12.8 C
Скопје
28/03/2025 19:42
МАКТЕЛ

    

Ивор Мицковски: За да не заборавиме – мораме да се промениме

      

Постоењето и сакањето ред и систем е прашање на цивилизациска, културна и морална амбиција, на созреана свест, на колективен напор. Мора повеќето да го посакуваат тоа, да го прават тоа, да го бараат тоа и да го одржуваат тоа. Само од себе не доаѓа, само од политика не се раѓа, па конечно и тие во политика од народ извираат. Ама треба и некој доблесен што стигнал погоре, да се обиде тоа да го наметне, ама треба да има и некој што тоа ќе го следи и почитува. Моралот, правдата и правдината во оваа земја се како пожарникарите – доаѓаат кога човечката грешка или негрижа веќе го распламтила огнот, пишува Ивор Мицковски во колумна за Доојче веле. Не можеме сѐ да решаваме, односно да нерешаваме – отпосле. Ние секогаш бараме правда, гледаме грешки, се индигнираме откако автодисциплината, моралните кочници, почитувањето на законите и на човекот до нас, правото и слободата да не се учествува во криминал и валкани игри – одамна отишле по ѓаволите. Веќе е здодевно да се нотира, етички руини сме, доминирани од алчност, насилство, негрижа и себичност. А етиката не е само пренадуен збор, туку секојдневна нужност, превенција, практично помагало, основа на соживотот, грижа за другиот, заштитник од силеџии и несреќи. Гориме во пекол на неодговорност Имаме и ќе имаме милион дебати допрва, силни заложби, селективни и задоцнети правди, купишта и купишта зборови, кои евентуално ќе нѐ оддалечат од реалната состојба на нештата. Проблемот е пожарот! Проблемот е дека нашата заедничка куќа, дом или штала од држава, гори со години и кога веќе ни ги допре и одзеде и најмладите, значи дека ги допира и уништува сите генерации. Значи дека пожарот сѐ уште гори. Проблемот е што гориме во еден пекол на неодговорност и дека неговите пропорции се толкави, што по којзнае кој пат изостанаа сите мерки на претпазливост, јавната грижа и интелигенција, дури и најобичниот комон-сенс кој би ни дозволил да живееме како заедница која ги ограничува страдањата и загубите на човечки животи. Но, сѐ ова ние и предобро го знаеме.

Не може нашиот систем да се среди само политички и правно, каде инаку довербата е најниска, ова може да се среди со политичка, ментална, културна и морална револуција на целото општество, на секој поединец, на секој функционер. Не само со антибирократски револуции како што замислува власта. И таа револуција не може да биде парцијална, не можеме повеќе од парцијален морал или морализаторство, од полувистини односно од невистина, од делумна правда која не важи подеднакво за сите, каде мнозинството е опортунистичко, навивачко, партизанско и партиско, каде постои за своите, ама не за другите. Ни треба тотален, апсолутен и искрен морал и тотално почитување на законите и Уставот, на јавното добро. Постоењето и сакањето ред и систем е прашање на цивилизациска, културна и морална амбиција, на созреана свест, на колективен напор. Мора повеќето да го посакуваат тоа, да го прават тоа, да го бараат тоа и да го одржуваат тоа. Само од себе не доаѓа, само од политика не се раѓа, па конечно и тие во политика од народ извираат. Ама треба и некој доблесен што стигнал погоре, да се обиде тоа да го наметне, ама треба да има и некој што тоа ќе го следи и почитува. Нас буквално нѐ убива клиентелизмот „Ќе немаше олку крв ако сѐ беше по закон“ – беше една од најспоменуваните пароли во овие траорни денови. Партизираната и корумпирана држава ја убива или истерува надвор критичната маса од нашето општество, оневозможувајќи ни да ја преобратиме и реформираме земјата, да изградиме базични и функционални институции и принципи кои би нѐ воделе кон некаков напредок. Нас буквално нѐ убива клиентелизмот и културата на корупција која има навлезено во секоја пора од општеството и од нашето практично живеење. Таа коруптивна (не)култура нема да биде надмината само преку кривично-репресивниот механизам кој сега наголемо ни се ветува и кој во едно општество би требало да биде „extrema ratio“. Потребна ни е и институционална превенција, но најмногу од сѐ потребно ни е градење и промовирање кај граѓаните на една „култура на легалност и на морал“.

