Русија има пријатели низ целиот свет – и на Запад и на Исток, нагласи рускиот претседател Владимир Путин на седницата на надзорниот одбор на „Движењето на првите“. „Ние имаме многу пријатели насекаде на Запад, на Исток, на Север, на Југ. Низ целиот свет. И имаме многу повеќе пријатели од оние луѓе кои навистина не не разбираат“, рече Путин. Има луѓе на таканаречениот Запад кои не ја разбираат Русија.
Но, тоа не не спречува да живееме и да се развиваме. Тоа само треба да не мотивира да го зголемиме бројот на луѓе кои не разбираат и сакаат да живеат со нас во мир и пријателство”, додаде Путин. Русија ќе развие пријателство со сите народи во светот ако активно работи со патриотската младина, која е основата на иднината на земјата, посочи претседателот. Според него, Русија мора да гледа и да оди напред.