Велика Британија и Франција подготвуваат воена интервенција во Украина под изговор на мировна мисија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Ваквиот потег, предупредува таа, може да доведе до директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
„Русија цврсто се противи на испраќање мировни мисии во Украина бидејќи со себе носи сериозен ризик од директна конфронтација меѓу Русија и НАТО“, рече Захарова на редовниот брифинг со медиумите. Во изјава за државната новинска агенција ТАСС, Захарова додаде дека Велика Британија се обидува да ја испровоцира Европската унија во „крвопролевање“ со Русија. Нивниот „златен сон“, рече таа, е „да ги обединат европските земји и да ги придружат во англосаксонската коалиција“.