   

Тоа се прави преку инвестирање и реформирање пред сѐ на основните постулати и клучните механизми кои создаваат здрави луѓе и здрава нација, преку грижа за образованието, животната средина, урбанизмот, здравството, културата и јавното добро. Мораме повторно или одново да си дадеме некаква заедничка смисла и цел, да се заложиме за севкупен напредок. Да се занимаваме со политика без да ѝ припаѓаме  Нашиот труд мора да се темели на четири клучни основи. Првиот е да градиме култура на отпор, каде критиката ќе биде основа на демократскиот метод. Тоа не е лесно во едно конформистичко општество, каде е тешко да му се каже „не“ на кој било моќник, бил тој поголем или помал. Затоа треба да се градат антитела против конформизмот, против менталитетот на само партиска или клановска припадност, против „погрешната“ верност и лојалност. Треба да научиме да кажуваме – „не“! Не за притисоците и не за услугите. Борбата против корупцијата мора да биде и борба за една поинаква политика. Од тој аспект мораме да го напуштиме политичкиот, партискиот или парламентарниот кариеризам. Политиката кај нас од јавна грижа се претвори во приватна професија, во работа, во извор на приходи и богатење. Јас не знам кој е институционалниот метод тоа да се надмине, но мора да почнеме да правиме и да се занимаваме со политика – без да ѝ припаѓаме на политиката. Политиката и граѓаните мора да зборуваат на ист јазик Потребна ни е транспарентност во политиката. Треба да ги владееме информациите, за да се спротивставиме на монополите, на конфликтите од интерес, на цензурата и на пропагандата. Еден од главните проблеми тука не лежи само во поделбите, туку и во судирот помеѓу јавниот и приватниот диксурс. Во една макијавелистичка гротеска, ништо од тоа што се одлучува и кажува во салите на моќта, не се зборува потоа во јавноста, и обратно. А, притоа, сите знаеме сѐ во оваа мала земја, ама бираме да премолчиме, да затвориме око, да свртиме глава или да спуштиме поглед. Мора политиката и граѓаните да почнат да зборуваат на ист јазик. Оттука, повеќе не е доволно да говориме само „против“ нешто, туку и „за“ нешто, и така да го помириме и изедначиме јавниот и приватниот дискурс. Да ги применуваме законите

Третиот основ е да се почитуваат законите и Уставот, не само да ги браниме, туку активно да ги применуваме и унапредуваме. Видовме до каде нѐ доведе непочитувањето. Мора и граѓаните, но и партиите, биле од опозиција или власт, да бидат способни да произведуваат идеи, проекти, закони, да ги развиваат и унапредуваат правата, но и обврските на сите во оваа земја. Не може секој будала да одлучува И конечно, ни треба почитување на правилата, односно на правилата на игра. Не може секој будала да одлучува и да ги прекројува или прекршува правилата како ќе му текне. Не може еднаш да се менува Кривичниот закон за зајакнување на неодговорноста и неказнивоста, па другпат Изборниот законик, со кој се отежнува процесот за кандидирање независни листи на пратеници, како и на независни листи за советите во некои општини. Не може секогаш на луѓето да им се отежнува секој аспект од егзистенцијата или борбата, затоа што некој или секој одлучил да им одзема сѐ поголем дел од нивниот суверенитет или од нивното право на ангажирање. Мора да градиме јасни правила и потоа да ги почитуваме. За крај би рекол дека потиснати од безнадежноста, од една постојана емотивна и психолошка истрошеност и навикнатост на несреќи и трагедии, за ова да не се претвори во трајна помирливост со незавидната судбина, мораме да се тргнеме и да пронајдеме сила за освестување. Можеби за промена наместо да живееме во некоја состојба на квази нормалност, треба да почнеме, а тука мислам и на властите, да работиме во една клима на итна и извонредна узбуна, за да почнеме да ги решаваме наталожените проблеми. Само така одржуваме внимание на реалните проблеми и не им оставаме простор на властите, партиите и кримосите, премногу да се раскомотат. Нормалноста не е за нас, зашто таа е коруптивна, мрзлива, скриена од јавноста, а јавноста скриена и оттргната од јавното, секој зафатен со својата приватност и борба за гол живот. Се покажало дека најголемите „промени“ ако така може да се каже, ги правиме само кога сме приморани, немирни, концентрирани на проблемите, кога има некое триење и отворен и манифестиран немир. Промената на власт кај нас никогаш не донела подобро

