Повеќе од 300 сведоци ќе бидат на распит, но ќе бидат преземени и други истражни дејствија од страна на јавните обвинители, во врска со истрагата за трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица.
„Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика. Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области“, наведено е во соопштението од Обвинителството. Се очекува ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани.
„Денеска обвинителите во Кочани обезбедуваат докази“, се додава во соопштението.