Тешка несреќа се случи во строгиот центар на Торино – автобус падна од мост во реката По. И покрај брзата реакција на итната помош, 64-годишниот возач не можел да се спаси, а брзата помош само констатирала смрт. За среќа во моментот на несреќата во возилото немало патници. Трагичната несреќа се случила вчера околу 17 часот и 30 минути, во близина на мостот Виторио Емануеле I, кој го поврзува центарот на Торино со другиот брег на реката. Фатен е моментот кога автобус со средна големина влетал низ заштитната ограда на мостот додека се движел во рикверц и потоа паднал во реката. Автобусот стоел речиси исправен пред да падне во реката.
View this post on Instagram
Службите за итни случаи веднаш започнале со спасувачка операција. Во возилото бил пронајден само 64-годишниот возач. За кратко време бил извлечен од водата, но и покрај обидите за реанимација, починал. Италијанскиот весник Ла Стампа пишува дека во автобусот немало други луѓе. Во несреќата повредени се тројца минувачи. За време на маневарот, автобусот удрил во три жени кои се здобиле со полесни повреди. На лице место им била укажана лекарска помош. Очевидци за италијанските медиуми изјавија дека возачот бил „облеан во крв“ кога го извлекле и дека спасувачите веднаш тргнале во акција. Многумина исто така опишаа огромен тресок.
„Беше неверојатен удар, никогаш не сум доживеал такво нешто. Видов автобусот како ја пробива оградата и стоеше исправено неколку секунди пред да падне право надолу. Имаше огромно прскање кога удри во водата, а сите околу мене почнаа да врескаат”, рекол 17-годишен ученик од блиското училиште за La Stampa. Причината за несреќата се уште не е потврдена, но се шпекулира дека на возачот можеби му се слошило додека возел. Друга можност е дека се случил погрешен маневар. Нуркачите потврдија дека во автобусот немало други луѓе. Истрагата е во тек.