Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска и првите 24 часа ќе бидат сместени во Клиники. Ова го изјави денеска на прес-конференција македонскиот министер за здравство, Арбен Таравари. Порача дека „Вчера се вратија еден пациент од Србија и еден од Бугарија. Бројката на пациенти кои во овој момент се лекуваат во странство е 113, а со овие пет што ги очекуваме денеска, ќе падне на 108.
Трендот на пациенти кои се подготвуваат за враќање се зголемува“. Таравари додаде дека во домашните болници се лекуваат 23 пациенти. „Четворица во Клинички центар, по двајца на Пластична и реконструктивна хирургија и двајца на Токсикологија. Во стара Градска болница се шест пациенти, во „8. Септември“ се девет од кои еден денеска ќе биде испишан и во „Систина“ се четворица. Сите се наоѓаат во стабилна, добра состојба“, истакна тој.