12.8 C
Скопје
02/04/2025 21:07
МАКТЕЛ

    

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова: Како врховна командантка на вооружените сили се гордеам со Армијата како наш важен актер во НАТО

      

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на одбележувањето на 5-годишнината од пристапувањето во НАТО, што се одржа во касарната „Илинден“ во Скопје. Посочи дека петтата годишнина од членството во НАТО ја одбележуваме во сенката на големата трагедија во Кочани, што на ужасен начин нѐ потсети дека безбедноста на граѓаните е една од основните задачи на државата. Успешната битка за животот на повредените од страшната трагедија, според претседателката, не беше можна без импресивната хуманост и солидарност на државите, народите и граѓаните од регионот, но и многу пошироко, како и од активираниот европски систем за цивилна заштита, но исто така и на НАТО, за што сме им бескрајно благодарни. Таа потсети дека уште од првите години на нашата самостојност и независност, македонското членство во НАТО беше препознаено како врвна стратешка цел, заедно со членството во Европската Унија. Според претседателката, факт е дека за остварување на оваа стратешка цел беа вложени огромни напори и направени големи жртви и болни компромиси, какви што не се барале од ниту една друга држава кандидат. Потенцираше дека најтешкиот дел од патот до НАТО беше изоден од воените и цивилни припадници на Армијата, коишто преку макотрпни реформи, континуирани воени вежби и ризични мировни мисии стекнаа непроценливо искуство, но и голема, заслужена почит од сојузниците.

   

Како врховна командантка на вооружените сили, се гордеам со нашата Армија, како важен и докажан актер во НАТО, рече претседателката. Порача дека како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност и дека ќе продолжиме да придонесуваме за мирот преку учеството во мировните мисии, предводени од НАТО и од Обединетите нации. Изрази уверување дека и покрај одредени недоразбирања, трансатлантската соработка, базирана на меѓународните правила и принципи ќе продолжи да биде темелот и гаранцијата на европската и евроатлантската безбедност и стабилност и посочи дека ние ќе продолжиме да чекориме и дејствуваме во заедничката насока. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова. Почитувани припадници на Армијата, Почитуван Претседател на Собранието, г. Африм Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Христијан Мицкоски, Почитуван Министер за одбрана, г. Владо Мисајловски, Почитуван Началник на Генералштабот на Армијата, г. Сашко Лафчиски, Почитуван Командант на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмирал Стјуарт Манч, Ценети екселенции, Петтата годишнина од нашето членство во НАТО ја одбележуваме во сенката на големата трагедија во Кочани, што на ужасен начин нѐ потсети дека безбедноста на граѓаните е една од основните задачи на државата. Но, успешната битка за животот на повредените од страшната трагедија не беше можна без импресивната хуманост и солидарност на државите, народите и граѓаните од регионот, но и многу пошироко, како и од активираниот европски систем за цивилна заштита, но исто така и на НАТО, за што сме им бескрајно благодарни. Седум дена нѐ делат од 4 април, датумот кога во 1949-та во Вашингтон беше потпишан Северноатлантскиот договор со којшто е формирано НАТО. Со Договорот, земјите потписнички се обврзаа да ги штитат цивилизациските придобивки, демократијата, слободите и владеењето на правото преку колективната одбрана, се разбира, во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации. Со други зборови, целта на постоењето на Алијансата се мирот и безбедноста на нејзините земји членки, но и во светот. Низ децениите, НАТО прерасна во стожер на северноатлантскиот, но и на европскиот безбедносен поредок како предуслов за мир и развој.

Уште од првите години на нашата самостојност и независност, се изгради надпартиски консензус меѓу македонските граѓани за потребата од интеграција во НАТО, како услов за создавање амбиент на мир, стабилност и просперитет на генерациите што доаѓаат. Македонското членство во НАТО беше препознаено како врвна стратешка цел заедно со членството во Европската Унија. Меѓу нас се дел од ветераните на македонската одбрана коишто своите кариери ги посветија на остварувањето на оваа цел. Но, факт е дека за остварување на оваа стратешка цел беа вложени огромни напори и направени големи жртви и болни компромиси, какви што не се барале од ниту една друга држава кандидат. Најтешкиот дел од патот до НАТО беше, секако, изоден од воените и цивилни припадници на Армијата, кои преку макотрпни реформи, континуирани воени вежби и ризични мировни мисии стекнаа непроценливо искуство, но и голема, заслужена почит од сојузниците. За тоа сведочат бројните признанија за стручноста, компетентноста, пожртвуваноста на припадниците на Армијата од страна на нашите стратешки партнери и високи претставници на НАТО. Не случајно, како врховна командантка на вооружените сили, се гордеам со нашата Армија, како наш важен актер во НАТО. Ценети присутни, Секој влог е важен, особено во ова време на голема неизвесност и нестабилност, кога Северноатлантскиот сојуз се соочува со глобални безбедносни ризици и регионални воени конфликти, со традиционални, но и со нови, хибридни и сајбер-закани од државни и недржавни актери. Вештачката интелигенција внесува дополнителна непредвидливост. Поредокот воспоставен по Втората светска војна минува низ голема трансформација. Наместо мултилатерализам, се соочуваме со опасност од мултиполаризација. Војната во Украина предизвика невидени човечки страдања и материјални штети и ја загрозува визијата за Европа обединета во мир. Конфликтите на Блискиот Исток генерираат нови човечки страдања и нови миграциски бранови. Кризната состојба бара брз и соодветен одговор. Далеку од тоа дека јас сум профил на човек кој се радува на војните. Во ова немирно време во кое доминира воинствениот Марс, јас сеуште посакувам нова доба водена од мирољубивата Венера. Но, иако честопати повикувам како Хемингвеј на збогување со војните и со оружјата, свесна сум дека се наоѓаме, можеби, во најкритичниот геополитички период по Студената војна. Безбедносните закани наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, вклучително и во напредните технологии и оружја.

