Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп, при што со прострелна рана ранил службеничка во пределот на стомакот.
Службеничката од ЦСР е веднаш пренесена во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ каде во моментот се извршува оперативен зафат. Од страна на МВР се врши увид на местото на настанот, повеќе информации во текот на денот.