Па тоа ни го покажуваат и српските студенти, иако работите меѓу нас и нив се различни. Но, тие сега го будат општеството кое ќе треба да го отстрани и замени автократот. Ние немаме таква автократија, но имаме ист, ако не и полош корумпиран и нефункционален систем. Српското општество овие 4 месеци се лекува, како да е на терапија за лекување од лудило, и тоа се прави само затоа што веќе никој не молчи и никој ништо не крие, туку се соочува со наталожените проблеми. Нам не ни треба акција за туркање власт, зашто промената на власт кај нас никогаш не донела подобро, едни казнуваме за други да дојдат и пак тие да нѐ казнат. Нам ни треба акција на подолг период за да ги примораме властите да почнат да менуваат работи и да не помислат повеќе да инвестираат во истиот хаос и нефункционалност. Повеќе не е доволно од избори до избори да имаме глас и демек нешто да менуваме. Потребна ни е партиципативна и директна демократија за безброј прашања. Но, тоа не е лесно зашто власта овие 30 години ги поклопи и ги ограничи сите форми на независно граѓанско делување. Но, мораме да изнајдеме сила и поттик за постојаното дејствување. Можеби некаде со пленуми, некаде со локално организирање на народ, некаде со неформални граѓански иницијативи, но нешто што би имало поредовен или перманентен карактер за вршење притисок и што би можело да им конкурира на партиите и нивните машинерии. Во Србија тоа се вика „народни збор“, а кај нас би било „собир на граѓани“, но не само за протести, тука како активна форма за мобилизација на граѓаните за решавање на одредени проблеми. Таа законска форма на самоорганизирање постои и кај нас, но е крајно непрактична и отежната. Па сепак, од некаде мора да се почне, можеби токму од создавање услови во коишто граѓаните ќе можат да се самоорганизираат на едноставен начин, а државата да биде должна да одговори. Еве им задача и на властите и на опозицијата.

  

Најново

(ВИДЕО) Манчевски: Ричард Гир ме разочара, не сме во контакт по неговата посета во Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчевски: Кој земал милиони евра за снимање филмови, а филмовите ги нема!

Sase Ivanovski

Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Sase Ivanovski

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

Sase Ivanovski

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

Sase Ivanovski

Драган Начевски и Индира Кастратовиќ добија нови функции во РФМ

Sase Ivanovski

Чешка го возвраќа ударот на Дубаи чоколадото!!! Ова мене ми личи дека со ракиичка ептен добро ќе иде 🥃

Sase Ivanovski

Филипче со предлог на лидерската: Заеднички независен кандидат за градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Кумановец нападнал полицајци, се обидел да ги избоде со нож

Sase Ivanovski

Прилепчанка украла платежни картички од нечиј дом, па со нив си купувала

Sase Ivanovski

Додик со пофални зборови до Вучиќ, кој бара од Интерпол да не го апси

Sase Ivanovski

„О2“: Инспекторатот за животна средина излажа за цијанидот во Крива Река, едниот инспектор работел во фирмата порано, а на другиот сопругата!

Sase Ivanovski

НАШАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО ПРВИТЕ 5 НАЈБРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски најавува убави времиња за Македонија

Sase Ivanovski

ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ДОЛЖАТ 8,12 МИЛИЈАРДИ ЕВРА КАЈ БАНКИТЕ Но нивните заштеди во банките се далеку повисоки

Sase Ivanovski

БАНКИТЕ РАСПОЛАГААТ СО 13,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Околу 10 милијарди евра се депозити на граѓаните и на компаниите

Sase Ivanovski

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА ОД ИЗБОРИТЕ НА МАРИН ЛЕ ПЕН? Францускиот Уставен суд може ѝ забрани да се кандидира за претседателка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗАСТРАШУВАЧКИ СНИМКИ ОД МЈАНМАР Мост заврши во река, минувачите шокирани од глетката

Sase Ivanovski

Останува куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Апелациониот суд Штип ги отфрли како недозволени жалбите

Sase Ivanovski

Партиски кадар и поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е директор на „Булмак 2016“ која ја загади Крива Река

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка

Sase Ivanovski

Билд: Путин се подготвува за голема војна со НАТО, според германска разузнавачка служба

Sase Ivanovski

Британското Министерство за одбрана истражува безбедносен пропуст – воени документи пронајдени фрлени на улица во Њукасл

Sase Ivanovski

Најмалку 144 загинати и 732 повредени во земјотресот во Мјанмар, објави државната телевизија

Sase Ivanovski

Шекеринска во понеделник на средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Sase Ivanovski

Наместо со 150 вработени за односи со јавноста, Владата со софтвер ќе следи кој новинар што напишал за неа, а тоа ќе го платат граѓаните

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

ССМ на 2 април излегува на протест

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

Sase Ivanovski

ДКСК: Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата – Резултати од работата на ДКСК

Sase Ivanovski

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ: Ве информираме дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година – 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Развојот на улицата Нутсубиџе во Тбилиси, Грузија, изграден помеѓу 1974 и 1976 година

Sase Ivanovski

Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

Sase Ivanovski

Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напаѓачот кој со нож избоде до смрт луѓе во Амстердам бил совладан од турист

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Д-р Врчаковски: Ако сте најголем пријател на пријателот не го примајте преку ред. Никогаш!

