Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба. Исто така нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ.
Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче. Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени.