10.8 C
Скопје
11/04/2025 09:15
МАКТЕЛ

    

ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

      

Соединетите Американски Држави воведоа царина од 33% за увозот на македонски производи. Примената на реципрочни трговски политики за зајакнување на економијата и националната безбедност е во фокусот на новата одлука на претседателот Доналд Трамп, со која се воведуваат царини за „заштита на американските работници и индустрија“. Како што е наведено во соопштението од Белата куќа, трговските и економските практики на странските земји довеле до национална криза, со што САД се соочиле со постојан трговски дефицит, ерозија на производствените капацитети и зависност од странски економии. Како резултат на ова, се воведува царина од 10% за сите земји, со повисоки индивидуални царини за оние земји со кои САД имаат најголеми трговски дефицити. Оваа одлука има значајни импликации врз глобалната трговија и може да предизвика промени во меѓународните економски односи. Во овој став, ги разгледуваме потенцијалните ефекти од воведените царини за македонскиот извоз во САД и за македонската економија воопшто. Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1.4%, што е многу мал удел (График 1). Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе бидат многу мали. График 1 – Структура на Македонскиот извоз по земји (2024)

   

Извор: Сопствени пресметки врз основа на податоци од ДЗС.

Повеќе од половина од извозот кон САД во 2024 се однесувал на групата машини и транспортни уреди (График 2), во кои доминантен дел (две третини, или 38.3% од целиот извоз кон САД) преставува извоз на автобуси и слични моторни возила (График 3). Доколку подетално се погледне Графикот 3, ќе се забележи дека скоро 90% од извозот кон САД во 2024 година е концентриран во 20-тина производи, при што освен автобусите кои имаат доминантно учество, уште неколку производи јасно може да се сврзат со работата на странските фабрики во ТИРЗ-овите. На Графикот, тие се обележани со растер, според нашето наоѓање; нивниот удел во вкупниот извоз кон САД изнесува најмалку 55%, односно околу 0.7% од вкупниот македонски извоз. Оттука, иако вкупниот директен притисок од американските царини за македонскиот извоз е многу мал, поголем дел од него ќе падне врз работата на странските фабрики во земјава. График 2 – Структура на Македонскиот извоз по групи производи (2024)

Извор: Сопствени пресметки врз основа на податоци од ДЗС.

График 3 – Структура на Македонскиот извоз по производи од царинска тарифа (2024)

Извор: Сопствени пресметки врз основа на податоци од ДЗС.

Сепак, странските фабрики во ТИРЗ-овите се изложени на позначаен индиректен ефект. Тие се дел од глобалните синџири на снабдување, што подразбира дека иако тие извезуваат кон својата фирма-мајка која не е во САД, понатаму фирмата-мајка може да е и изложена кон американскиот пазар. Царините ќе влијаат врз вкупните трошоци на фирмата-мајка, што ќе се одрази и кај нас, во негативни сценарија преку т.н. каскадни ефекти на намалено производство и работни места. На пример, групацијата на најголемата странска фабрика во земјава, Џонсон Мети (околу 12% од вкупните приходи од продажба генерирани во Северна Македонија), има изложеност кон пазарот во Северна Америка од 28%,[1] што претставува значаен удел (График 4). За групациите на останатите фабрики во ТИРЗ-овите нема доволно-расчленети и лесно-достапни податоци, но, на пример, Дрекселмаер (треторангиран странски инвеститор во земјава), известува за 3 од вкупно 59 производни локации кои се наоѓаат во САД, додека Кромберг и Шуберт (второрангиран странски инвеститор) нема значајна изложеност кон САД. График 4 – Изложеност на Џонсон Мети на американскиот пазар (2024)

Извор: Transforming  for growth: Annual Report and Accounts 2024. Johnson Matthey

Конечно, значаен индиректен ефект од воведувањето широкопојасни трговски бариери од страна на САД произлегува од трговската фрагментација и преструктуирање што царините ќе ги извршат на глобалната економска сцена, што ќе предизвика промени во цените, производството и работните места. Анализата „Економските ефекти од царинските предлози на Трамп за Европа“ од септември 2024 пресмета дека наметнатите царини ќе имаат значајни последици за Европската Унија, Велика Британија, Кина и други големи економии во развој. Според анализата, овие царини би можеле да предизвикаат пад на БДП во САД од -0,64% и во Кина од -0,68%, додека за Европската Унија се очекува понизок пад од -0,11%. Општата царина од 10% се проценува со најштетно влијание за европските економии, а особено за индустриите како што е автомобилската индустрија во Германија. Ова го вклучува и каналот за преструктуирање на тековите на странските инвестиции, бидејќи дел од нив може да бидат пренасочени кон САД, со цел да се избегнат високите давачки, иако ефектот од вакво преструктуирање за Северна Македонија се очекува да биде слаб. Се проценува дека падот на Германската економија ќе биде посилен од просечниот пад на ниво на Европската Унија, што е значаен наод за земји како Северна Македонија кои се високо-зависни од трговија со Германија. Потоа, најзначајните последици ќе се почувствуваат во автомобилската индустрија, особено за електричните возила (EVs), што е исто така значајно за земји како нашата кои се вклучени во автомобилските синџири на снабдување. Севкупно, согласно на структурата и поставеноста на нашата економија во однос на трговските и финансиските текови на глобално ниво, се очекува дека ефектот од новововедените царини од САД кон Северна Македонија ќе биде негативен, но главно индиректен. Тоа имплицира дека тој нема да се почувствува веднаш. Прецизниот ефект останува да биде предмет на квантитативни проценки во периодот што следи. [1] Иако, не постои податок за дистрибуцијата во рамки на континентот.

