14.8 C
Скопје
11/04/2025 11:34
МАКТЕЛ

    

Отворено писмо од Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ до надлежните институции, а во врска со хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп во Горица, Охрид

      

Борбата против корупцијата и за владеење на правото не се води со празни зборови – бараме итно да ги спроведете Уставот, законите и меѓународното право во случајот со хотелот на Дивелоп Груп во Горица! Почитуван премиере, почитувани членови на Владата на РСМ, почитуван градоначалник на Општина Охрид, почитувани јавни обвинители, Ви се обраќаме јавно, со надеж дека на овој начин нашето обраќање нема да резултира со уште еден формален допис кој ќе изобилува со празни фрази за тоа „како институциите ги спроведуваат законите и многу сериозно се посветени на зачувувањето на светското наследство“, туку со суштинско и итно спроведување на Уставот, законите и меѓународното право во случајот со хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп во Горица, Охрид. Деновиве на сите страни слушаме и читаме изјави за „борба против корумпираниот систем кој не смее да победи“, „борба на чесните против нечесните“, против „чудовиштето кое ја проголтува индината на земјата…“ – додека на терен без никаков проблем продолжува да се уништува највредното природно и културно богатство, со флагрантно кршење на Уставот, законите и меѓународното право, дозволено и овозможено токму од страна на одговорните институции во државата:
  1. Хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп се гради со противзаконско Одобрение за градба, издадено од Општина Охрид на 06.04.2012 година, врз основа на проект за кој не е спроведена оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и за кој не постои Решение за согласност за спроведување на проектот од страна на МЖСПП.
    Член 88 од Законот за животна средина и член 62 од Законот за градење недвосмислено дефинираат дека вака издаденото Одобрение за градба се смета за ништовно.
    Актуелниот градоначалник Пецаков има обврска по службена должност да го прогласи ова Одобрение за градба за ништовно (Член 124 од Законот за општата управна постапка).
    Дополнително, укажуваме дека Одобрението за градење од 2012 година нема печат за правосилност, поради што не може да се применат одредбите од Законот за градење кои ги дефинираат роковите за започнување, односно завршување на градбата (што повлекува друга серија на прекршувања на Законот за градење).
  2. Не само што нема одобрена Студија за оценка на влијанието врз животната средина, туку за хотелскиот комплекс во Горица Општина Охрид има издадено дозвола дури и без одобрен елаборат за животна средина – законите не дозволуваат да се изгради мотел на периферија на Скопје без одобрен елаборат, а не пак хотелски комплекс на територија на светско наследство.
  3. Актуелната против-законска градба со која се уништува дел од светското наследство е помогната од страна на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
    Имено, во септември 2024 година ДИЖС доби барање да изврши вонреден надзор и да провери дали за проектот Дивелоп Груп има доставено до МЖСПП известување за намера за изведување на проект и дали е спроведена ОВЖС постапка пред да се исече шумата. Според Законот за животна средина, ДИЖС имаше обврска да утврди дека инвеститорот никогаш не го доставил обврзното известување за намера, што повлекува серија други прекршувања, и по утврдување на фактичката состојба да го забрани спроведувањето на проектот, да нареди враќање на природата во првобитната состојба и да изрече соодветна глоба. Државниот инспектор за животна средина сето ова го игнорираше. Наместо тоа, и спротивно на законот, одлучи дека инвеститорот имал право самиот да си одбере дали ќе се спроведе ОВЖС постапка, или ќе се изработи елаборат за животна средина (кој ја исклучува јавноста). Тука не запира помошта од страна на ДИЖС за уништување на природата со незаконско градење:
  • при инспекцискиот надзор инвеститорот Дивелоп Груп му доставил на инспекторот копија од Барање за согласност за елаборат со дата од 06.04.2012. Одобрението за градба е со истата дата, што очигледно покажува дека било издадено без одобрен елаборат за животна средина. Инспекторот одлучи и ова да го игнорира;
  • наместо да го побара решениете со кое МЖСПП го одобрило елаборатот во 2012 година, инспекторот одлучи да го побара елаборатот и за тоа даде рок од 30 дена. Постоење на (наводен) елаборат во 2024 година на ниеден начин не докажува дека градбата се одвива со решение за одобрение добиено во 2012 година. Дополнително, 30 дена е доволно време за да се изработи документ кој ќе се нарече елаборат за заштита.
    Од МЖСПП побаравме копија од Барањето за согласност за елаборат кое Дивелоп Груп наводно го доставиле на 06.04.2012, како и копија од решението со кое МЖСПП го одобрило елаборатот. Го добивме следниов одговор „За доставеното барање, согласно архивата на МЖСПП, нема издадено Решение по елаборат за животна средина“.
    Со други зборови, основано се сомневаме дека инспекторот за животна средина му овозможил на инвеститорот да изработи фалсификуван документ, со кој понатаму привидно може да „докаже“ дека хотелскиот комплекс се гради во согласност со Законот за животна средина.