Sase Ivanovski

Пломба за познати клубови во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Повеќе од 40 работници затрупани – во земјотресот се урна недоизградена зграда во Бангкок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

Sase Ivanovski

Најмалку три лица загинаа во земјотресот во Бангкок, а 90 лица останале заробени под урнатините

Sase Ivanovski

МЖСПП: 200 илјади евра казна за „Булмак“ поради прекршок од трета категорија

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски предлага законски измени: Задолжително да се вршат контроли на објектите еднаш до двапати годишно

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

ДУИ бара Европската комисија преку нејзини експерти да ја следи истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Досега го прибиравме ѓубрето од Балканот, а сега го сакаме и отпадот од ЕУ!

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел се подготвува за војна, но Унгарија нема да војува со никого

Sase Ivanovski

Системот ЕТИАС е одложен, уште две години ќе се патува во Шенген без дозвола за патување

Sase Ivanovski

Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, вели евроамбасадорот Рокас

Sase Ivanovski

Сестрата и таткото на Фросина со обвинувања кон „Кој е следен“:„Политички глодари, политички некрофили…

Sase Ivanovski

Управата за финансиска полиција демантира дека не постапувала по пријавите на вработени од „ONE HOSPITAL“ – Тетово

Sase Ivanovski

Професор д-р Иван Анастасовски: Државата може да се организира само преку уредување на пoлитичките партии

Sase Ivanovski

ДОМ: Кривична пријава за екоцидот на Крива река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Костова: Наредната недела претседателот Филипче ќе повика на лидерска со предлог план

Sase Ivanovski

Таравари: Денес 8 пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште 9 пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова: Како врховна командантка на вооружените сили се гордеам со Армијата како наш важен актер во НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОСТАВУВАЧ НА ПИЦИ УПАДНА НА ПРЕС НА АНА БРНАБИЌ, ПОСТАВИ ПРАШАЊЕ ДО КОГА ЌЕ ГО ЛАЖАТ НАРОДОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПШТИНА КАРПОШ , Јакимовски: Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува сите прописи, два ноќни клубови одбиваат соработка и се ставаат над законите!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИ ЗГРАДИ ПАЃАА КАКО КУЛИ ОД КАРТИ ВО БАНКОК ДЕНЕСКА ПОРАДИ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,7 РИХТЕРИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Кристина Костова: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски, додека собира донации за жртвите од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пресконфренција – Сашко Митовски: Водите на Крива Река се со зголемено присуство на тешки метали

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерието на СДС нема крај, сега се зголемуваат платите, а пензионерите за 6 месеци имаат повисоки пензии за 5.000 денари

Sase Ivanovski

ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ: СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ ПОБЕДИ ВО КАРПОШ!

Sase Ivanovski

ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ЈА ЗАТРЕСЕ БИТОЛА Епицентарот бил во Грција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паника во Банкок по земјотресот во Мјанмар, стотици луѓе бегаат од дома

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Скопски кафич на денот: Бреадвеј на улица Македонија на Рекорд

Sase Ivanovski

МЕП: Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата

Sase Ivanovski

Трагедијата во Кочани и понатаму го тресе регионот – Што се крие позади несреќата во Македонија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, а Филипче да каже како поставил лице конзумент на дрога на партиска функција

Sase Ivanovski

Aзески: Жените треба да добиваат по 3 години платено породилно отсуство

Sase Ivanovski

Aзески: По преспанскиот договор бизнис климата на балканот е подобрена милион пати

Sase Ivanovski

Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори

Sase Ivanovski

Муцунски: Работен состанок по повод 5 години членство на државата во НАТО

Sase Ivanovski

АТС ГРУП И ТУРСКАТА МКЕ ПОТПИШАА СТРАТЕШКИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОДБРАНБЕНАТА ИНДУСТРИЈА

Sase Ivanovski

ОТКЛУЧИ ГО МИЛИОНОТ НА „SPORT LIFE“

Sase Ivanovski

Во Виена денес некој со Bugatti Chiron (цена 2.5-3 милиони евра) возел 119 km/h низ центар. Му ја одземале и дозволата и колата

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска ги примив вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска се обратив на потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу домашната компанија АТС Груп и турската државна компанија МКЕ – водечки субјект во одбранбената индустрија на Република Турција

Sase Ivanovski

Бил Гејтс: Вештачката интелигенција ќе ги замени лекарите и наставниците во рок од 10 години

Sase Ivanovski
Вчитувам....