МАКТЕЛ

    

Успехот во борбата со дезинформациите зависи од сеопфатен пристап на целото општество

      

Проверката на фактите е суштинска, но недоволна сама по себе. Потребен е повеќеслоен пристап кој комбинира проверка на факти со медиумска писменост, соработка меѓу медиумите, невладиниот сектор, но и владините институции. Односно, сеопфатен пристап на целото општество кон справувањето со дезинформациите. Ова беше една од главната идеја која се издвои во вториот дел на конференцијата насловена како „Заеднички за вистина: Сеопфатен пристап на целото општество кон заштита на демократијата“, организирана од Фондацијата Метаморфозис по повод на Меѓународниот ден на проверката на факти. На сесијата „Демократијата во ризик: проверка на факти и модерација на содржини на социјалните медиуми — соочувуање со предизвици преку создавање погодна средина“ се расправаше за состојбата со проверката на факти во државите од Западниот Балкан. Јона Плумби, од организацијата за проверка на факти Фактоје, истакна дека Албанија е особено ранлива на дезинформации. „Не сме подготвени да се спротивстави на дезинформациите. Пробуваме да се спремиме за парламентарните избори во мај, но не е доволно.  Потребен е повеќеслоен пристап на проблемот“ изјави Плумби. Токму затоа, како што напомена Плумби, Фактоје започна соработка со Универзитетот во Тирана за да интегрираат медиумската писменост во образованието, бидејќи нивото на медиумска писменост е на многу ниско ниво. Плумби се осврна и на друг проблеми, како да се допре до публиката која не е заинтересирана за точните информации, односно оние кои консумираат кратки содржини како тие на ТикТок. „Кога пишувавме долги анализи за дезинформации околу мигрантите во Албанија, дали некој беше заинтересиран? Не. Најмногу активност имавме на видеа долги 40 секунди“ рече Плумби. На ова се надоврза Маида Ќулаховиќ, од „Зошто не“ од Босна и Херцеговина со нивното искуство. Преку сервисите за проверка на факти „Истиномер“ и „Раскринкавање“, тие пробаа заедно со платформите да го адресираат проблемот следејќи го кодот за пракса но без успех: „Без чиста законска регулатива, ништо нема да прават платформите, односно доброволно да ги спроведат мерките за адресирање со дезинформациите. Последните избори пробавме да работиме со платформите за објави и содржини што се косат со кодекс на користење [на платформите на Мета], незаконски содржини или оние што се во спротивност на изборниот законик и имаше многу мала респонзивност. Од 119 пријавени содржини, одговор добивме за само 25 од нив. А само 3 беа отстранети, но само откога апелиравме на иницијалната одлука“, сподели Ќулаховиќ.

На истата тема продолжи и Начо Стригулев, од Блу Линк, Бугарија, велеќи дека не може да се потпираме на платформи да го бранат информацискиот простор, бидејќи тие, на крајот на денот се профит-ориентирани компании: „Платформите немаат проблем да се трансформираат во оружје против демократијата и демократскиот поредок бидејќи таквата содржина носи кликови и интеракција на содржината. Од друга страна, преку тоа тие остваруваат профит.“ Стригулев, понатаму, спомена дека ваквите алгоритми се насекаде и ја цитираше Алекандра Гис велеќи дека треба ваквите алгоритми [на пример:„За тебе“ страниците] да се регулираат, и да се исклучуваат за време на предизборни периоди. Стригулев, исто така, обрна внимание кон разни четботови кои користат технологија базирана на вештачка интелигнеција (ВИ), и кажа дека меѓу 6 до 50 отсто споделуваат дезинформации за кои знаеме дека се поврзани со Кремљ, вклучувајќи и споделување на извори од Правда мрежата на страници. Мрежата на која беа публикувани астрономски 3,6 милиони написи само во 2024 година. Последната говорничка беше Деспина Ковачевска, од Фондацијата Метаморфозис и ја заокружи оваа дискусија со критички осврт кон говорот на омраза и како е поврзан со дезинформациите: „Преку говорот на омраза се оправдуваат дезинформациите, се зголемува стигмата и пристрасноста. А, особено кога имаме непрофесионални медиуми кој бркаат кликови и профит наместо темелно да ги проверуваат фактите, тогаш имам голем проблем“, сподели Ковачевска. На крај, имаше консензус дека Законот на дигитални услуги е најдобриот пат за усогласување на матичните законите во процесот на пристапување кон Европската Унија. Овој процес не треба да биде направен проформа, туку да биде инклузивен и транспарентен процес, особено ако сакаме големите платформи да го сфатат овој регион посериозно – се согласија говорниците.

