Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сака САД и другите западни сојузници да останат силни во конфронтација со Русија и нејзината „пропаганда“ во тригодишната војна. Зборувајќи во Париз пред панел европски новинари пред самитот на европските лидери, Зеленски рече дека проруските позиции од Вашингтон го ослабуваат притисокот врз Русија и не придонесуваат за воспоставување мир на, како што го нарече, најголемиот европски конфликт од Втората светска војна, објави Ројтерс. Тој потврди дека Киев се согласил на разговори за прекин на огнот за да обезбеди обнова на американската воена помош и размена на разузнавачки информации.
Сепак, според него, Русија поставува дополнителни барања во однос на црноморскиот регион и енергетските цели, пред се поради намалувањето на санкциите против Москва.„Тие ги условуваат санкциите од американската страна. Ако Америка остане силнa…. ние сме на своја почва и се браниме. Покажавме издржливост – посочи тој. Запрашан дали верува дека САД ќе останат цврсти во својата поддршка за Украина, Зеленски одговори „Се надевам дека е така. Да даде Господ, нека биде така.“