Концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар, кој првично беше откажан поради трагедијата во Кочани, сепак ќе се одржи. Од Национален џез оркестар известуваат дека датумот и локацијата остануваат непроменети, 25-ти март во Национална опера и балет Скопје, а настанот ќе има хуманитарен карактер.
-Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства, истакнаа од НЏО. Оваа одлука била донесена бидејќи сите се афектирани од трагедијата во Кочани, а од оркестарот сакале да придонесат за фамилиите на загинатите и повредените во пожарот.