Од последната сесија од првиот ден од меѓународната конференција на Метаморфозис

   

Бизнисот, понекогаш, знае да покаже интегритет  На последната дискусија на конференцијата фокусот беше на „Бизнис случајот за интегритетот на информациите“. Воведни белешки даде модераторот на дискусијата Драган Кремер, експерт за медиуми, кој истакна неколку примери како од Србија така и од Обединетото Кралство, посебно од весникот Сан и страницата Брајтбарт во САД кои што почна да губат огласувачи (односно компании што се рекламираат во нивните медиуми), заради содржината што тие ја објавуваат. Компаниите јавно се откажаа од рекламирање, што воедно го користеа како своевидена алатка за ПР за презентирање зад кои вредности стојат. Односно, заради кои вредности не сакаат да ги поддржат или да бидат воопшто поврзани со Брајтбарт и Сан, кои ширеа дезинформации, расистичк и ксенофобни содржини. Раша Недељков, програмскиот директор на српската Црта, се надоврза на ова со примерот на Хепи телевизија, каде речиси истото се случи. Повеќе брендови ги откажаа своите реклами од медиумите коишто многу очигледно споделуваат лажни вести, манипулирана содржина – особено содржина поврзана со војанта во Украина. Но, влијанието не е ограничено само на домашните компании и брендови, туку и на интернационалните. Марко Милосављевиќ, професор од Универзитет во Љубљана, објаснува дека рекламите од интернационалните огласувачи може да бидат нож со две острици. „Како што функционира ова за оние компании кои се борат против проблематични содржини, така има и онакви кои промовираат говор на омраза. Што ќе се случи во ЕУ и Западен Балкан, големите платформи ќе почнат да гасат реклами од медиуми кои се залагаат за проверка на факти, транспарентност и точност? Ќе има огромни последици по медиумскиот екосистем“ посочи Милосављевиќ.

Тој го сподели примерот на компании кои не се согласуваат со политиките на администрацијата на Доналд Трамп и истите може да бидат заплашени и да намалат со своите реклами, а парите може да се пренасочат кон медиуми кои ширате дезинформации и „креваат паника“. Претседателка на Европската федерација на новинари, Маја Север се осврна кон друго рекламирање од самите држави и влади, кои можат да бидат најголем извор на приходи за медиумите. Според Север, отсуствуваат транспарентни критериуми за владиното рекламириња и тоа се покажало и во истражувањето при што јавните средства се концентрирани само на неколку етаблирани медиуми, а независните медиуми не добиваат „ниту денар“. „Ова се должи не толку поради содржината што ја објавуваат, туку поради уредничката независност што ја имаат медиумите. Треба да најдеме начин како да воспоставиме одговорното рекламирање да биде норма, а не исклучок“ кажа Север. Завршни зборови имаше Владимир Петрески, главениот уредник на Вистиномер. Тој потенцира овие работи може да се толкуваат преку изреката „гласај со својот паричник“, односно да се прават избори според тоа што е финансиски најисплатливо. Петрески го посочи примерот на Х (поранешен Твитер) велејќи: „Компанијата (Х) се нема [финансиски] опоравено откога Елон Маск ја презеде. Комапнии почна масовно да ги бојкотираат одлуките за модерирање на содржината, по што Маск се обиде ги тужи огласувачите.“ Но, потенцира дека друга е ситуацијата во Македонија, бидејќи ваков бојкот може да се (зло)употреби како причина за тужба, односно може да биде протолкувана како навреда, нарушување на углед, преку т.н СЛАП тужби. А, од друга страна, друг проблем се лавината од дигитални и интернет измами кои се појавија на македонските социјални медиуми: „гледаме лажни реклами и гледаме дека има на различни јазици низ цел регион, најчесто за медицински лекови“, вели Петрески. Но, проблемот со измамите е што веднаш откако ќе бидат рецензирани, ги снеммува и нови се појавуваат – индикатор дека имаат добри канали каде може да ги продаваат информациите на дата брокери или едноставно да крадат пари од корисниците. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Отворен првиот Центар за поправки во Скопје-„Ништо ново“

