Филип Илијев од Кочани бил дома кога избувнал катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но кога разбрал што се случува, веднаш го разбудил неговиот татко и отишле да помагаат. Двајцата цела ноќ им давале прва помош на повредените и ги носеле во болница.
Во видео за SupportKochani, Илијев упати и апел до сограѓаните да не ги прашуваат и да не ги потсетуваат на тој настан луѓето кои биле присутни во дискотеката кобната ноќ затоа што може да дојде до психолошки пореметувања, панични напади и други последици. „Сликата беше страшна… Луѓето изгледаа… не знам како да опишам, немам зборови со кои ќе се опише тоа“, вели Илијев.