Во една исклучително тешка сезона за нас како тим. Во една исклучително тешка ракометна лига во која сите ракометни центри почнаа сериозно да играат ракомет, КАВАДАРЦИ е повторно во друштво на елитата на македонскиот ракомет, борејќи се за едно од местата кои водат во ЕВРОПСКИТЕ ЛИГИ.
Пред се би сакале да упатиме огромна благодарност до сите компании кои низ годините се дел од оваа ракометна приказна, а особена благодарност до Градоначалникот на град Кавадарци г-дин Митко Јанчев и советот на Општина Кавадарци, и секако душата на спортот во Кавадарци, навиувачката група ЛОЗАРИ!
Нашата цел е веќе ОСТВАРЕНА! Сега е момент на надигрување со најдобрите!
Ни претстојат 2 тешки месеци во кои ќе одиграме 10 кола од Плеј Офф фазата и одигрување на натпреварите од Купот на Македонија, па поради густиот распоред ќе одиграме дури 4 вонредни кола. Со оваа победа денес над екипата на РК ФРУИТЛЕНД БОРЕЦ влегуваме со 1 бод во следната фаза и имаме солидна предност да се надигруваме.