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај

Sase Ivanovski

Муртезани домаќин на унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока

Sase Ivanovski

Вчера 707 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 218 за брзо возење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Промовиран вториот том од романот „Пронајденото време“ од Пруст во превод на проф. д-р Марјановиќ

Sase Ivanovski

Предлог Законот за судска служба е подготвен и објавен на ЕНЕР, до јуни 2025 година треба да се донесе

Sase Ivanovski

Временска прогноза за Велигден и Први Мај – Пред нас многу денови одмор, ќе има ли сонце?

Sase Ivanovski

Денко Малески: Да маршираме во војна или „да бакнеме задник“ во мир?

Sase Ivanovski

Приведен крадец од дојранско, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците

Sase Ivanovski

Студентите од „Јустинијан Први“ повторно го издадоа стручното списание IPSLR по 15 години

Sase Ivanovski

Заменик – министерката за европски прашања Викторија Трајков во работна посета на Општина Свети Николе

Sase Ivanovski

Петар Богојески: Лице со антиевропски ставови на чело на Агенцијата за европски програми

Sase Ivanovski

Приведен струмичанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Преку Поврзување региони до чиста животна средина

Sase Ivanovski

Конески: Владата работи во интерес на младите, го подобрува младинскиот стандард и можностите за успех во општеството

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници

Sase Ivanovski

Нема грешка со царините на Трамп, туку поинаква методологија

Sase Ivanovski

Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934 – 1997)“

Sase Ivanovski

Шест лица загинаа откако хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк

Sase Ivanovski

Кина возвраќа на зголемувањето на тарифите од Трамп, зголемувајќи ги давачките на американските стоки на 125 отсто

Sase Ivanovski

Општината Охрид да ги спроведе законите и да не дозволи хотел во Горица, бараат 24 граѓански организации

Sase Ivanovski

Во Бутел 1 вандализирана нова неотворена детска градинка

Sase Ivanovski

Ако имате нешто за поправање, појдете во центарот за поправки „Ништо ново“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се градат нови автопати, експресни патишта, модерни коридори, Владата засилено работи Македонија да има модерна и функционална инфраструктура, со цел подобрување на животот на граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај

Sase Ivanovski

Дезинформации за ритуални принесувања на човечки жртви по пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Влада: Инвестираме во животната средина, 3,7 милиони евра за еколошки проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонскиот дизајнер Митко Апостолов направи нов вид на сложувалка во облик на коцка

Sase Ivanovski

Работен состанок на мрежата на директори на агенциите за животна средина во Европа

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пиунот на Заев, заедно профитираа од КОВИД кризата додека луѓето умираа

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Sase Ivanovski

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

Sase Ivanovski

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски сведочеше на денешното судско рочиште за двојното убиство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српски граѓански организации поднесоа кривична за тероризам заради инцидентот со звучен топ од 15. март

Sase Ivanovski

Трамп: Русија треба да се размрда

Sase Ivanovski

ФИРМАТА КОЈА ГРАДЕЈЌИ СРУШИ ЅИД НА СОСЕД ДОБИ 5 ДЕНА ДА ЈА САНИРА ШТЕТАТА Општината бара да се осигура стабилноста на оштетениот објект

Sase Ivanovski

Револуција во онкологијата: Достапен новиот лек кој го забавува напредувањето на неизлечивиот рак на дојка

