градот, при што полицијата прибегна кон фрлање солзавец и употреба на гумени куршуми.

   

 

Следните неколку дена се клучни за судбината на Имамоглу, бидејќи завчера тој доби четиридневен притвор додека не биде обвинет.

„Против мене е покрената истрага за отворање градинка. Би сакал да дадам изјава но моментално сум приведен, инаку со сите сили би ги бранел градинките што ги изградивме за децата од овој град. Ќе продолжиме да го правиме криминалот со отворање градинки. На нашата нација ѝ ги доверувам и градинките на нашите деца, кои се нашата иднина“, утрово напиша Имамоглу на Икс.

 

АФП објави дека полицијата сакала да спречи група млади демонстранти кои се обидувале да се упатат кон плоштадот Таксим, кој е целосно блокиран со метални огради. Од автобусот во кој се качил, претседателот на ЦХП, Озгур Езел, кој го упати повикот за митинг, ѝ рекол на полицијата: „Не сакам да видам гумени куршуми овде. Ако не, полицијата во Истанбул ќе биде одговорна за што и да се случи“, предупреди тој.

„Кој си ти да прскаш солзавец врз надежта на Турција?“ продолжи тој, придружуван од гласовите на насобраната толпа која итно бара оставка од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Во мобилизацијата учествуваа млади луѓе од различни политички струи, со приврзаници на кемалистичката ЦХП, членови на левичарски организации и делегација на Курди. Се проценува дека над 10.000 граѓани биле надвор од градското собрание.

 

Плоштадот Таксим и соседниот парк Гези, места каде вообичаено се одржуваат протестни настани во Истанбул, остануваат блокирани од полициските сили со барикади.

 

Слична беше сцената и вчера. Снимката од Ројтерс покажа дека полицијата користи бибер спреј за да ја растера толпата пред Универзитетот во Истанбул.

„Ердоган, диктаторе!, Имамоглу, не си сам!“ беа паролите кои доминираа на демонстрациите во средата непосредно по притворот за Имамомоглу, кои се одржаа и покрај студот. Заедно со сликите на Имамоглу, демонстрантите држеа и слики од Кемал Ататурк, како и турски знамиња.

-Вкупно педесет и четири корисници на интернет се уапсени од средата поради објави на социјалните мрежи кои турските власти ги оценија како провокативни, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Владата на Ердоган веќе се погрижи да ја отежне ситуацијата и на Интернет. Компанијата Нетблокс вчера тврдеше дека Турција во голема мера го ограничила пристапот до социјалните мрежи како што се Икс, Јутјуб, Инстаграм и Тикток.

Ердоган: Реакциите се театрални

Во своите изјави во четвртокот, први по апсењето на градоначалникот, претседателот Таип Ердоган истакна дека опозициската ЦХП се обидува да ги прикрие сопствените грешки и да ги измами граѓаните со „театралност“. „Немаме време да губиме на залудни дискусии, ниту купишта пари за непромислено фрлање“, рече тој во говорот во Анкара, во кој додаде дека проблемите на партијата „не се прашања на земјата, туку проблеми на неколку опортунисти. Немаме време да губиме на театралноста на опозицијата“, рече тој.

Имамоглу порача: „Не молчете“

„Не можете и не треба да молчите“, напиша затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, на својот профил на Икс во четвртокот во објава во која се чини дека го обвинува Таип Ердоган за корупција и ги повикува членовите на владејачката партија и турското правосудство да се спротивстават на неправдата.

„Овие настани ги надминаа нашите партии и нашите политички идеали. Процесот сега се однесува на нашата земја, главно на вашите семејства. Дојде денот да зборувате“, напиша Екрем Имамоглу.

 

Екрем Имамоглу беше уапсен под обвинение за поткуп и помагање на терористичка група. Турската полиција уапси вкупно 100 лица, вклучувајќи го и градоначалникот – вклучувајќи ги и имињата на други политичари, новинари и бизнисмени.

 

Во исто време, како што соопшти главниот обвинител на Истанбул, конфискувана е и градежната компанија во косопственост на Имамоглу. Контролата на компанијата беше префрлена на Мировниот кривичен суд, врз основа на извештаите од истрагата за финансиски криминал. Во меѓувреме, турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот пред да се затвори за 3,3%, бидејќи се зголеми загриженоста за посветеноста на Ердоган на владеење на правото и економските реформи предводени од министерот за финансии Мехмет Шимшек, додека реперниот индекс Бист 100 затвори речиси 9%.

Според Capital Economics, апсењето на Имамоглу предизвикува загриженост за „пошироката реформска агенда“, коментирајќи дека „политичките, а не економските грижи може да почнат да доминираат во размислувањата на претседателот Ердоган“. Потегот против градоначалникот, како што коментира Ројтерс, е кулминација на повеќемесечната правна репресија на опозицијата за да се наштети на нејзините изгледи пред претседателските избори во 2028 година – освен ако не дојде до паника и Таип Ердоган не поднесе иницијатива и порано од предвиденото. Во интервју, претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП) Озгур Езел, на која ѝ припаѓа Имамоглу, вели дека Ердоган се плаши од соочување со градоначалникот на изборите и затоа „сакал да го извади од игра“. Вчера, во својот говор пред градското собрание, Езел зборуваше за „обид за државен удар против следниот претседател“.

