13.8 C
Скопје
29/03/2025 12:47
МАКТЕЛ

    

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА – истражна постапка против 27 физички и три правни лица

      

Во интерес на целосно информирање на јавноста околу страотниот пожар кој одзеде 59 млади животи, Фактор целосно го пренесува соопштението од Основното јавно обвинителство кои работи на овој случај.  Основната информавија е дека ќе се спроведува истражна постапка против 27 физички и три правни лица од земјава. Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери. Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службените лица, довеле до тоа да при користење на пиротехничките средства на 16.03.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК во кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани, биде предизвикан пожар во кој настапила смрт на 59 лица меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца.

Доколку се обезбедат докази, во истрагата ќе бидат опфатени и други засега неутврдени лица кои иако биле свесни дека поради нивното сторување и несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување и придонеле за катастрофалниот исход. Трoјца осомничени се јавуваат како одговорни лица, сосопственици или управители во извесен период во правното лице чија подружница е клубот. Првиот од нив е закупец на објектот каде е лоциран клубот, реален сопственик и носител на целокупниот деловен потфат и работењето. Објектот со намена за лесна индустрија кој се наоѓал во индустриска зона воопшто не исполнувал услови да биде пренаменет во угостителски објект – кабаре согласно Законот за угостителска дејност, но во континуитет во целиот период осомничените добивале лиценца незаконито и организирале угостителски услуги. Притоа сите знаеле и биле свесни дека клубот не ги исполнува законски пропишаните услови и начин за вршење на угостителска дејност.

   

Во тој контекст, конкретно постои основано сомнение дека првоосомничениот за периодот од 13.02.2024 година до 13.02.2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија, му дал паричен износ за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и на тој начин, без притоа да биде спроведена законски пропишаната постапка, обезбедил фалсификувана службена исправа – лиценца за вршење на угостителска дејност. Поради тоа против вработениот во Министерството за економија е поведена постапка и за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик.

Една од осомничените е и сопственичка и управителка на осомничено правно лице од Кочани која во текот на 2010 година постапила по барање на осомничениот сопственик и му изготвила основен проект како услов за отпочнување со работа и вршење на угостителска дејност – кабаре, иако знаела дека не постоеле законски услови објектот да биде пренаменет од категорија лесна индустрија во објект што врши угостителска дејност – кабаре. Овој незаконит проект сопственикот во периодот од 2012 до 2023 година во континуитет незаконито го користел во прилог на барање за добивање линценци за вршење угостителска дејност. Во 2023 година тој се обратил на осомничената за да изврши корекција на основниот проект, а таа, без да изврши проверки на лице место, незаконски извршила промена на правните лица во основниот проект и со тоа овозможила кабарето да поднесува барања за лиценца.

Од Министерството за економија до овој момент осомничени се поранешен министер, но и поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството но на други раководни позиции. Сите тие со неизвршување на своите службени должности што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на осомниченото правно лице кое не ги исполнувало пропишаните услови и начин за вршење на угостителска дејност во повеќе наврати со лиценци му овозможиле вршење угостителска дејност – кабаре.

Двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност.

Осомничените тројца градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, како и осомничен поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон. За целиот тој период општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект.
Во однос на активностите на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи продолжува да врши проверки во насока на утврдување на сите пропусти во текот на целиот временски период на работа на клубот.

На 16.03.2025 година, еден од осомничените, одговорно лице во клубот, усно организирал концерт – настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК и притоа заедно со осомничените управители и осомничените припадници на агенцијата за обезбедување, свесни дека капацитетот и условите во објектот тоа не го дозволуваат, овозможиле влез на околу 650 посетители помеѓу кои имало најмалку 31 дете. Едно од осомничените лица вршело продажба на билети без притоа да води сметка за бројот и возраста на гостите кои смеат да присуствуваат, спротивно на Законот за угостителска дејност, овозможувајќи влез и присуство и на малолетни лица на настанот.
Осомничените одговорни лица во дискотеката и членови на обезбедување, не спречиле за потребите на настапот на групата ДНК да се внесат во угостителскиот објект и да се употребат експлозивни материи – пиротехнички фонтани, иако за тоа дејствие немале задолжителна дозвола издадена од надлежни органи за да ракуваат со пиротехнички средства, ниту пак просторните услови дозволувале употреба на такви пиротехнички средства. За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект. Во однос на пропустите на обезбедувањето, осомничени се сопственикот и управител на фирмата за обезбедување од Скопје, овластеното лице на подружницата во Кочани, тројца вработени и едно лице кое не било вработено во фирмата но вршело одредени работи за таа фирма. Сите тие вршеле работи на физичко обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, без да ги проверат условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, како и другите сигурносни услови особено во однос на опасности и можности за евакуација. Во текот на критичната вечер, не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот на посетителите во објектот и не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства со кои бил предизвикан пожарот и поради кои настанала несреќата во објектот. Сите осомничени се обезбедени. Кочанското обвинителство со оглед на тежината на кривичното дело кое им се става на товар и сите други околности, бара притвор за сите осомничени со исклучок на 3 лица кои се хоспитализирани.

