14.8 C
Скопје
26/03/2025 13:45
МАКТЕЛ

    

ВО ПРВИОТ ИСКАЗ РЕКОЛ ДЕКА ПАЛЕВСКИ ГИ ИЗВРШИЛ УБИСТВАТА, ВО ВТОРИОТ НЕГИРАЛ СЀ Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и на Панче

      

„Го прашав Палчо зошто го стори тоа, молчеше. Го запаливме ‘цитроенот’. Во партија пак го прашав ‘Зошто го стори тоа, не беше договорот да ја убиеме’, рече ‘да помине време, ќе бараме откуп од семејството’“, се наведува во записникот од исказот на Боре даден на 4 декември 2023 година во Обвинителство. Бидејќи обвинетиот Боре Видевски на претходното рочиште негираше вина за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, обвинителите побараа да се прочитаат неговите искази дадени во Обвинителството на 4 и на 21 декември 2023 година. Во записникот од испитување на Боре од 4 декември 2023 година тој вели дека останува на сѐ што кажал во полиција. „Целата ситуација се договорила без јас да знам. Велибор ми спомна дека ќе се бараат пари, јас бев во криза и се согласив. Четворицата се договоривме да се земе колата на Панче, но да остане жив. Го грабнавме и отидовме до селото Рудник, го извадивме, го ставивме во грмушките. Јас и Влатко се вративме назад, а Палевски и Манев останаа кај дупката и слушнав истрел. Велибор го предложи Панче, оти му должел пари. Го грабнавме од дома, јас го удрив, тој падна, а Велибор го врза. Палчо му ги зеде клучевите и телефонот. Со ‘цитроенот’ и со ‘реното’ отидовме кај Рудник. Сите четворица го однесовме кај ископаната дупка. Јас и Влатко се вративме, и како што кажав, слушнав истрел. Се свртев и го видов Палчо со пиштол во рацете.

Во Скопје го прашав Палевски зошто го стори тоа. Рече дека така е почисто. Во неделата ми се јави Велибор да одиме во Скопје, оти требало да се грабне девојката. Таму Палчо ми кажа дека бил известен од таткото на девојчето дека утре ќе оди на училиште сама, треба да се грабне и да се однесе. Планот беше да бараме откуп и да ги поделиме парите. Тргнавме на 27.11 кон Радишани, каде јас и Влатко се преместивме во ‘цитроенот’. Палчо ни кажа во која зграда да одиме, ни рече да го земеме девојчето, знаеше во кое време точно ќе излезе. Ја отворивме вратата со шрафцигер. По пола час девојчето излезе, Велибор ѝ ја врза устата и ѝ рече да не вика оти ќе ја убие. Велибор ја стави девојката во гепекот, ѝ го зедовме телефонот. Палчо ни рече да го уништиме, Велибор го удри телефонот два пати со чекан, и јас го удрив. Стигнавме во Бразда, го отворивме гепекот, девојчето беше во вреќа. Палчо почна да ја прашува како се вика, кои ѝ се родители, каков имот има. Девојчето одговори дека татко им не ги сака, ама мајка ѝ сѐ ќе даде за неа. Имаат станови, имоти. Ја извадија од вреќата, слушнав истрел. Се доближив, девојчето лежеше во дупката, која не знам од каде се создаде таму. Велибор ја закопуваше. Го прашав Палчо зошто го стори тоа, молчеше. Го запаливме ‘цитроенот’. Во партија пак го прашав ‘Зошто го стори тоа, не беше договорот да ја убиеме’, рече ‘да помине време, ќе бараме откуп од семејството’.

   

После тоа си отидов во Велес и видов на мрежите дека девојчето се бара. Не знам колкав дел од парите јас требаше да добијам, не беше договорено. Мислам дека ги уби двајцата со ист пиштол. Неделата вечерта на Палчо му се јави некој. Палчо рече дека тоа беше таткото кој му рекол дека девојчето само ќе излезе утрото“, се наведува во записникот од исказот на Боре даден на 4 декември 2023 година во Обвинителство. Во Записникот од 21.12.2023 е заведено дека Видевски рекол дека нема потреба од лекар и дека немало прекршување на полициските овластувања. „Неделата кога дојде полицијата кај мене, на 3.12, јас бев на пазар. Рекоа дека одиме во ПС Велес, таму ми ги зедоа телефонот и ташничето и ме однесоа во Скопје, во ПС Пролет. Ме симнаа во келија во станицата, ме качија во канцеларија и тогаш почна тортурата. Бев тепан насекаде, освен во главата. Се грижев за трансплантираниот бубрег. Јас не знам кој ме тепаше, претпоставувам дека беа инспектори. Тепањето траеше половина час и се засилуваше. Рекоа дека ако не кажам сѐ што бараат, ќе ми натоварат сѐ. Реков дека со Палевски се познавам неколку години, а со Велибор одамна. Кешишев го знам како готвач на Палевски, а Александар не го познавам. На 22.11 бев на работа. После се прибрав дома, после требаше да одиме на именден кај братот на мојата сопруга. Но, ѝ се слоши на мојата ќерка, отидов во Здравствен дом Велес, сопругата се погрижи за неа оти е медицинска сестра. Отидовме вечерта на гости.