Од ДИЖС побаравме копии од документите кои наводно биле проверени за време на надзорот, како „Барање за препис на решение за одобрување на елаборатот, доставено (од Дивелоп Груп) до МЖСПП на 02.10.2024“ и самиот елаборат. Не само што ДИЖС не дозволи пристап до овие информации од јавен карактер, туку за наводното „Барање за препис на решение за одобрување на елаборатот…“ пристапот го забрани со образложение дека истото “се однесува на комерцијални и други економски интереси на приватен субјект“.
Наместо да го заштити јавниот интерес, едно од основните законски начела на инспекцискиот надзор, ДИЖС со флагрантно кршење на сите релевантни национални закони и Архуската конвенција, одлучи да го штити економскиот интерес на Дивелоп Груп.

  1. Незаконската градба на хотелскиот комплекс се одвива врз основа на незаконски урбанистички план:
  • хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп е дел од урбанистички план донесен во 2007 година (УПВНМ за дел од туристички комплекс локалитет „Горица“), без обврзната стратегиска оцена на влијание врз животната средина (СОЖС). Според Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (член 16), Општина Охрид имаше обврска истиот да го поништи и за таа област да изработи нов урбанистички план, усогласен со заштитните зони и мерките за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион (2020-2029). Оваа законска обврска општината требаше да ја спроведе најдоцна до 07.12.2020 година. Значи, повеќе од 3 години пред започнат градежните активности за хотелскиот комплекс, општината имала законска обврска да донесе сосема поинаков урбанистички план. Ако овој план бил во согласност со законите, не би предвидувал хотелски комплекс, бидејќи планираната “група на хотели во Горица“ во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со Охридскиот Регион е посочена како “закана“ за светското наследство.
  • Општина Охрид имаше законска обврска да нареди прекин на спроведувањето на урбанистичкиот план на кој се базира изградбата на хотелот на Дивелоп Груп и по друга основа – спроведување на Стратегиски план за рехабилитација на светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. Итната активност 2.6.1. од овој план (која општината требаше да ја спроведе до 02.2024 година) предвидува „Одлука за прекин на примената на сите акти и плански инструменти со кои се дозволува урбана трансформација на крајбрежјето на Охридското Езеро.“ Предметниот урбанистички план го опфаќа крајбрежјето на езерото.
  1. Спротивно на законот, ДИЖС и Управата за животна средина не ѝ наложија на Општина Охрид да го измени урбанистичкиот план.
    Имено, до ДИЖС се обративме и со барање за надзор врз (не)законитоста на урбанистичкиот план врз основа на кој се изведува градбата на хотелскиот комплекс. Наместо да ѝ наложи на општината итно да ги стопира градежните активности, да го поништи стариот и да започне постапка за усвојување на нов урбанистички план (како што налага Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион – член 43 став (2)), ДИЖС ја префрли надлежноста на Управата за животна средина. Управата, од своја страна исто така се прогласи за ненадлежна, со што и таа го прекрши посочениот закон (член 40 став (10)).
  2. Изградбата на хотелскиот комплекс во Горица е спротивна на Уставот:
  • во јули 2024 година, Комитетот за светско наследство ја усвои одлуката 46 COM 7B 44 со која, покрај останатото, од Северна Македонија се бара „да го стопира градењето во близина на Студенчишко Блато и Горица Север и на комплексот Горица 3 се додека погоре-споменатите СОЖС и ХИА не се комплетираат“.
  • во декември 2024 година, Бернската конвенција при Советот на Европа, ја усвои последната одлука за отворениот случај 2017/2 за заканите врз кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и НП Галичица од урбанизација и инфраструктурни проекти, во која, покрај останатото Постојниот комитет на конвенцијата изрази „посебна загриженост за развојот на урбан комплекс во рамки на Рамсар подрачјето Студенчишко Блато и почетокот на изградба, во април 2024, на нов хотелски комплекс која се базира на стар урбанистички план од 2007 година и се спроведува без законски обврзната ОВЖС.“