Затоа, како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност. Ќе продолжиме да придонесуваме за мирот преку учеството во мировните мисии, предводени од НАТО и од Обединетите нации. Ќе се усогласуваме со НАТО-стандардите и со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија. Нашиот влог во Алијансата е истовремено и влог во нашата Армија, во бедемот на територијалниот интегритет и независноста на нашата Република. Почитувани присутни, Оваа годишнина е потсетник не само за патот што го изодевме до членството во НАТО и по него, туку и за основната идеја на Алијансата – да се овозможи мир и безбедност на земјите членки, на нивните народи, и тоа преку дијалог меѓу слободните по дух. Или како што славниот Белгиец рече ‒ Animus in consulendo liber. Верувам дека и покрај одредени недоразбирања, трансатлантската соработка, базирана на меѓународните правила и принципи ќе продолжи да биде темелот и гаранцијата на европската и евроатлантската безбедност и стабилност. Ние, пак, ќе продолжиме да чекориме и дејствуваме во заедничката насока. Ви благодарам.

  

Најново

Николас Едвард Кејв во Скопје на 22.08.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПШТИНА КАРПОШ ВОВЕДУВА РЕД НА ГРАДИЛИШТАТА Гасеничарите надвор од населбата!

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КАРПОШ СУБВЕНЦИОНИРА КУПУВАЊЕ НА НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Sase Ivanovski

Поради дефект повеќе улици во општина Карпош утре без вода

Sase Ivanovski

Завршена во 1968 година, зградата за домување и урбан развој (HUD) во Вашингтон беше дизајнирана од архитектот Марсел Бројер, обучен во Баухаус

Sase Ivanovski

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА НА КАРПОШАНЕЦОТ ТАКИ ПАВЛОВСКИ

Sase Ivanovski

ЗАСАДЕНИ 59 ДРВЈА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КАРПОШ ПРИМОРАНА САМА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“

Sase Ivanovski

ЧЛЕНОВИ НА ГРОМ: СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПОВТОРНО ЌЕ ПОБЕДИ ВО КАРПОШ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОПШТИНА КАРПОШ , Јакимовски: Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува сите прописи, два ноќни клубови одбиваат соработка и се ставаат над законите!

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: ДОНАЦИЈА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА БРЗА ПОМОШ.

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ДОДЕЛУВА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА 2025 ГОДИНА

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: Аутизмот не е и не може да биде бариера.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Ќе субвенционираме дел од средствата за поставување на хидрантска мрежа онаму каде што ја нема

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните места да помогнеме на нашите соседи.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Ситуацијата наложува помалку демагогии а повеќе грижа за нашите сограѓани, нашите соседи.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Во ноќите кога државата најмногу треба да биде држава, нема надлежности – има само човечки животи!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Детекција на генетски промени кои зголемуваат ризик за развој на рак

Sase Ivanovski

Во Клиника Жан Митрев Центарот за стоматологија нудиме современи решенија кои одговараат на секоја возраст и секој стил на живот.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Проф. д-р Владимир Поповски – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата

Sase Ivanovski

Партнерот на Наташа осомничен за нејзиното убиство на слобода го чека судењето, додека ќерка и е згрижена од државата!

Sase Ivanovski

Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки

Sase Ivanovski

Путин нареди исплата од 770 долари месечно – помош за жртвите во Курскиот регион

Sase Ivanovski

Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче ако навистина има план и желба да помогне

Sase Ivanovski

Кешишев сведочеше дека му бил послушник на Палчо, во телефонот го меморирал како ,,Царот”

Sase Ivanovski

Убиле старец и го закопале во близина на неговата куќа, осомничени и уапсени три лица во кривопаланечко

Sase Ivanovski

Народна банка: Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата

Sase Ivanovski

Советот на јавни обвинители против разрешување на Коцевски

Sase Ivanovski

По 1500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства со починати и повредени во трагедијата во Кочани, соопшти бугарскиот пратеник Пејков

Sase Ivanovski

Секој има право на лош ден, се надевам дека тој ден заврши: Мицкоски за кавгата на Милошоски со Филков

