Папата Франциск, кој закрепнува од тешка пневмонија, ќе го испрати својот традиционален благослов “урби ет орби” од плоштадот Свети Петар на Велигден според грегоријанскиот календар, кој е на 20 април оваа година, објави Ватикан денеска. Сепак, не било јасно дали 88-годишниот аргентински папа ќе биде во можност да претседава со другите прослави, што е малку веројатно со оглед на густиот распоред во Светата недела.
По пет недели поминати во болница во Рим, папата се врати во Ватикан во недела и таму ќе продолжи со своето закрепнување најмалку два месеца, со моторна и респираторна рехабилитација и без јавни активности. Кршливоста на Франциск, со изразени карактеристики на лицето и слаб глас по напуштањето на болницата Џемели, ги натерало верниците да се сомневаат во неговото присуство на Велигден.