Универзитетскиот професор во пензија Борче Давитковски е гостин во најновата емисија „Пресврт“. Тој во разговорот во студиото на „Слободен печат“ говореше за тоа дали ужасната трагедија во Кочани ќе биде последната шанса за фабричко ресетирање на системот и свеста во Македонија. Зошто пратениците во Собранието во една ваква деликатна состојба на државата не се во пратеничките клупи за граѓаните, но и дали може системот кој е сочинет од институции кои ги водат партиите да се реформираат а граѓаните да ја вратат довербата во правото и правдата. Ова се едни од прашањата за кои дискутираше професорот Давитковски.
– Сегашните пратеници се согласиле пратенички, преку нивните пратенички групи уште една недела да земат „тајмаут“, бидејќи ќе имало пратенички прашања, па да не се злоупотребувала говорницата. Па, токму говорницата е за тоа ако треба да се злоупотреби. Ако треба некоја политичка одговорност да се бара, а не они да се кријат едноставно да не работат. Повторувам, има многу прописи коишто се виде сега во некои Закони дека кои треба промптно да се интервенира, со цел да се надминат некои слабости. И сега наместо да земат тие Закони и да се интервенира, пратениците не доаѓаат на работа. Мене ми е страв да не испадне ситуацијава како кампања. Треба перманентно да се инсистира на стручност и компетентност на доследна примена на Законите се со цел да имаме брза и професионална истрага за расчистување на несреќата – посочува Давитковски. Целиот разговор со професорот Борче Давитковски можете да го погледнете утре на каналот и порталот на „Слободен печат“ во емисијата