Фото: ЕПА

  

Најново

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Sase Ivanovski

Зеленски: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Кочани, приведени четири лица

Sase Ivanovski

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче од една страна глумат разумни и повикуваат на единство од друга страна нема ден да не постапуваат како некрофили, правда ќе има

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во Куманово, следува пријава

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС е доказ дека сакаат селективна правда, наместо да се оградат од мали Фрчко и да побараат истрага од институциите, тие продолжуваат да молчат

Sase Ivanovski

До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници?

Sase Ivanovski

Најновиот сојузник на НАТО за прв пат ги испраќа своите авиони Грипен направени за војна со Русија да патролираат по границите на Алијансата

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран вели дека американските бази ќе бидат погодени доколку Трамп го нападне Иран

Sase Ivanovski

Ова е планот на Трамп да ја принуди Украина да ја врати гасната империја на Путин…

Sase Ivanovski

Путин лансираше подморница на нуклеарен погон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За Мерцедес нема смрт, буквално…

Sase Ivanovski

КАНA-РИНАЦ

Sase Ivanovski

Македонската ракија во Австралија

Sase Ivanovski

Андреа Јанков објаснува за свлечиштата на Водно и месноста викана “Љути Дол”

Sase Ivanovski

Големо невреме со град кај наплатната станица Кадрифаково на автопатот Штип – Миладиновци

Sase Ivanovski

За таткото кој продаваше имот, а се прошири веста дека тоа го прави за да покрие трошоци за своето дете кое е на лекување во Анкара, беше прашан министерот за здравство, Арбен Таравари…

Sase Ivanovski

Топ Тема – Од каде треба да почне ресетирањето на системот?

Sase Ivanovski

360° season 11, show 49 – За истрагата за Кочани и лекувањето на повредените во Солун и во Софија

Sase Ivanovski

Ѓоршиевски: На покана на советникот во град Скопје, Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед

Sase Ivanovski

Ова село плови на море веќе 130 децении и е единствената пловечка населба во светот

Sase Ivanovski

Тошковски: Присуствував на настан по повод одбележувањето на 5 години од членството на Македонија во НАТО, во касарната „Илинден“

Sase Ivanovski

Станбен комплекс во Екбатан, Техеран, Иран

Sase Ivanovski

Hyatt Regency San Francisco, дизајнирана од Џон Портман и завршена во 1973 година, ја олицетворува интеграцијата на бруталистичката архитектура со функционалните јавни простори

Sase Ivanovski

ЛУКАРЕВСКА: СДСМ НЕ СТОИ ЗАД БАРАЊЕТО НА ССМ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА!

Sase Ivanovski

Големо невреме вечерва погоди делови од источна Македонија, а на автопатот меѓу Штип и Свети Николе имаше и силни врнежи од град, кои целосно го обелеа и го оковаа патот во мраз

Sase Ivanovski

Трамп назначи Марк Брновиќ за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Русија вели дека Украина „виртуелно ја уништува“ гасната инфраструктура во Суџа

Sase Ivanovski

Израел уништи 70% од сите згради и 88% од инфраструктурата на Газа од почетокот на неговата геноцидна војна на 7 октомври 2023 година

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, беше домаќин на ифтарска вечер, во чест на големиот празник, светиот месец Рамазан

Sase Ivanovski

Илон Маск го продава X на сопствената xAI за 33 милијарди долари во зделка за сите акции