Следното утро отидов на работа. Да појаснам дека јас сум понов на работното место во управната зграда на ЈП Дервен и немам картичка за куцање. Мојата работа беше да ги средувам нарачките. На 22.11 бев цел ден на работа. Во ЈКП Дервен работам со договор на еден месец, а последниот договор ми е на 6 месеци. Не го знам Панче, не го познавам. Во тоа село сум бил пред 10 години. Сакам да кажам дека тоа што претходно го кажав, на минатиот распит, беше од страв, под присила од полицијата. Не сум запознаен со предметните настани и не сум учествувал во нив. Бев исплашен за мојот живот и за моето здравје. Побарав Васко Стојков да ми биде бранител, тој е член на партијата, а бранителот по службена должност го прифатив, но немав доверба во него. Критичниот ден и наредните денови јас контактирав со Манев, можно е и да сме се сретнале. Со Кешишев нема шанси да се видам, освен ако не отидам во партија. На 26 вечерта околу 22.30 часот отидовме во партија, имавме состанок, требаше да организираме конгрес, сакавме да учествуваме на изборите. Велибор е слободен само во недела и затоа во тој ден отидовме да се договараме. Собиравме и потписи против плановите за промена на името на црквата. Вечерта останавме до доцна и си легнавме. Утредента станав во 10, таму беа Палевски, Велибор, Кешишев. Во понеделникот не бев на работа имав земено 2 слободни дена. За тие два дена не поднесов барање за одмор, оти не прават проблем на работа. Не знам колку члена има партијата, имаше 1.500. Не знам со кого контактирал Палевски. Не знаев дека е заминат од Македонија. Повторувам дека реков дека немало пречекорување на полициските овластувања од страв“, е наведено во записникот.

На прашањето зошто токму него полицијата го привела и е осомничен, Видевски рекол дека не знае. Тој негира дека бил на улицата Наум Наумовски Борче во Скопје и дека на 27.11.2023 година се возел во „цитроен“ или во „кангу“. Видевски негира дека Палевски имал оружје. Рече дека не бил во населбите Радишани и Маџари, а во Бразда бил еднаш, во црквата во селото, каде се одржал првиот конгрес на Десна. Адвокатите Бојан Манев, Горан Бошевски и Владимир Туфегџиќ немаа прашања за Видевски на денешното рочиште. Палевски го испрашуваше Боре и тој повтори дека нема врска ниту со „цитроенот“, ниту со делата. – Дали сите наводи на Јавното обвинителство ги негирате во целост? – праша Палевски. – Да – рече Боре. – Дали еден полицаец, на околност оружје, или обвинител во текот на истрагата ве праша дали поседувате оружје? – праша Палевски. – Сигурен сум дека не – рече Боре. – Обвинителството наведе доказ во форма на прашање дека Манев ви пратил слика како Жежовски стои покрај „цитроенот“. Не ви беше чудно што ви праќа таква фотографија на 13.11.2023? – праша Палевски. – Прво реков дека е можно, но не сум сигурен дека ми пратил слика. Но кој било може да ми прати слика по грешка, па многу работи така ги игнорирам – рече Боре. Адвокатот Јовица Страшевски го праша Боре дали му е чудно што во истрагата Обвинителството и полицијата не му ја покажале фотографијата што му ја испратил Велибор Манев. – Точно е, сликата воопшто не ми е покажана, ниту ми е спомната, ниту сум прашан – рече Боре.

  

Најново

ПРИВЕДЕНИ СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО Кој ја зел фалц лиценцата од Министерството за економија?