Sase Ivanovski

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина: Се сретна со повредени припадници на воените служби

Sase Ivanovski

Ѓорчевски: Ако полицијата го бараше возилото на Панче, сега немаше да зборуваме за убиството на Вања

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зошто не можете да се оддалечите од нарцисоидна злоупотреба? (со Maia Ece Ergönenç)

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Кој ќе одговара што пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Sase Ivanovski

Скопјанец (39) е пронајден починат во неговиот дом

Sase Ivanovski

Пентагон: Ќе се намали непотребното трошење за 5,1 милијарди долари

Sase Ivanovski

Касами: Убеден сум дека ВРЕДИ и на локалните избори ќе оди заедно

Sase Ivanovski

Средба на историската комисија во Софија – разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение

Sase Ivanovski

17-годишник обил 18 шкафови на вработени на Онкологија

Sase Ivanovski

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел родителите одлучија децата да не ги пуштат на настава поради појавата на глувци

Sase Ivanovski

Во Белград вечерва се отвора за посетители Македонски културно-информативен центар

Sase Ivanovski

Јаневска за назначувањето на Богојески: Поставените директори треба да работат натпартиски и професионално

Sase Ivanovski

Пандов прави шоу и ги омаловажува колегите, реагира Независниот синдикат на полицијата

Sase Ivanovski

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава

Sase Ivanovski

Муртезани: Максимално сме посветени ВРЕДИ да опстои, вечер средба на лидерската четворка

Sase Ivanovski

Устата на Касами му е побрза од мозокот. Таравари за изјавата на Касами дека и да си оди АА е нула

Sase Ivanovski

Протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Паѓаат цените на горивата

Sase Ivanovski

Перински во Велес: Продолжува владината поддршка за урбани и функционални општини

Sase Ivanovski

Таравари: Не сум информиран за недостиг на лекови на онкологија

Sase Ivanovski

Како веднаш знаел дека е киднапирана, а и зошто баш ,,цитроенот” му паднал во очи, одговараше таткото на Вања

Sase Ivanovski

Узунов: Јас би предложил САД да ни ги качи царините за 330%, но да ги тргне тие 20% кон ЕУ

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежовска: Родовиот јаз и натаму е предизвик во светски рамки, но и во нашиот регион, вклучително и во македонската економија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ирена Кироска: Кога и дали воопшто, детската градинка „Бајка“ ќе биде пуштена во употреба?

Sase Ivanovski

Герасимовски: Преку едукативни и практични активности ја зголемуваме свеста кај учениците за безбедно учество во сообраќајот

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.

Sase Ivanovski

Костова: Именувањето на Петар Богојески е скандалозно и неприфатливо

Sase Ivanovski

Трајков: Европската финансиска поддршка е значајна за општините!

Sase Ivanovski

Таравари во посета во Општата болница во Гостивар: Промовирани обновените оддели и новите хируршки апарати

Sase Ivanovski

Лимани и Министерот Таравари инспектираа реконструкција на две улици во Гостивар

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски се обрати пред учениците во Меѓународното училиште „Мариф”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Од канцер-мафија до лажна загриженост-СДС на дело

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Три месеци без лек на Онкологија, бараме одговорност!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче беше фатен во “Крвави тендери” набавка вредна 35 милиони евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка

Sase Ivanovski

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените, а тоа води кон општествен просперитет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: ДПИ продолжува со надзор, до сега извршени 297 надзори во однос на исполнувањето на минимално техничките услови, издадени се 360 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3 милиони денари

Sase Ivanovski

“Мрежа за заштита од дискриминација”: Насилството, дискриминацијата и незнаењето во формалното образование се новото „нормално“ што го промовираат Владата, Парламентот и Претседателката на државата

Sase Ivanovski

Трипуновски од Ресен: Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат

Sase Ivanovski

МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании, средствата префрлени од Буџетот кон Развојната банка

Sase Ivanovski
Вчитувам....