Член 118 од Уставот налага недвосмислена обврска државата (значи сите институции) да ги спроведува ратификуваните меѓународни договори. Дополнително, член 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори јасно ја лоцира одговорноста за извршување на овие договори кај Владата и претседателот на Републиката, а член 24 од истиот закон упатува на обврска за спроведување на Бернската и конвенцијата на УНЕСКО и од страна на МЖСПП, Управата за животна средина и ДИЖС. Поаѓајќи од сето наведено, бараме Владата, Министерството за животна средина и Општина Охрид итно и без одлагање да си ги спроведат уставните и законските обврски и да обезбедат:

  • стопирање на изградбата во Горица, отстранување на градбата и враќање на природата во изворна состојба од пред 2011 година, со пошумување;
  • огласување на Одобрението за градба на хотелскиот комплекс издадено од Општина Охрид на 06.04.2012 година за ништовно;
  • поништување на УПВНМ за дел од туристички комплекс локалитет „Горица“ од 2007 година и изработка на нов урбанистички план кој ќе биде во согласност со Планот и Законот за управување со светското наследство и нема да предвидува изградба на хотелски комплекс;
  • донесување на Одлука за прекин на примената на сите акти и плански инструменти со кои се дозволува урбана трансформација на крајбрежјето на Охридското Езеро;
  • спроведување на сеопфатна оценка на кумулативното влијание на сите инфраструктурни и развојни планови и останати проекти врз исклучителните универзални вредности на наследството и доставување на истата до Центарот за светско наследство и советодавните тела.

   

Имајќи ги предвид сите законски прекршувања и можни кривични дела сторени од страна на институциите и Дивелоп Груп ДООЕЛ Скопје бараме Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да ги испитаат сите наводи и да покренат соодветни постапки против сите вклучени лица. Со почит, Фронт 21/42 и Охрид ЅОЅ

  

Најново

Роберт Кенеди: САД ќе ја знаат причината за епидемијата на аутизам до септември

Sase Ivanovski

Рекордни вредности на златото и швајцарскиот франк

Sase Ivanovski

Дебарца ќе се обновува од Ленинова до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“

Sase Ivanovski

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за случајот со дрогата и кучката Цеца

Sase Ivanovski

Директорот на Психијатрија Демир Хисар, Жан Лозановски, вознемирувал и политички дискриминирал докторка примариус пред пензија

Sase Ivanovski

Трајко Славески: ДОМАШЕН ТЕРОРИЗАМ

Sase Ivanovski

360° season 11, show 53 – Владата најми адвокати – под лупа договорот за хеликоптерите

Sase Ivanovski

Вин Вин 10.04.2025

Sase Ivanovski

Руски шпиони „платиле тинејџер да ја запали Икеа“

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Како хрватската полиција разби меѓународна наркогрупа

Sase Ivanovski

Поповски на тема – Америка против сите – може ли да го издржи притисокот?

Sase Ivanovski

Соединетите Американски Држави денеска во ОН побараа отстранување на мисијата на УНМИК од Косово

Sase Ivanovski

ОВОШТАРИТЕ НА ГОЛЕМА МАКА ПОРАДИ ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗОВИ Преживеаните родни пупки прашање е дали ќе го задржат плодот

Sase Ivanovski

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Sase Ivanovski

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Sase Ivanovski

Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Sase Ivanovski

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во Ријад, заедничко соопштение ќе биде објавено денес

Sase Ivanovski

(Фото+видео) ХАОС: При бетонирање на нова, се сруши ѕид на постојна зграда во Ѓорче Петров!

Sase Ivanovski

Се посветува повеќе внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата, рече претставничката на граѓанската иницијатива „Кој е Следен“

Sase Ivanovski

Преку 300 луѓе лани загинале на Австриските Алпи, најмногу жртви во последната деценија

Sase Ivanovski

Трамп се сомничи за кривично дело инсајдерско тргување?

