Охридска „Топлина“ е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Од ЕСМ за „Фокус“ велат дека понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, а за ископан кубен метар јаловина изнесува 214 денари, додека вкупната финансиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари за период од 12 месеци. Кои компании се пријавени како подизведувачи и техничка поддршка? Државната компанија за производство на струја АД „ЕСМ“ донесе одлука за избор на најповолна понуда во рамки на тендерската постапка отворена по огласот за и
Од ЕСМ за „Фокус“ потврдуваат дека фирмата за градежништво, производство, трговија и услуги „Топлина“ е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, информирајќи не дека понудената цена за ископан јаглен изнесува 49,85 денари за гигаџул, додека за ископан кубен метар јаловина изнесува 214 денари. Притоа, вкупната финансиска рамка изнесува 1,44 милијарди денари или над 23 милиони евра за период од 12 месеци. „Избраниот економски оператор би се ангажирал по налог на Подружница РЕК Битола, согласно потребите на рударско-енергетскиот комбинат. Во период кога изведувачот нема да биде ангажиран, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Станува збор за ангажман за период од една година или до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет“, објаснуваат од таму. Во одговорот што ни го доставија уште се наведува дека „Топлина“ пријавила четири оператори како подизведувачи. Тоа се „Гранит“ од Скопје, „Градба Промет“ од Кавадарци, „Илинден“ од Струга и „Топ Билд“ од Скопје. Во својство на техничка поддршка, пак, се пријавени фирмите „Форса АС“ од Скопје и „Машинокоп“ од Кавадарци.
Инаку, овој оглас за склучување на т.н. рамковна спогодба со еден економски оператор за ине е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда“.
„Фокус“ веќе пишуваше дека овој неуспешен оглас беше објавен откако државната компанија за производство на струја го раскина договорот со битолската „Марковски Компани“ за ископ во РЕК Битола вреден 46 милиони евра. Како што објавивме, огласот беше со значително омекнати услови и критериуми во споредба со претходните огласи во делот на референците и финансиската кондиција на заинтересираните понудувачи, додека можеа да се забележат разлики и во однос на механизацијата. „Марковски компани“ заработи негативна референца, а ЕСМ распиша нов тендер за ископ со омекнати услови! Паралелно со тоа, ЕСМ склучи договор за истата намена со „Топлина“, но по пат на преговори, без објавување на оглас. Се работи за 6-месечен договор во износ од 1,1 милиони евра, кој охридската компанија го добила во конуренција на уште едно друштво. Сега, понудата на истата фирма од над 23 милиони евра е избрана како најповолна за 12-месечен договор во отворена тендерска постапка, а следен чекор е склучување на договор меѓу двете страни. Откако го раскина договорот за ископ со „Марковски компани“, ЕСМ склучи нов со „Топлина“ по пат на преговори! Влатко СТОЈАНОВСКИ