Италијанскиот сенатор и поранешен премиер Матео Ренци беше во посета на прифатните центри за мигранти во Шнѓин и Ѓадр, Албанија, пренесе „Јуроњуз“. По обиколката, тој изјави дека „создавањето на камповите е пропаганда на премиерката Џорџа Мелони”, додавајќи дека „Италија попусто потрошила околу една милијарда евра инвестиции за изградба на камповите кои можеле да се искористат за пензии и зголемување на платите”.
– Ова нема никаква врска со политичкото лево или десно крило. Ги гледам буџетските прашања, овде италијанската држава изгуби речиси една милијарда евра од буџетот на Италијанците. Мислам дека овие пари можеше да се потрошат за пензии и плати. Парите се изгубени а тие им припаѓаат на италијанските граѓани. Ова е мое мислење, рече Ренци.