Sase Ivanovski

Филипче: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партиите

Sase Ivanovski

Почина легендарниот холивудски актер Вал Килмер

Sase Ivanovski

Трка за Врховниот суд на Висконсин: Сузан Крафорд го порази кандидатот поддржан од Маск

Sase Ivanovski

Државната матура ќе се полага во училишните простории, МОН ги прифати барањата на средношколците

Sase Ivanovski

Трамп се подготвува да објави нови тарифи со ризичен потег што би можел да ја преобликува економијата

Sase Ivanovski

Гејминг гигантите од Јужна Кореја им нудат на Близард соработка за правење нови игри во универзумот на „Starcraft“

Sase Ivanovski

Од мир за еден ден до неефективно примирје со брзина на полжав

Sase Ivanovski

Израел продолжува да зазема делови од Газа

Sase Ivanovski

Итно усогласување на регулаторната рамка на Балканот со Законот за дигитални услуги – клучно за борбата против дезинформациите

Sase Ivanovski

Над 300 вработени ја напуштија Хрватската Радиотелевизија – „ХРТ не е автопат, туку јавен сервис“

Sase Ivanovski

Три лица од кривопаланечко лишени од слобода и осомничени за убиство на 84-годишен маж од село Луке

Sase Ivanovski

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Sase Ivanovski

Интегритетот на изборите во време на ТикТок и вирални кампањи: како информациските закани го разнишуваат изборниот процес?

Sase Ivanovski

Нетанјаху ќе отпатува за Унгарија, и покрај налогот за апсење на МКС

Sase Ivanovski

Заедничкиот пристап и стратешките комуникации мора да бидат столбот на борбата против дезинформациите

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Sase Ivanovski

ВЛАДА НА РСМ: Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова: Децата со аутизам се само поразлични, не се деца со маана

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Соопштение до јавноста во врска со реакцијата на СДСМ за реформите во јавната администрација

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Првата пешадиска бригада (1.пбр) од составот на Kомандата за операции (КО), го одбележа Денот на единицата

Sase Ivanovski

Стопанска комора на Северна Македонија: НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ (Службен весник на РСМ бр.14/2025) И НАЈЧЕСТИ ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ВО ПРАКСА

Sase Ivanovski

МТЕЛ: Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ

Sase Ivanovski

Меѓународниот ден на лицата со аутизам, Националната галерија на Македонија традиционално го одбележа со инклузивни креативни работилници.

Sase Ivanovski

Д-р Игневска, Клиника Жан Митрев: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Неретко луѓето се судираат со страв од стоматолог, познат како дентофобија

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Во нашата клиника постојат стручни лица психијатар, психотерапевт, психолог кои можат да овозможат подобрување на менталното здравје кај лицата во процесот на оттагување и оджалување.

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Мајчинство со привилегии – Специјални бенефиции за секое бебе!

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Како дел од ЕРАСМУС проектот за соработка на нашата клиника и медицинските училишта, беше изведена посета од страна на над 50 средношколци.

Sase Ivanovski

( ВИДЕО) КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Д-р Јасмина Зафировска – Болести на тироидната жлезда

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Пролетта е време кога се буди природата, затоа разбудете ја грижата за сопственото здравје. Подготвивме голем број прегледи со акциска цена

Sase Ivanovski

Министерстви за здравство: Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Sase Ivanovski

ГАШИ ПО ПОВОД ДЕНОТ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА АУТУЗМОТ: УБАВИНАТА НА ЖИВОТОТ Е ВО БОГАТСТВОТО НА НАШИТЕ РАЗЛИЧНОСТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен охриѓанец поради изнуда и противправно лишување од слобода

Sase Ivanovski

СДСМ: По промоцијата на Магма, очекуваме Мицкоски да го пушти во употреба „Мој ДДВ“

Sase Ivanovski

(ФОТО) ОПШТИНА ЦЕНТАР, Герасимовски: Талентот на нашата ученичка Јана е инспирација да останеме фокусирани на инклузивноста и поддршката за сите деца

Sase Ivanovski

Валбон Лимани донираше дидактички материјали за 2 Април – Светскиот ден на свесноста за аутизмот

Sase Ivanovski

ВЛАДА, Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Sase Ivanovski

МТЕЛ: ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЦЕНТАР: Пролетна дератизација за превенција и заштита на здравјето во Општина Центар

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ при МВР Јанев ја отвори работилницата на Интерпол која денеска и утре се одржува во Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО) ВЛАДА, Мицкоски: Работиме во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните- Вработените во МВР добија за 10% повисока плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ не стои зад протестите на синдикатите, но ги подржува барањата на работниците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче: Истрагата за Кочани досега се води селективно, СДСМ ќе ги искористи сите механизми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски: Синдикалци на батерии – Со 794.000 денари годишни примања претседателката на синдикатот на поштенски и телекомуникациски работници зборува за минимална плата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Филипче повика на воспоставување нов општествен и политички дијалог

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче: Слушајќи го алармот на граѓаните предлагам концепт за нов општествен и политички дијалог

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Реакција на министерот за правда Игор Филков на изнесените невистини на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма

Sase Ivanovski
Вчитувам....