Анимето содржи преувеличени акциони сцени со борби, добра синхронизација со глас, и прави набрзо склопено клише од генерични љубовни приказни со обрасци на Дизни долгометражни цртани со класични отсечоци со пеење, иако е не е наменето за деца поради крвави и екплицитни сцени. Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е базирано на расказот „Мала жртва“ (A Little Sacrifice) што е дел од книгата на Анжреј Сапковски „Мечот на судбината“. Расказот не се класифицира баш како „краток расказ“ затоа што е долг околу 64 страници. Анимето содржи преувеличени акциски сцени со борби, добра синхронизација со глас, и прави набрзо склопено клише од генерички љубовни приказни со обрасци на Дизни долгометражни цртани со класични отсечоци со пеење, иако е не е наменето за деца поради крвави и експлицитни сцени.
Што се однесува до самата приказна во книгата, сирената е вљубена во војводата не во неговиот син како во анимето. Друга несогласност е тоа што девојката – бард Еси Давен позната како „Очка“ на полски јазик, a „Little eye“, во книгите се познава со главниот јунак Гералт од Ривија и пред тоа, а во анимето е изменето да биде дека првпат се среќаваат и се поврзуваат романтично. Еси Давен ја викаат „Очка“ затоа што има крупни сини очи, но едното око и е секогаш покриено од нејзината коса.
Што се однесува до борбите во анимето, стилот на борба на Гералт овојпат е ултра верзија од пируети и превисоки „матрикс скокови“ додека се бори. Но сепак самите борби изгледаат инвентивно од аспект на кореографија на употреба на меч каква што често се среќава во претерани екстравагантни борбени движења во видеоигри. Со две напомни околу ова. Според книгата „Џит Кун До“ чиј автор е добро познатиот глумец и практиционер на боречки вештини Брус Ли чиј прекар и бил „Малиот Змеј“-вели дека „Не е битно како изгледа удар, естетиката не е битна само ефикасноста“ и најчесто ударите што изгледаат грандиозно со мафтања и со вртења и ставови најчесто и не се толку ефикасни. А и друг момент од „Вичер универзумот“ е што Гералт (Гвинблејд-Белиот Волк) користи сребрен меч против чудовишта, a железен против луѓе, а во реалниот свет среброто е премногу меко за да се изработи ефикасен „Сребрен Меч“. Следи спојлер: Приказната е насловена „Мала жртва“ затоа што сирената заљубена во војводата пие напиток што ја трансформира во девојка и тоа е „малата жртва“ под општата парола дека „за вистинска љубов вреди сè да се жртвува“. Да исто како во Малата Сирена од Дизни која е базирана на данската бајка запишана од Ханс Кристијан Андерсон во 1837 год. Во анимето тоа е различно направено со синот на војводата по сирената да го испие напитокот што па него ќе го претвори во машко сирена. Иако моментот со девојката и првата нејзина трансформација ја има во двата наративи.
Мора исто така да се земе предвид колку многу преземал и самиот Сапковски од Мајкл Муркок и неговиот херој Елрик, кој е исто платеник, со блед тен и бела коса и користи меч и прекарот му е „Белиот Волк“. Но оригиналноста во другите делови од приказните што се земени од бајки има свои добри моменти во градењето на фантазиски свет и кај Сапковски, што стана популарен ширум светот, намногу по огромниот успех на играта Witcher 3: The Wild Hunt за која имаме повеќе написи овде. Сепак ова е добро аниме што вреди да се изгледа најмногу поради акциските сцени, а тоа како кореспондира со додатно „касапење“ на варијанти за кои писателот Сапковски не ни сонувал е веќе подолго време уште активна и популарна тема. Извор: Новинска агенција МЕТА