Sase Ivanovski

Откриено ново наоѓалише на злато во Србија кое крие 92 тона злато и скоро 3 милиони тони бакар

Sase Ivanovski

„Политиканти“ со Ненад Марковиќ, Борјан и Сашо, сезона 3, епизода 17

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Огромна пукнатина по земјотресот во Мјанмар

Sase Ivanovski

Возете внимателно по влажни коловози

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.000 загинати во силниот земјотрес во Мјанмар

Sase Ivanovski

(Видео) Лефков: Целиот систем е девастиран – главната одговорност е во МВР

Sase Ivanovski

Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Sase Ivanovski

Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, се чистат одрони од Делчево до Берово

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Кичевската „2 СС“ ја основал директор на Агенцијата за пошти од ЛДП, кој му продал акции на сватот на Ахмети!

Sase Ivanovski

Кочани: Последното предупредување | ИРЛ

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН на ифтар кај Курти ќе разговараат и за локалните избори

Sase Ivanovski

Зеленски не признава долгови кон Америка

Sase Ivanovski

Трамп: Ни треба Гренланд, мора да го имаме!

Sase Ivanovski

Апелација го укина обвинението за убиството на малата Данка

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Собранието

Sase Ivanovski

Стрелките на часовниците одат еден час напред, почнува летното сметање на времето

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и дождливо, можно е невреме

Sase Ivanovski

„Неканетиот гостин“ Џеј Ди Венс од Гренланд ја нападна Данска дека не вложува во островот

Sase Ivanovski

Поранешниот директор на полицијата во Црна Гора осуден за шверц на цигари

Sase Ivanovski

Трамп назначи политичар со српско потекло за нов американски амбасадор во Белград

Sase Ivanovski

Скопјанка пријавила дека 11 години помладиот партнер ја натепал на паркинг во Аеродром

Sase Ivanovski

Вучиќ: Добивме ново одложување на американските санкции кон НИС за 30 дена

Sase Ivanovski

Внимателно на патот Делчево-Пехчево- Берово, се чистат одрони

Sase Ivanovski

ОО ДОМ Охрид: Против уништување на јавниот здравствен простор – „Маларична“ мора да остане во служба на граѓаните

Sase Ivanovski

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Извештајот на ММФ говори за катастрофалното владеење на СДС/ДУИ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Младите од Западен Балкан усвоија Декларација, бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки

Sase Ivanovski

Северна Македонија станува дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Sase Ivanovski

КОНКУРС “ЈАС, ИТАР ПЕЈО”

Sase Ivanovski

Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

Sase Ivanovski

Разобличување на кампањата насочена против граѓанското учество во јавниот собир на иницијативата „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

Муртезани: „Први во регионот ги добивме средствата, ЕУ испраќа силна порака за доверба и партнерство во нашиот реформски капацитет“

Sase Ivanovski

МУРТЕЗАНИ: 7,96 милиони евра се наменети за директна буџетска поддршка

Sase Ivanovski

597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Кривична пријава за даночно затајување      

Sase Ivanovski

Јавен повик за финанска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: По тешката трагедија во Кочани мора да има промена на целокупниот институционален систем

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Граѓаните можат да бидат спокојни, ќе се решаваат сите аномалии во јавните установи

Sase Ivanovski

Филипче е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога, СДС да не молчи и да каже дали го одобрува користењето на кокаин?

Sase Ivanovski

Герасимовски ја донираше својата плата за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Sase Ivanovski

Беќаровски: Инспекторите и министерот за екологија нека пливаат во Крива Река и нека испијат литар вода да докажат дека не е токсична!

Sase Ivanovski

НАСА го демантира Вучиќ: Не се занимававме со звучниот топ

Sase Ivanovski

Измамници прелажале сопружници со болно дете – им нуделе донации, па на нивно име земале брзи кредити

Sase Ivanovski

Необична ситуација: Германски ски-скокач се откажа од натпреварувањето во Планица поради – страв од висина!

Sase Ivanovski

Студенти од Нови Сад завршија во болница, ги претепале оти пееле против поддржувачите на Вучиќ

Sase Ivanovski

НАЈДЕНА ГРОБНИЦА ВО ЕГИПЕТ СТАРА 3.600 ГОДИНИ Археолози го открија мистериозниот фараон што го заборавила историјата

Sase Ivanovski
Вчитувам....