Ивица Боцевски е докторанд по Модерна историја, односно неговиот докторски труд се однесува на истражувањето на периодот на демократизација на македонското општество во периодот од 1989 до 1991 година, па токму затоа дава прецизна слика на периодот од распадот на социјалистичкиот поредок и претходната држава.
– Факт е дека ако ги погледнеме анкетите, истражувањата на јавното мислење, посебно овој период што сакаме да го дискутираме, до самиот крај таа земја има целосен легитимитет од сите свои граѓани. Ако гледаме една анкета на „Борба“, правена таму на крајот од 80-тите години. Значи ако од денешен аспект видиме кои биле најпроблематичните краеви на Југославија, како Косово и Словенија, дури и таму поддршката е над 90 проценти од населението – вели Боцевски. Во Митови и факти тој говори за најбитните датуми од нашата понова историја и начинот на кој политичката елита реагирала во драматичните моменти. Интервјуто ќе се емитува со почеток од 20 часот на јутјуб-каналот на Слободен печат.