Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за две нови големи пролетни офанзиви во регионите Суми и Харков. Во интервју за „Фигаро“, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин всушност се обидува да „купи време“ за да се подготви за нова фаза од војната.
„Можам да потврдам дека Путин се обидува да купи време и се подготвува за пролетна офанзива. Гледаме како се одвиваат подготовките за оваа идна операција“, рече Зеленски.;
Тој додаде дека украинските разузнавачки служби ги споделиле собраните податоци со западните сојузници.

„Мораме да гледаме на ситуацијата со широко отворени очи. Путин подготвува нови офанзиви, особено во регионите Суми и Харков“, предупреди тој.
.Зеленски тврди и дека Русија првично ја планирала операцијата пред осум месеци, но дека била спречена од украинската операција во областа Курск.

На 18 март годинаба портпаролот на украинската оперативно-тактичка група Север, Вадим Мисник, изјави дека има зголемено присуство на руски единици долж границата со регионот Суми кои претходно учествувале во борбите во областа Курск. Два дена подоцна, на 20 март, Зеленски рече дека Русија ги собира силите во правец на Суми, обидувајќи се да ја потисне украинската одбрана од насоката Курск. Во исто време, тој нагласи дека украинските сили „неочекувано преземаат чекори во друга насока“.