Не стивнуваат реакциите за трагедијата која пред една недела се случи во дискотеката Пулс, во Кочани. Овој пат се огласи и Солза Грчева. „Сите сме потресени од трагедијата во Кочани и уште живееме во стрес како ќе се опоравуваат повредените. Но, им порачувам на разни некрофили да не ја злоупотребуваат ситуацијата за да ловат во матно. Владата покажа силна спремност да се справи со ситуацијата и второ, тргна без пардон да апси секој еден поврзан со настанот. Има силна решеност да се пресмета со криминалот и корупцијата кои не јадат одвнатре. И не само во овој случај.
На многумина им препорачувам да не спијат мирно. Си знаат кои се, а и ние сите ги знаеме. Завршува ерата на локални и национални шерифи кои за пари и државата заедно со нас ја продаваа. Брзо некој ќе им тропне на врата!“, напиша таа.