  

Најново

Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

Sase Ivanovski

Разобличување на кампањата насочена против граѓанското учество во јавниот собир на иницијативата „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

Sase Ivanovski

МУРТЕЗАНИ: 7,96 милиони евра се наменети за директна буџетска поддршка

Sase Ivanovski

597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Кривична пријава за даночно затајување      

Sase Ivanovski

Јавен повик за финанска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski

НАЈСЕКСАПИЛНАТА АКТЕРКА ЈА ОТКАЖА ВЕНЧАВКАТА Сега е позната и причината за раскинувањето со бизнисменот

Sase Ivanovski

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ЌЕ ЗДИВНЕ УШТЕ НОВИ 30 ДЕНА Американските санкции се привремено одложени

Sase Ivanovski

БРИТАНИЈА ГИ ДАЛА КООРДИНАТИТЕ ЗА НАПАДОТ ВРЗ СТАНИЦАТА ВО СУЏА? Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Sase Ivanovski

УКИНАТО ОБВИНЕНИЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА Апелациониот суд во Ниш бара одново да биде испитана мајката

Sase Ivanovski

Украина ги врати телата на 909 загинати војници

Sase Ivanovski

ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ДОСТА Е!

Sase Ivanovski

Помеѓу загинатите во пожарот е и ќерката на единствената жена – пожарникар во ДПД Кочани

Sase Ivanovski

Кој излажа за цијанидот во Крива Река? Едниот инспектор работел порано кај загадувачот, на другиот сопругата

Sase Ivanovski

ЕСМ ја избра понудата на „Топлина“ за едногодишен ископ во РЕК Битола вредна 23 милиони евра!

Sase Ivanovski

Платформата за борба против корупцијата бара прекинување на неказнивоста

Sase Ivanovski

Партиите тактизираат за повикот на Филипче за лидерска средба

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на жртви во силниот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Sase Ivanovski

Пеѓа Јовановиќ го одложи скопскиот концерт: Болката е огромна, на сите ни треба повеќе време

Sase Ivanovski

Предложен e притвор за семејно насилство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Sase Ivanovski

Силни земјотреси ги потресоа Тајланд и Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Sase Ivanovski

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

Sase Ivanovski

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Sase Ivanovski

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Sase Ivanovski

Михалис Рокас: Владеењето на правото ви стагнира во последниве години

Sase Ivanovski

Граѓанските организации за борба против корупцијата бараат непристрасна истрага за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ се оградува од политичките партии

Sase Ivanovski

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Sase Ivanovski

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Sase Ivanovski

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

Sase Ivanovski

“Министерство за економија и труд“: Безбедноста во угостителската дејност, Дурмиши предлага законски измени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната прес-конференција е класичен пример на СДС против СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години газеше врз работниците, сега лицемерно покажува грижа

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана – Соопштение и фото – Државно-воениот врв на одбележувањето на 5-годишнината од членството во Алијансата, продолжуваме со силно темпо да ја развиваме нашата НАТО Армија

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе 22 нови закони, меѓу нив и Законот за одржување на јавен ред и мир

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Конститутивна седница на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска – Давкова со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Која е земјата Мјанмар која е вест на денот со огромен земјотрес?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

Sase Ivanovski

Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Sase Ivanovski

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

Sase Ivanovski

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Sase Ivanovski

Драган Начевски и Индира Кастратовиќ добија нови функции во РФМ

Sase Ivanovski

Чешка го возвраќа ударот на Дубаи чоколадото!!! Ова мене ми личи дека со ракиичка ептен добро ќе иде 🥃

Sase Ivanovski

Филипче со предлог на лидерската: Заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Кумановец нападнал полицајци, се обидел да ги избоде со нож

Sase Ivanovski

Прилепчанка украла платежни картички од нечиј дом, па со нив си купувала

Sase Ivanovski

Додик со пофални зборови до Вучиќ, кој бара од Интерпол да не го апси

Sase Ivanovski

„О2“: Инспекторатот за животна средина излажа за цијанидот во Крива Река, едниот инспектор работел во фирмата порано, а на другиот сопругата!

Sase Ivanovski

НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО ПРВИТЕ 5 НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски најавува убави времиња за Македонија

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ Но нивните заштеди во банките се далеку повисоки

Sase Ivanovski

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Sase Ivanovski

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД ИЗБОРИТЕ НА МАРИН ЛЕ ПЕН? Францускиот Уставен суд може ѝ забрани да се кандидира за претседателка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МЈАНМАР Мост заврши во река, минувачите шокирани од глетката

Sase Ivanovski

Останува куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

Sase Ivanovski

Партиски кадар и поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е директор на „Булмак 2016“ која ја загади Крива Река

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка

Sase Ivanovski

Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО, според германска разузнавачка служба

Sase Ivanovski
Вчитувам....