Портпаролот на палестинското исламистичко движење Хамас, Абдел Латиф ал-Кану, е убиен во израелски воздушен напад во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, доцна во средата. Информацијата во раните утрински часови во четвртокот, ја објави новинската агенција Шебаб, која е поврзана со фракцијата. Неговото тело е фотографирано во мртовечницата на болницата во Газа.
На 5 февруари, по предлогот на Трамп САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа и насилно да ги префрлат Палестинците што живеат таму надвор од палестинската енклава, Абдел Латиф ал-Кану го нападна американскиот претседател, осудувајќи ја како „расистичката американска позиција што се усогласува со онаа на израелската крајна десница за раселување на нашиот народ и каузата за елиминација“.