  

Најново

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

Sase Ivanovski

Трајко Славески: ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ

Sase Ivanovski

360° season 11, show 53 – Владата најми адвокати – под лупа договорот за хеликоптерите

Sase Ivanovski

Вин Вин 10.04.2025

Sase Ivanovski

Руски шпиони „платиле тинејџер да ја запали Икеа“

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Како хрватската полиција разби меѓународна наркогрупа

Sase Ivanovski

Поповски на тема – Америка против сите – може ли да го издржи притисокот?

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави денеска во ОН побараа отстранување на мисијата на УНМИК од Косово

Sase Ivanovski

ОВОШТАРИТЕ НА ГОЛЕМА МАКА ПОРАДИ ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗОВИ Преживеаните родни пупки прашање е дали ќе го задржат плодот

Sase Ivanovski

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Sase Ivanovski

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Sase Ivanovski

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Sase Ivanovski

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, заедничко соопштение ќе биде објавено денес

Sase Ivanovski

(Фото+видео) ХАОС: При бетонирање на нова, се сруши ѕид на постојна зграда во Ѓорче Петров!

Sase Ivanovski

Се посветува повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата, рече претставничката на граѓанската иницијатива „Кој е Следен“

Sase Ivanovski

Преку 300 луѓе лани загинале на Австриските Алпи, најмногу жртви во последната деценија

Sase Ivanovski

Трамп се сомничи за кривично дело инсајдерско тргување?

Sase Ivanovski

Во петок технички консултации меѓу САД и Украина за минерали

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми се во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Sase Ivanovski

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата одвојува повеќе средства за Армијата од стандардите на НАТО, прв повик за програмата „Дигитална Европа”, 38% струја од соларни и ветерни централи до 2030 година

Sase Ivanovski

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

Sase Ivanovski

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Sase Ivanovski

1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Sase Ivanovski

Нов Протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Sase Ivanovski

ДОМ: Зошто не се применува платформата Е-инспектор? 

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕСЕЧНО ЧИТАЊЕ НА БРОИЛАТА И АВТОМАТСКА КОРЕКЦИЈА НА ПАУШАЛНО ИЗГОТВЕНИТЕ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА – СОСТАНОК СО РКЕ НА 11 АПРИЛ

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Sase Ivanovski

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев

Sase Ivanovski

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело, исплатени се субвенции за повеќе категории на земјоделци

Sase Ivanovski

Влада: Континуиран раст на платите – За шест месеци зголемување од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на дебата “How can we make Europe great again?“

Sase Ivanovski

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Sase Ivanovski

Се губи надежта за пронаоѓање на преживеани по уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

Sase Ivanovski

Изгоре Цитроен кај Клинички центар, огнот зафатил уште едно возило и фасада на зграда

Sase Ivanovski

Зеленски тврди дека 155 Кинези се борат за Русија во Украина

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и огревно дрво на македонско-косовската граница

Sase Ivanovski

Десетици луѓе под истрага за злоупотреба на лични податоци и измами со брзи кредити

Sase Ivanovski

ЕУ ќе паузира со предвидените царини кон САД по трговскиот пресврт на Трамп

Sase Ivanovski

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

Sase Ivanovski

Објавен е првиот пакет на повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Балерината која беше затворена поради донација за хуманитарна организација за Украина е ослободена во размена на затвореници

Sase Ivanovski

Колумнистот Дејан Илиќ повикан во полициска станица после гостување во „Н1“

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

Sase Ivanovski

MВР: Не внесувајте лични податоци ако ви стаса порака со такво барање на мејл, смс или на месинџер

Sase Ivanovski

Виктор Понта дозволил поплавување на романски села за да го заштити Белград во 2014 година

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Почна протестот на „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Ашмет Елезовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гореше автомобил на ул. „Владимир Назор“ во близина на Државна болница

Sase Ivanovski

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека следел и вознемирувал 27-годишна девојка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агим Јонуз се извини на Канал 5 ТВ и Мирчевски – Извинувањето е прифатено

Sase Ivanovski

Африм Гаши: Словенија останува силен подржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, остварив средба со мојот колега – министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис

Sase Ivanovski

(ФОТО) Како ЕУ да биде повторно силна? – Универзитет Скопје домаќин на високи европски гости од Унгарија

Sase Ivanovski

Прада го носи Версаче дома за да создаде италијански претендент за луксуз

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Со Унгарија негуваме долгогодишно пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи: МВР ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци

Sase Ivanovski

ФЗО за истрагата поврзана со измами со т.н. „брзи кредити”: Ја поддржуваме работата на надлежните институции и ги обезбедуваме сите потребни информации за спроведување на истрагата.

Sase Ivanovski

Сашо Клековски: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита – одржана панел-дискусија во Владата на Република Македонија

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА ДИМОВСКА СО НЕЈЗИНАТА СЛОВЕНЕЧКА КОЛЕШКА ЗОРЕ ТАВЧАР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата

Sase Ivanovski

(ЕКСКЛУЗИВНО) Објавена публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука: Промовирана нова Стратегија за образование на возрасните 2025-2030

Sase Ivanovski

Општина Чаир: Завршена фекалната канализација – следува нов водовод на улицата Дижонска 17

Sase Ivanovski

Кумановец ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно дете

Sase Ivanovski

МТСП: Работен состанок на министерот Лимани и заменикот Велковски со директорите на центрите за социјална работа и установите за социјална заштита

Sase Ivanovski
Вчитувам....