Sase Ivanovski

Во петок технички консултации меѓу САД и Украина за минерали

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми се во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Sase Ivanovski

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата одвојува повеќе средства за Армијата од стандардите на НАТО, прв повик за програмата „Дигитална Европа”, 38% струја од соларни и ветерни централи до 2030 година

Sase Ivanovski

Костовски: Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1 

Sase Ivanovski

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Шукова: За Кочани мора да има неселективна правда, сите да бидат опфатени со истрагата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг – сега глумат финансиери

Sase Ivanovski

1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 279 за брзо возење

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција

Sase Ivanovski

Нов Протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Sase Ivanovski

Македонски Концепт реагира на обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на д-р Петар Богојески

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци аплицирајте за субвенции за велосипед, поддржуваме еколошки транспорт

Sase Ivanovski

ДОМ: Зошто не се применува платформата Е-инспектор? 

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партија која најмалку се грижи за работниците и платите на граѓаните

Sase Ivanovski

ЗАДОЛЖИТЕЛНО МЕСЕЧНО ЧИТАЊЕ НА БРОИЛАТА И АВТОМАТСКА КОРЕКЦИЈА НА ПАУШАЛНО ИЗГОТВЕНИТЕ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА – СОСТАНОК СО РКЕ НА 11 АПРИЛ

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?

Sase Ivanovski

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек кој има криминален багаж зад него, исто како Заев

Sase Ivanovski

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води вистинската грижа кон земјоделците и ја покажува на дело, исплатени се субвенции за повеќе категории на земјоделци

Sase Ivanovski

Влада: Континуиран раст на платите – За шест месеци зголемување од 15 проценти во здравство, 12 во образование и 10 за полициските службеници

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на дебата “How can we make Europe great again?“

Sase Ivanovski

Петте најпознати проруски дезинформации на новинарот Такер Карлсон

Sase Ivanovski

Се губи надежта за пронаоѓање на преживеани по уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Детален водич за важноста на менување изглед на ликовите во видеоигрите: „Mенување скинови“

Sase Ivanovski

Изгоре Цитроен кај Клинички центар, огнот зафатил уште едно возило и фасада на зграда

Sase Ivanovski

Зеленски тврди дека 155 Кинези се борат за Русија во Украина

Sase Ivanovski

Спречен шверц на облека и огревно дрво на македонско-косовската граница

Sase Ivanovski

Десетици луѓе под истрага за злоупотреба на лични податоци и измами со брзи кредити

Sase Ivanovski

ЕУ ќе паузира со предвидените царини кон САД по трговскиот пресврт на Трамп

Sase Ivanovski

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

Sase Ivanovski

Објавен е првиот пакет на повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Балерината која беше затворена поради донација за хуманитарна организација за Украина е ослободена во размена на затвореници

Sase Ivanovski

Колумнистот Дејан Илиќ повикан во полициска станица после гостување во „Н1“

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија

Sase Ivanovski

MВР: Не внесувајте лични податоци ако ви стаса порака со такво барање на мејл, смс или на месинџер

Sase Ivanovski

Виктор Понта дозволил поплавување на романски села за да го заштити Белград во 2014 година

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Почна протестот на „Кој е следен?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Ашмет Елезовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гореше автомобил на ул. „Владимир Назор“ во близина на Државна болница

Sase Ivanovski

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека следел и вознемирувал 27-годишна девојка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агим Јонуз се извини на Канал 5 ТВ и Мирчевски – Извинувањето е прифатено

Sase Ivanovski

Африм Гаши: Словенија останува силен подржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Денеска, на маргините на Делфи економскиот форум во Грција, остварив средба со мојот колега – министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис

Sase Ivanovski

(ФОТО) Како ЕУ да биде повторно силна? – Универзитет Скопје домаќин на високи европски гости од Унгарија

Sase Ivanovski

Прада го носи Версаче дома за да создаде италијански претендент за луксуз

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Со Унгарија негуваме долгогодишно пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества

Sase Ivanovski

Министерството за внатрешни работи: МВР ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со phishing (фишинг) напади, кои имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци

Sase Ivanovski

ФЗО за истрагата поврзана со измами со т.н. „брзи кредити”: Ја поддржуваме работата на надлежните институции и ги обезбедуваме сите потребни информации за спроведување на истрагата.

Sase Ivanovski

Сашо Клековски: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита – одржана панел-дискусија во Владата на Република Македонија

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА ДИМОВСКА СО НЕЈЗИНАТА СЛОВЕНЕЧКА КОЛЕШКА ЗОРЕ ТАВЧАР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата

Sase Ivanovski

(ЕКСКЛУЗИВНО) Објавена публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права“: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот

Sase Ivanovski
Вчитувам....