Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека во владината коалиција е се во ред, додека за односите во ВРЕДИ, од каде доаѓа тој, рече дека состојбата е релативно стабилна. – Ова е ирелевантно за темата која што ја разговараме денеска, меѓу коалициски разговори, тоа се веќе политички теми. Јас мислам дека денеска повеќе сум фокусиран на темата здравство.
Во Коалицијата ВРЕДИ состојбата е релативно стабилна и во владината коалиција се е во ред – рече Таравари на прес конференција во Министерството за здравство. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање да ги коментира вчерашните објави во дел од медиумите на албански јазик дека би можел да ја напушти Коалицијата ВРЕДИ и дека коалицијата бара најмалку 40 отсто од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори во октомври.