Sase Ivanovski

БУРНО ВО ФИЛХАРМОНИЈА Вработените не го сакаат незаконски поставениот директор

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО И УРБАНИЗМОТ Меѓу нив се и 73 фирми кои градат мостови, патишта, централи…

Sase Ivanovski

РУСИЈА СЕ СОГЛАСИ НА ПРИМИРЈЕ ВО ЦРНОТО МОРЕ, НО ПОСТАВИ УСЛОВ Американците ќе помогнат за укинување на санкциите за извоз на храна

Sase Ivanovski

СИМБОЛИЧЕН ПРЕКИН ВО 59. МИНУТА НА МЕЧОТ СО ВЕЛС Пред почетокот минута молк за загинатите од Кочани

Sase Ivanovski

ВО АПРИЛ СНЕГ ДО КОЛЕНА? Македонија пред нов студен бран

Sase Ivanovski

КОЗМЕТИЧАРКА ЌЕ ЛАКИРА ГРАНАТИ, А ЕКСПЕРТ ЗА НАФТА ЌЕ ПРАВИ ТЕНК Германија инвестира стотици милијарди евра во индустријата за оружје, но нема кадар

Sase Ivanovski

ОБЈЕКТИТЕ КОИ ИМААТ ПРОПУСТИ ЌЕ ДОБИЈАТ РОК ЗА КОРЕКЦИЈА Перински вели дека безбедноста на граѓаните е најважна

Sase Ivanovski

ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ЌЕ ДОБИЈАТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Наскоро ќе се објави јавен оглас

Sase Ivanovski

„ФИЗИЧКИТЕ РАНИ ЌЕ ЗАРАСНАТ, НО ДУШАТА КРВАВИ“ Дарко Стојанов по преживеаниот пекол во Кочани

Sase Ivanovski

ОМИЛЕНАТА СЛИКА НА ЗЕЛЕНСКИ ЈА РАЗБЕСНИ МОСКВА Кремљ гори на платното на грузиски уметник

Sase Ivanovski

СРБИЈА ПОД ПРИТИСОК ОД БРИСЕЛ Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара слобода на медиумите и борба против корупцијата

Sase Ivanovski

ВРЕДИ ДА СЕ БИДЕ ШАМПИОН Еве колку пари ќе добие победникот на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

(ФОТО) ВО КУЧКОВО ПОВТОРНО ЌЕ СЕ СЛУША ДЕТСКИ ЏАГОР Еве како изгледа Центарот за рехабилитација на деца излекувани од канцер

Sase Ivanovski

ЛАВОВСКО РЕМИ СО ВЕЛС Македонија испушти шанса за победа

Sase Ivanovski

„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРЕНЕРОТ НА ВЕЛС: Народот на Велс сочувствува со вас, имавме слична трагедија на таа во Кочани, сочувство до сите семејства на загинатите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ОД ВОДАЧИТЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ЗА КОЧАНИ Е СИНОТ НА ЕКС ПРЕМИЕРОТ ВЛАДО БУЧКОВСКИ: Овие протести се најголем патриотизам во моментов!

Sase Ivanovski

Дете и 56-годишен човек вчера се повредени откако биле прегазени од возачи во одвоени инциденти во Скопје, а и во двата случаја возачите избегале од местото на несреќата

Sase Ivanovski

Економските моќници на Азија во 2024 година

Sase Ivanovski

Екрем Имамоглу и голем број негови соработници се во центарот на голема истрага под обвинение за корупција и тероризам

Sase Ivanovski

Само во угостителството, вчера во 116 вонредни надзори, 10 правни субјекти добиле решение за привремена забрана. На 15 им е одземена лиценцата, а издадени се и 59 прекршочни платни налози

Sase Ivanovski

ИРЛ ја доби наградата за најиновативен новинарски производ за проектот „Мобилна редакција: Кичево“

Sase Ivanovski

24 Отворено – Дали трагедијата во Кочани ќе биде пресвртна точка за вистински промени

Sase Ivanovski

Кочанци бараат правда: Доживотен затвор за сите виновници

Sase Ivanovski

Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?

Sase Ivanovski

Попов: Имаме одговорна реакција од Владата, виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност

Sase Ivanovski

Се одржа 49-та седница на Советот на општина Струмица

Sase Ivanovski

Се реконструира Градската капела во Струмица

Sase Ivanovski

Одбележан 80 години постоење на Црвен Крст на Република Македонија

Sase Ivanovski

Градоначалникот Костадинов на средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер

Sase Ivanovski

Костадинов: Сите инспекциски служби се на терен!

Sase Ivanovski

Секретарот Оџаков на студиска посета во Шведска

Sase Ivanovski

Мерки и решенија за заштита на животната средина во општина Струмица по барањата на Протестот за заштита од аерозагадувањето

Sase Ivanovski

Решение за свикување на четириесет и деветтата седница на Советот на општина Струмица

Sase Ivanovski

Ставена првата плоча на новиот ученички дом во Струмица

Sase Ivanovski

Власта на ВМРО ДПМНЕ ја блокира реконструкцијата на патот Струмица – Дабиле

Sase Ivanovski

Костадинов: Во екот на огромна тага и жалост, договорките ВЛАДА ВМРО ДПМНЕ-ЕВН за СИСТЕМСКИ обид за рушење на дигнитетот, авторитетот на општинските јавни претпријатија, денеска за долг од 2.000.000 денари верувале или не, ја исклучија струјата на ЈСП Струмица транспорт

Sase Ivanovski

Во Струмица во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците во случај на пожар

Sase Ivanovski

Во Турција за 5 дена уапсени 1.418 луѓе кои учествувале во протестите

Sase Ivanovski

Во Велес се одржа работилницата: “Унапредување на медиумската регулатива во Македонија – усогласување со стандардите на ЕУ”

Sase Ivanovski

Полупроводнички компании по приходи

Sase Ivanovski

Нефункционални хидранти и во СОУ „Гошо Викентиев“ во Кочани!

