Во 2022 година, стапката на сиромашни лица била 22,9 отсто, покажаа дефинитивните податоци за Лаекенските индикатори за сиромаштијата, кои македонскиот Државен завод за статистика (ДЗС( ги пресметал врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година била највисока, односно 27,2 отсто.
Она што загрижува е фактот дека и покрај тоа што имале работа, стапката на сиромашни вработени лица била 8,9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери била 9,9 отсто. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) е 29,8 отсто, покажа истражувањето на ДЗС.
View this post on Instagram