Sase Ivanovski

Европски суд за човекови права: Владата на Србија да се изјасни дали е употребен звучен топ на протестот на 15 мар

Sase Ivanovski

Тим од Центарот за социјални работи во Прилеп од 2020 год. работел на предмет за семејно насилство и бракоразводна парница на осомничениот. Застреланата службеничка била вклучена на почетокот, но кога тој почнал да ѝ се заканува и да ја демне, била отстранета од тимот

Sase Ivanovski

Циклон доаѓа во Македонија, следува невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Sase Ivanovski

Никола Пановски во „Само Вистина“: Ова е трагедија од која ќе има многу повеќе последици

Sase Ivanovski

Трошоци за здравствена заштита како % од БДП

Sase Ivanovski

Воен пакт помеѓу Србија и Унгарија

Sase Ivanovski

Вработени во администрација кога ќе ги прашаат што работат…

Sase Ivanovski

Игор Џамбазов: Нема повеќе од тројца пијаници глумци во Скопје

Sase Ivanovski

Стефковски: Навиваме за нашата Македонија‼️

Sase Ivanovski

Самсунг ќе го префрли раководството по смртта на својот ко-извршен директор Хан Џонг-хи, кој почина од срцев удар

Sase Ivanovski

Уапсен екс директорот на Државни патишта – Ејуп Рустеми од ДУИ

Sase Ivanovski

До крајот на оваа година, Норвешка сака секој нов автомобил продаден во земјата да биде електричен – и на добар пат е да ја постигне својата цел

Sase Ivanovski

Еден од палестинските режисери на документарниот филм награден со Оскар „Нема друга земја“ во понеделникот бил претепан од израелски доселеници на окупираниот Западен Брег, а потоа киднапиран од израелската армија

Sase Ivanovski

Истражувачките стории за тендерите во енергетскиот сектор, кои беа презентирани во емисијата КОД, ја добија престижната новинарска награда „Никола Младенов“

Sase Ivanovski

Волт официјално стартуваше во Скопје, нуди бесплатна достава во следните 30 дена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Топанско Поле!

Sase Ivanovski

КАКОВ РЕСЕТ МУ ПОДГОТВУВА ВЛАДАТА НА СИСТЕМОТ: Открива Ивица Томовски

Sase Ivanovski

Топ Тема – Кои се изговорите за 30 години пропусти?

Sase Ivanovski

Македонскиот аграр има потреба од нов начин на субвенционирање велат од земјоделските здруженија

Sase Ivanovski

САД постигнаа договор со Украина и Русија за безбедно поморство во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура

Sase Ivanovski

Првиот од 115-те пациенти на лекување во странство се врати во земјава

Sase Ivanovski

Николовски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка за одземање се вкупно 479 лиценци поради неправилно работење

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Време е за целосен системски ресет, инспекцискиот надзор мора да биде законска обврска

Sase Ivanovski

Приведен дрвокрадец од скопско

Sase Ivanovski

Влада: Усвоени се низа на мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој е Бране Петрушевски да одговара на прашања упатени до МВР и Обвинителство?

Sase Ivanovski

Собрание: Одложување на собраниските седници беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, на што се согласија сите пратенички групи

Sase Ivanovski

Министерството за здравство, Таравари: Денеска 12 пациенти се пуштаат дома, веќе имаме понуди од неколку западноевропски држави за подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против пет лица поради злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска во Штип: 130 психолози обезбедуваат дополнителна психосоцијална поддршка за учениците, наставниците и родителите по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

OPEL CORSA ELECTRIC СО УШТЕ ПОГОЛЕМ ОПСЕГ

Sase Ivanovski

ЦУ: Царина со засилени контроли на лиценците во меѓународниот патен сообраќај – за една недела предкривични постапки за три случаи, а вратени назад и 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер

Sase Ivanovski

Меѓународната Ротари претседателка Урчик во посета на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Се гради мега-паркот со плоштад во населба Радишани во вредност од 20 милиони денари

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен бегалец од затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се зголемат средствата за капитални проекти, а ќе се донесат и странски инвестиции и ќе се отворат нови работни места во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....